Мислеше на Стив Бери? Или грешка сум? Зошто и двајцата пишуваат книги за историска фикција Еве мој предлог од Мишел Моран Мадам Тисо
Разговри со Бога (првата книга) од Нил Доналд Болш ја прочитав лани. Не ми остави некој огромен впечаток, искрено очекував повеќе од толку фалење на книгата. Ама во секој случај океј е, може да се извлече нешто корисно. Не знам колку би ти било од помош ама мене дефинитивно далеку подобра ми беше Е баш ме заболе од Марк Менсон. Таа е книгата шо ми помогна да расчистам некои дилеми во главата. Ти ја препорачувам
Во оваа книга-водич за самопомош, што дефинира една цела генерација, авторот, кој е суперѕвезда во блогерските кругови, не нè замајува со глупости од типот дека треба постојано да се обидуваме да бидеме „позитивни“, за навистина да станеме подобри и посреќни луѓе. Веќе со децении ни се сервира тезата дека позитивното мислење е она клучното што води кон среќен и исполнет живот. Но, Марк Менсон вели: „Море кој ја ’врти‘ позитивноста. Да бидеме искрени – нештата се зафркнати, но немаме друг избор освен да живееме со нив онакви какви што се“. На неговиот многу популарен блог на интернет, Менсон ниту ја бојадисува стварноста во розово, ниту ја заобиколува. Тој ги изложува работите токму онакви какви што се, што е една вистинска доза необработена, свежа и искрена вистина – нешто што денес навистина ни недостига. Менсон ја изнесува и ја брани тезата дека луѓето, според природата на работите, се суштества со свои мани и ограничувања. „Не може секој да биде исклучителен –општеството е сочинето од победници и губитници, а нешто од сето тоа ниту е фер, ниту, пак, е по твоја вина.“ Неговиот совет до нас е да си ги препознаеме и да ги спознаеме нашите ограничувања и да ги прифатиме – и дека токму тоа, вели тој, е вистинскиот извор на моќ со кој може да се стекнеме. Откако еднаш ќе ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности – откако ќе престанеме да бегаме и да ги избегнуваме болните вистини, туку ќе почнеме да се соочуваме со нив – дури тогаш можеме и да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста по кои трагаме толку очајно.
За машко предлог книга?(за мене) Некоја драма,мистерија. Последни што ги читав ми се "Крадачка на книги" и "Кодот на Да Винчи". Доста ми се книги од факултет и психологија за себе-надградба.
Читана ми е таа многу одамна, ама ќе ја имам во предвид, би можела да ја прочитам и по втор пат. Фала ти
Другите книги на Ден Браун, потоа може Стив Бери, Роберт Ладлам. Сите автори ги има во библиотеките, може и онлајн да се најдат.
Сите книги од Гортнер, одличен е. Џил Пол има книги за Романови, Тајната сопруга и Изгубената ќерка. Не се лоши, те тераат да читаш, ама онака не ми беа нешто мене. Бунтовната кралица од Мишел Моран е исто многу добра. Книгите од оваа авторка немаат утка, има по нешто за Египет, Индија, ама изборот е поголем ако си ги симнеш онлајн, немаат сè преведено кај нас. Невеста во Борџии од Џин Калогридис е исто супер, ама постаро издание е и тешко се наоѓа. Од библиотека ја зедов јас.
По ред се, да. Еве ти листа на линкот https://www.bookseriesinorder.com/chris-carter/ Не знам кои се преведени на македонски, ниту како се преведени, ги читам на англиски. Моментално ја читам The Night Stalker.
„Куќа без прозорци“ од Надија Хашими. Ова е книга за сите кои ги интересира животот на жените во Авганистан.
Не. Класици во глобала ми е жанр што го воведувам и ми е доста интересен. Немам скоро ништо прочитано. Ја има оваа во библиотека?
Да, ја има, одлична е, обавезно да ја прочиташ. И Добра земја од Перл Бак исто е must read, ја има и таа во библиотека.