Мене ми се читани и од сите 5 книги само првата ми беше добра. Другите што знам, некако ко викенд-романи, воопшто не ми се допаднаа и не би давала пари за нив искрено. Ако си во можност можеби би било подобро да ги земеш од библиотека па да видиш дали би ги купила понатака, можеби сепак ќе ти се допаднат ако го сакаш овој жанр. Освен ептен ако сакаш да си ги имаш дома за себе, тоа си е веќе друго.
Даблин и Шкотска мислам ги читав, љубовни се да ама еротски не. Па не дека би ги купила ( од библиотека ги читав )
Клетници од Виктор Иго, Армадејл од Вилки Колинс, Таида од Анатол Франс, Боговите се жедни - Анатол Франс, Приказна за двата града/Нашиот заеднички пријател/ Безлична куќа - Чарлс Дикенс, Браќа Карамазови од Достоевски, Егоист од Џорџ Мередит.
Ај тука, да не одам оф. Јас на англиски ја читам, можеби затоа потешко ми оди, малку и поинаков е и англискиот, постарински. А Хобитот и ЛотР ми се прочитани, ама па лесни се за читање, прекрасни се. Ја имам и Children of Hurin, и тоа веќе 11 години ја поседувам, ама не ја пипам додека не ја исчитам Силмарилион.
Spoiler: Книги Ова е она што јас го имам од Толкин и синот, тие 12 што се комплет (12тата не можев да ја најдам од истиот издавач) не сум ги прочитала. Сите што ми се прочитани, ми се супер. Стегни заби со Силмарилион, почетокот со Боговите е досаден, после иде интересното.
Ау, колку убаво изгледаат, богатство. Се стремам и јас еден ден да ја имам колекцијава. Ама прво терам со Силмарилион!
Ќе ја препорачам „Кобзар“ од украинскиот поет Тарас Шевченко. Мелодично, убаво, емотивно. Авторот бил затворан поради членување во украинско патриотско здружение и затоа што стиховите му биле „дрски“. Детството го поминал во сиромаштија, младоста во затвори и прогон. Одличен поет.
Уште една препорака на роман кој го читав пред два месеци. „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ од Игор Станојоски. Маестрално. Читливо. Убаво. Секој збор и секоја реченица е на свое место. Ете, да знаете дека и во Македонија има нешто вредно што треба да се прочита.
Здраво Знам дека може не е вистинската тема каде што треба да го поставам прашањето, но темата за е-книги ми се виде како слабо активна. Дали може да препорачате од каде може да купувам е-книги на македонски или српски јазик?
Слични ли се овие две? Втората ја имам прочитано и според неа би ти ги предложила: 1984 и Brave New World. Е сега, други книги со дистописка содржина, кои не се слични со Never Let Me Go, се и A Clockwork Orange (ти ја препорачувам, омилена книга што ја прочитав годинава) и Fahrenheit 451.
What the wind knows од Amy Harmon е со патување низ времето, исто и Outlander. A што се однесува до дистопии, предобра е Ready player one. Или да видиш дали ќе ти се допадне The handmaid's tale oд Маргарет Атвуд.
The handmaid's tale ја имам читано, а го имам гледано филмот Ready player one. What the wind knows звучи интересно, ќе ка побарам. Фала
Како се издава книга? Треба да се обратам кај издавачка куќа или? Некој што го знае процесот нека ми пише.