Таа ја прочитав, и големиот Гетсби исто. Ама некако во библиотеката се форсираат само нови книги и тоа трилери. Ептен треба да начекаш добар класик да земеш пошто имаат по една копија На крај и ќе си купам.
Овие набројаниве би требало да ги имаат, јас од библиотека ги читав, стари изданија се. Ана Каренина, Одвеано од Виорот, од Хемингвеј За кого бијат камбаните, Франкенштајн од Мери Шели, има прекрасни класици, нешто дистописко ако сакаш, Животинска фарма, Господарот на мувите... Барај им во библиотека, ги имаат сигурно.
-Бели ноќи, Коцкар, Идиот, Злосторство и казна од Достоевски -Сликата на Доријан Греј од Оскар Вајл -1984 од Орвел -Скоро сите книги од Џејн Остин се преточени на филмското платно и одлично се доловени -Парфем. Приказната за еден убиец од Патрик Зискинд Класиците се ремек дела кого никого не остаават рамнодушен, што и да одбереш нема да погрешиш. лично многу ми се допаѓаат и книгите на Габриел Гарсија Маркез - Сто години самотија, Сеќавањата на моите тажни курви, 12 аџиски приказни, Љубов во време на колера
Го имам твојот број Мојот не баш совршен живот Анаис од Монмартр Љубовно романче Сосед од пеколот Нешто сино Сега за сега тие ми текнаа...
Ми треба книга што ќе ми го разбуди умот. Купив книги пред некое време на слепо ама воопшто не ми се допаѓаат. Конкретно првиот допир и последниот бакнеж, лош превод, наивна приказна, никаков психолошки тригер итн. Дајте препорака нешто да ме заинригира, возбуди, мозочно предизвика. Жанр не е важен.
Ќе препорачам книга која ја читав лани. „Последните денови на Ханс“ од Михајло Свидерски. Млад битолчанец, напишал роман за една од најпознатите светски личности. Нема да ви откривам за која, оти нема да ви е интересно. Сега читам некои странски романи, па тоа е толку лошо, и аматерски, читам, а не знам што читам, а на романот на Михајло уште долго ќе се сеќавам на некои реченици и сцени кои таму се опишани. Добро е тоа што се памти.
Jaс зајмувам од библиотека. Не верувам дека веќе ги има во продажба. И да имало веројатно се продадени.
Последно што ми остави впечаток се -Славејот и Ленинградска зима од К. Хана, а посебно Јас пред тебе од Џ. Мојес, толку плакано во живот немам а камоли на книга, мене ми беше претажна, толку се внесов во книгата, мислам дека трауми имам од оваа книга. Ако ви се верува читав по пола страна па правев пауза од последните 50 страни од што ми беше многу тажна. Прочитам пола страна па плачење, пак прочитам пак плачење, ја прочитав, една од најомилените ми е ама чесен збор не ја читам по втор пат оти на самата помисла имам мачнини во желудник. Откако ја прочитав барав рецензии за неа гледам и други плачеле на неа, оти бев убедена дека некоја фалинка имам
Сенката на ветрот, Играта на Ангелот од Зафон. Нешто што мора да се прочита. Ќе ми се заблагодарите после