Како оди тоа размената, наместо претплата во пари, да размениш 70GB нет за да ја користиш Boksy? Гледам размената има валидност 30 дена, значи тоа можеш кога сакаш да го активираш и после кога ќе истече, ако сакаш активираш пак, ако не сакаш, немаш веќе простап за користење на Boksy? И најважно, дали апликацијата нуди добри книги?
После неколку дена, вака: - Колку што знам кога ќе истече, тоа е тоа, можеш да се претплатиш или пак да менуваш ГБ за нови 30 дена; - Апликацијата знае да КОЧИ и тоа многу! - Преголем дел се аудио книги, македонски превод и не се толку многу, а и ептен е ограничен изборот; - Ако сакаш класици, колку што видов тоа има најмногу; - Последна забелешка - памти до каде си со читање, ама не ги памти поставките (на пример дека сакам sepia да е, се рефрешира на стандардно бело) Лично ако на некој му е да чита на македонски, ќе се најде по нешто, има доста од македонски автори, меѓутоа ако е некој ок со читање на англиски/српски/хрватски, нема некоја вредност апликацијава. Киндл апликацијата за телефон е подобра (со тоа што нели, си купуваш книги или пиратски си ставаш). Ова е само со неколку дена ограничено користење, вреди да ја пробаш за 70ГБ ако ги имаш отповеќе (мене со месеци ми е полн сефот и едноставно не ни почнувам да трошам) затоа не ми беше проблем да ги ризикувам 70ГБ.
- Мишел Моран (Бунтовна кралица, Мадам Тисо) - Џин Калогридис (Невеста во Борџии, Јас Мона Лиза) - Џоди Пико (Раскажувачката, Заедно) - Дороти Кумсон (Колачиња за појадок, Ќерката на мојата најдобра другарка) - Џоџо Мојес (Ти подарувам ѕвезди, трилогијата Јас пред тебе) Овие се мошне слични, сигурно ќе ти се допаднат повеќето.
Ниту војна ниту мир, од Љупка Кочоска. Ја читам моментално и ја препорачувам, книга дневник за немирите и теророт во 2001 година. Да ја дочитам и ќе напишам рецензија.
Ве молам препорака за добар трилер сега што е доста читан? Ми треба за поклон за 8ми март, а малку сум надвор од се' и не ми текнува...
Здраво, да те прашам како се активира бокси со а1 сефот? И колку треба да имаш не искористен интернет? Ја симан апликацијата ама не се снаоѓам. Фала
Pred taa da iscezne,knigite od Alisa Fini,knigite na Tes Gerisen,i sega ja citam Kukjnata pomosnicka. Kris Karter ,Ficek,Irsa...
Во Академска книга ги има сите делови на англиски. И сигурно ја има и во Топер на српски. Не е преведена на македонски, бар колку што знам.
Не знам што се случува со мене, ама веќе година дена немам концентрација за книги читање, а барем една неделно читав претходно. Многу се нервирам што е така, имам неколку започнато и ги оставам така, а јас претходно никогаш не оставав книга додека не дочитам. Овие година дена имам дупло обврски, ако не и тродупло од претходно, имам плус две нови хоби, ама мене книгата ми беше уживање. Сеуште си купувам постојано книги и надеж за желба за читање. Ви се случило ли некогаш ова? Дајте ми предлог некоја лимонада за читање, некоја која ќе ме насмее, да ми ја врати желбата за читање, ептен се нервирам што имам толку многу за читање а јас не можам да почнам..
На секој му се случило. Се нервирав како тебе, буквално ги оставав книгите на пола, а си идев дома со купена книга Еве пробај со "Јазикот на цвеќињата" последно неа ја читав и ми се допадна