„Жената со црвена коса“ од Орхан Памук. Интригантна, се чита во еден здив, едноставен стил, вреди да се прочита.
Ми треба препорака за книга за баба ми. И купувам скоро секој месец по една и веќе останувам без идеја. Сака историски/драма/романса/класици/општо фикција, ама да не се премногу тажни . Мислам дека повеќето од сакам книги и култура во овој стил и ги имам купено и последно и ја купив Долга реса крај морето.
Од Елиф Шафак земи некоја, сигурно ќе ѝ се допаднат книгиве. Ја фалат „40 правила на љубовта“ па можеш неа да ја видиш, или мои препораки би биле „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“ и „Островот на исчезнатите дрвја“ ако не ѝ се читани. Кога сум веќе кај книги издадени од ТРИ, ѕирни ја „Лекции по хемија“ од Бони Гармус. Исто, книгите на Барбара О'Нил - „Кога верувавме во сирени“ и „Уметноста на наследување тајни.“ Штом сака драми, овие би требало да ѝ се допаднат.
Заборавив да кажам и од Шафак ги има сите (safe choice ми се секогаш) а Лекции по Хемија само што ја завршив јас на англиски, не размислив воопшто дека е grandma safe, добра идеја Фала за предлозите
Што сака да чита? Омилени писатели? Последни три прочитани книги? Јас би рекла Богат татко сиромашен татко. Или пак Разговори со Бога... Марк Менсон : Е баш ме заболе, и Се е заебано... А можеби и нешто од Фицек, или Мураками....
Не. Не можев да ја најдам во мојата библиотека. Видов дека е пообемна. Ако можеш да ја најдеш, читај, не верувам дека промашил.
Здраво, дали сте прочитале некоја книга од наведените ? 1. Ти треба само љубов - Мари Форс 2. Мајката на оризот - Рани Маника 3. Мостот на Клеј - Маркус Засук 4. Куќата на орхидеите - Лусинда Рајли 5. Незаборав - Алисон Ричман 6. Госпоѓицата Коко и мирисот на љубовта - Мишел Марли 7. Доаѓа сонцето - Мари Форс Препорачајте, кои според вас се најдобри. Благодарам однапред.
Ги имам читано „Куќата на орхидеите“ и „Мајката на оризот.“ Орхидеите не ми се допадна, ама ако ја читаш Лусинда и ако сакаш книги од тој тип, би требало да ти се допадне. Читана ми е и „Мајката на оризот“ и секоја препорака за неа, книгата е одлична. Дури и повеќе од одлична. Многу, многу ми се допадна и мислам дека ептен ќе им легне на сите кои сакаат семејни саги. Ја имам и „Мостот на Клеј,“ ама не ми е прочитана.
Јас ја имам Незаборав, и не ми беше нешто посбено, дури на моменти по малку здодевно... Не би ти ја препорачала
Препорачајте ми пократка книга или раскази, немам време за поголеми, се губи убавината на книгата кога ја сецкам