Не знаев во која тема да прашам па тука некако ми беше прв избор, ако не е соодветно, преместете. Дали некој порачувал книги од kiwi.mk ? Пробав вчера да нарачам, имаат опција само онлајн плаќање, им ги читав условите за плаќање и по некое време страната не им беше повеќе достапна, цел ден не ми отвараше.. Ме интересира дали некој порачувал и дали имал сличен проблем? Благодарам.
Тегли и Прозорецот од Јордан Коцевски, книгите на Ирса, посебно Те паметам, книгите на Картер, особено Злотвор
Дали некој го има прочитано серијалот Бриџертон? Моментално ја читам втората книга и навистина многу ми се допаѓа, многу е убаво напишана. Сега сакам да ги прочитам и останатите...
Сите 4 од Бронзениот коњаник, од Паулина Сајмонс. Првите две се викаат така, Бронзениот коњаник (книга прва и книга втора), вторите две се Татјана и Александар (Мостот до светиот крст и Втората Америка). До сега не сум била вака заљубена во книги. Едвај чекам да ја преведат и 5тата, за да го знам крајот. Топло препорачувам.
„Карма“ од Садгуру има елементи на езотерија. „Шест упанишади“ исто види ја. Во Магор ги имаше „Грчки магиски папируси“, две книги се ама нема нешто што може да се собере од книгиве, буквално се преписи, преводи од папируси само...онака, како инфомација да се прочита. Не сум баш во тек што има друго преведено од нашиве, ама изборот е ептен голем кај книгите на српски. Повеќето ги има во Матица, Esotheria се вика издавачката куќа. „Буџење у 5Д“ (Морин...некако беше авторката, не ја дочитав оваа), „Матрикс душе“ беше интересна, Варда Хаселман е авторката. Разлистај им го сајтот на Матица, ќе ископаш сигурно нешто што ќе ти фати око.
„Лекции по хемија“ од Бони Гармус. Баш е лесна за читање, но не е тралалајка, има фин тек и опфаќа одлични теми.
Да од таму купив последно. Има избор, и некогаш добри попусти. Ама мислам сепак скапи се, не би да купам без препорака.
Разгледај на сајтот на издавачов, esotheria.rs Барем има кратка содржина за книгите и поделени им се по категории па можеш да пребараш за нешто што конкретно те интересира. Исто можеш да прашаш во Топер, они мислам едно време правеа и нарачки од српскиве издавачи, па ако нема нешто во моментов, можеби ќе можат да ти нарачаат. Да разгледам што имаме по дома од овие книги, ќе ти кажам ако се сетам на уште нешто.
Благодарам. Знам за тој сајт. Редовно гњавам познаници кои патуваат накај Србија. За Топер не знаев дека нудат таква опција. Моментално имам купено повеќе, ама тој список е за во друга тема.
"Алхемичарот" од Пауло Коелјо. Лесно книгиче за читање, а не е ни многу голема (200 страници). Ја имам прочитано за една вечер, книга што се чита во еден здив речено.
Во мојата домашна библиотека имам многу книги што ги немам прочитано. Сега имам малку послободно време па размислувам да почнам една од овие: Оркански височини или Гордост и предрасуди?
Омилена ми е. Не знам колку пати ја имам читано, ако прашуваш за мислење, книгата е одлична. Ако си љубител на историска фикција, тогаш ќе ти се допадне.