Ќе и ги земам Терапија, Островот на исчезнатите дрвја и уште една да видам која ја нема очите ми паднаа од барање по полици, останатите предлози ќе останат за следна прилика. Мали црни лаги, Дете 44 и Никаде без ќерка ми ги има. Пронајдов едни скриени во шкафче сигурно чекаат за читање Фала уште еднаш на сите
Интересни книги кои ќе ви го задржат вниманието, хаха нема да сакате да ја оставите додека не дознаете што ќњ се случи. Препорака од мене, немаат премногу ликови, не се хаотични и досадни,не се тешка за читање, напротив интересни и тажни приказни кои те вовлекуваат тотално во зборовите на писателката…
Препорака за хорор? Не трилер, баш хорор, нешто од типот на Егзорцист, со демони, духови, паранормални ствари?
Препорачајте некоја книга во стилот на Солзите на Афродита, дејство во Грција Таа беше преинтересна, многу живо опишана Грција
Викторија Хислоп има книги со дејство во Грција, можеш да видиш дали нешто од неа ќе ти фати око. „Островот“ (многу старо издание на ТРИ), „Враќањето“ (Матица) и „Тие што се сакани“ е прилично нова и ја има во Топер.
Здраво, дали некој знае каде може да ги има книгите на Џим Рон? Прашав во Феникс они ги носеле тука али веќе немало да ги добијат.
Знам само дека е преведена Сè што останува и таа книга е трет дел од серијалот Кеј Скарпета. Многу старо издание на Панили е, веројатно може да се најде само на старо.
Во рок од 24 часа ја завршив “Седумте мажи на Евелин Хуго“ и СУМ ВО ШОК. Книгава ја препорачувам на кој и да ме праша. Нешто подобро оддамна не сум читала.
Оваа е една од ретките книги кои ме натерале да леам солзи на секоја страница. 10/10. Омилена, засекогаш
Земав Boksy бидејќи може со размена од А1 сеф (секогаш е преполн, не го трошам воопшто) и во суштина мислам дека е одлична идеја, вака накратко читав и лично ми се допаѓа. Единствен проблем што јас го гледам во сето ова е што сепак станува збор за апликација за телефон/таблет, што значи читање на телефон/таблет. Мојот телефон е голем доста (Note20U) и не знам како би било на помал екран, таблет немам. Со eye comfort shield пак некако не е доволно comfort, можеби затоа што Киндл воопшто не замара, не знам. Искрено одлична идеја е, не читав нешто многу, единствено ми е тоа прашање за изводливоста и реално удобноста при читање на телефон/таблет. Можеби поновите модели имаат поефикасен начин, посебно таблетите ако се користат во некој reading mode, ако некоја користи така нека каже Апликацијата си е ок, памти до каде си, лесно е за навигација, има наслови на англиски и македонски.