Сега ја читам "Кога телото вели не" , па не сум нешто воодушевена, можеби дека зборува повеќе за болести.
Сакам да читам книга на тематика околу модниот свет, како ликот постанува модел, целиот тој свет.. Ве молам ако знаете било каква книга со такви тематики препорачајте
Препорачајте ми убави суштински романи, современа литература. Сакам убав заплет, неизвесност, а сепак со убава порака. Не лимонада или од овие за самопомош. Тие за самопомош само ги редам дома, и им давам шанса, ама многу ми се досадни за читање. Нема заплет, нема динамика... и од средина да почнеш да читаш, исто ти е. Фала ви
Било кој од романите на Димковска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, нешто од Оливера Ќорвезироска, Влада Урошевиќ има одлични романи, што и да земеш од нив нема да згрешиш. Тоа од домашна литература имам да препорачам
Од модерна литература би ти го препорачала Фредрик Бакман и Ирвин Јалом. Првиот е полајт, приказните му се топли, инспиративни, интересни. Вториот е потежок, пишува психолошки романи. Од македонска литература би го препорачала Венко Андоновски.
Читате некоја на boksy? Би сакала препорака за добра драма или трилер. Од тоа што видов дека имаат не ми остана нешто во око.
Ми треба предлог која книга да и ја земам на мајка ми, има прочитано тон и не сакам дупла да и земам. Нешто ново за да бидам сигурна дека ја нема?
Леле не знам, ретко читам, еве и ја библиотеката. Spoiler Ако ми помогнеш многу ќе ми значи Може и повеќе ако имаш повеќе предлози, нонстоп е со книга.
Мали црни лаги не ја забележав, провери дали ја има... Видов дека чита од се по нешто, ама трилери најмногу. Од Гијом Мисо побарај ги Девојката од Бруклин, Дали ме чекаш и Англиски повик. Исто така не ја забележав од Терапија од Себастијан Фицек.... Види, провери овие што ти ги предложив дали ги има има мајка ти во библиотеката, ако ги нема тие можеш да и ги подариш.... Ако ги има ќе најдиме други
Од Елиф Шафак не гледам да има нешто, а штом ја читала Надија Хашими, секако ќе и се допадне и Елиф. Ѕирни ја Островот на исчезнатите дрвја, Копилето од Истанбул, Чест. Првата е најнова, не ја гледам во колекцијата па можеш со неа да идеш. Можеш и Пачинко да и ја земеш, Мин Чин Ли мислам беше авторката. Во ТРИ ги има сите овие, нивни изданија се. Од Матица можеш Улица Каталин од Магда Сабо. Неодамна излезе, голема е веројатноста да ја нема читано.
Фала ви девојки, баш убаво ќе прегледам кои ги нема, иако зема и од библиотека се надевам нема баш иста да погодам
Gledam ja nema novata od Rajli Atlas,prikaznata na tate Solt Nikade bez kerka mi Poslednite casovi od Jelena Bacic