Еве книги што сум ги прочитала во последниве 3 месеци па вие одлучете се преубави се,секоја носи своја убавина и читливост: 1.Ако некогаш си ме сакал-Симона Винчи 2.Која е таа девојка?-Александра Потер 3.Однесувај се како дама, размислувај како маж - С.Харви и Д.Милнер 4.Бадем-Неџма 5.Ангус,танги и страсно бакнување 6.Фактор бивши-Андреа Семпл 7.Гол човек-Игор Џамбазов 8.Песто,паста храната на љубовта-Антоние Капела 9.Победникот е сам-Пауло Коелјо 10.Знаеш ли да чуваш тајна? - Софи Кинсела 11.Добри другарки,лоши шеми и градник на дување- 12.Времето на лалињата - Дебора Могах 13.Вештицата од Портабело-Пауло Коелјо 14.На реката Педра седев и плачев-Пауло Коелјо 15.Љубовта трае три години-Фредерик Бегбеде 16.Осаменоста на простите броеви-Паоло Џордано 17.Пиреј-Петре М. Андреевски 18.За мојата малечка - Тони Парсонс
Ја би ја препорачала: Сеќавање на моите тажни проститутки, мал роман. 90 годишен старец се заљубува првпат во својот живот. Многу убав роман, го препорачувам на сите.
Ви ги препорачувам сите книги од Dzeklin Vilson: 1.Вљубени девојки 2.Девојки излезени до доцна 3.Расплакани девојки 4.Девојки под притисок 5.Бакнеж Нема поубави книги
Незнам дали некој од вас ја спомна Мери Хигинс Кларк, има многу добри романи од неа како на пример "Крик во ноќта" нема да погрешите ако ја прочитате. ќе ве остави без сон "Самец во бракот" од Мирјам, за оние кои сакаат љубовни романи - постари се но вредат да се прочита нешто и од неа. Потоа Исповед од харемот, вистинска приказна за девојка од Белград на која и ветуваат работа во Рим, но ја носат во харем во Дубаи... Читајте, вреди секоја прочитана книга.
Не се на македонски но нема да погрешиш ако се потрудиш малку повеќе , има добри книги и добри автори ,провери sites.google.com/site/cicilendbiblioteka/ Margaret Clark-Dnevnik jedne narkomanke Ispovest iz harema Sidni Seldon Higgins Clark Mary Danielle Steel Agata Кristi
Ја прочитав целата тема и сум прилично разочарана Се едни исти книги се вртат во круг, де некои самопомагачки книжулиња де некои книги за самооткривање... Би ги препорачала Малинче - Лаура Ескивел Оскар и Госпоѓата во розев мантил Албанскиот краток расказ Роденденски приказни - Мураками Пошта - Буковски До последен здив - Раде Шербеџија Скитникот - Џибран ...
Шангај Бејби - многу добра книга за себепронаоѓањето, љубовта и страста, Брида - за она малце подуховното околу нас, Фактор Бивши - реална и комична, интересна книга, Страници за нашата љубов - преубава љубовна приказна според која има и филм .. Што и да прочитате нема да зажалите
Пауло Коелјо исто така има многу убави книги ,можеш нешто и од него да прочиташ доколку не си прочитала :Вероника реши да умре,11 минути,Алхемичарот,Заџир....итн...
Алхемичарот од Пауло Коелјо ми е читана уште од поодамна, два пати ја имам читано и книгата ме воодушеви, преубава е. Сега сакам да ја препорачам, затоа што пред малку го гледав Вил Смит гостин на некоја емисија и кажа дека омилена книга му е Алхемичарот и дека благодарение на таа книга успеал во животот, му дала самодоверба и волја за да го оствари тоа што го сака.
Роџена у леду- Нора Робертс, прееееубава женска книга Новела за сонот- Артур Шницлер, книга според која е снимен филмот Очи широко заворени
TheCandy880 иммаме ист вкус кога станува збор за книгите, прочитани ми се сите а една од најомилените ми е За мојата малечка толку добра книга , што многу ми е жал што ми ја изгубија. Пиреј исто така добра македонска книга, Времето на лалињата прекрасна книга А од Пауло КОелјо едноставно сум фасцинирана сите книги ми се прочитани, последна ја читав Победникот е сам значи никогаш нема да има книга што не вреди, капа му слимнувам на човекот
И јас го прпорачувам, тажно но вистинито, само колку е сурова реалноста на жената бедничка шо се нема да напарави за пар. Најтажно ми беше за девојката која беше невина 514 жени со кои сум бил барем еднаш Двајцата родители починати, ерген без иднина, просечен новинар. „Во моите деведесетти години одлучив да си подарам себеси љубовна ноќ со млада девица.“
Срцко штом имаме сличен вкус за книги тогаш топло ти ја препорачувам "Слободна како ветер"-Мари Луиз Фишер,денес ја зедов од библиотеката но прексрасна книга е