И мене истото ми се случи, радосна кога купувам, а дома така ми стојат. И денес ја почнав The Housemaid (Куќната помошничка) и веќе сум при крај. Среќна и задоволна што конечно пак читам.
Не знам, ова прв пат ми се случува, јас си кратев од сон, за книга да читам, сега многу неубаво ми е вака, битно желбата за купување книги не ме напушта
Те разбирам многу добро, не знам дали е причината од многу обврски и мозокот е заморен….не знам стварно и јас прв пат се соочувам и долго трае ова. Минатата недела си купив 3 нови книги и купувам цело време. Ако ти се случи промена, кажи ми каде е лекот
Мислам дека нема некоја книга да ви помогне, тешко е да се погоди баш што ќе ве инспирира. Ставете си за цел да прочитате некоја помала книга, по 20 минути на ден со тајмер, додека не се вратите во форма. Некогаш читањето станува и навика. Можеби и со аудио книги ќе ви се врати жарот. Пробајте ги самоглас
Ако не ти се читани, која и да ја читаш нема да згрешиш: - Верити - Колин Хувер - Немата пациентка - Алекс Мајклидис
Не е ниту до книга, ниту до секојдневно читање, пробав секако, барем кај мене не е. Едноставно таков период што не ми задржуваше ништо внимание, пробав со се, секој ден земав по некоја книга, после 30 страни јас ја оставав. На почеток мислев до книгите е а јас ретко враќав на полица недочитана. Толку години само две имам оставено на пола. Оваа година не знам некој нечитачки период ме фати, само купував а не читав. Деновиве да не се подречам полека се враќам, барем мислам, денес прочитав една што е голем напредок. Јас и претходно една до две читав неделно, толку имам слободно време. Ама изминатава година бруки невидени дали 4,5 книги сум прочитала и тоа на сила. Можеби кај сите се случува по некогаш таков период, моментално и мајка ми се жали како не и оди читањето а таа чита многу повеќе од мене, ама секако повеќе време има. Да читам барем една неделно ќе бидам задоволна. Со читање се чувствувам исполнето, си наогам некој мир, се внесувам во нив и се исклучувам од се што ми руши мирот.
Тајната колиба на плажата мене ми е омилена од неа. Читани ми се скоро сите нејзини книги и оваа дефинитивно и е најдобра според мене. Дај им шанса на Сите цвеќиња во Париз, Темјанушки во март, Зима со мирис на капини. И имај предвид дека сите книги и се скроз по ист шаблон правени, па има шанси да ти бидат предвидливи и можеби не толку интересни.
Зима со мирис на капини е моја омилена од Сара Исто како Мишела над мене сите ми се читани ама ми се допаѓа начинот на пишување
Ja preporacuvam The Host, avtorot ne go pamtam. No samo originalot na angliski, bidejki mak verzija e skratena za edno 400 strani
"Девојката што ја наслика смртта" - Андреа Мирческа, јас ја зедов од Саем по препорака на другарка, и ја прочитав буквално за 24 саати. Деветнаесетгодишната Јулија го напушта родниот Охрид и заминува на студии на Академијата за уметности во Загреб. Цимерката Филипа ја пријавува да учествува на изложба на нови, млади сликари, каде што го запознава студентот на архитектура Адам. На површина испливуваат мрачни тајни од комплексното минато на Јулија што силно ја разнишуваат нејзината романса со Адам. Предавства, сексуално малтретирање, убиства, нарушено ментално здравје... се само дел од низата предизвици со кои се соочуваат таа и другите ликови во овој роман. Ќе успее ли Јулија да ги собере и одново да ги состави скршените делови од себе и од своите блиски и да се избори за љубовта на својот живот?
Многу е добра. Раскажана е од повеќе перспективи на неколку ликови во прво лице, најинтересно е што ја има и перспективата на the bad guy
Препорачајте ми книга, некое поново издание, за подарок ми е. Пријателката има мн книги, за тоа барам нешто поново помала е веројатноста дупликат да погодам. Може трилер, романса, драма...
Мене сите ми се омилени, најубава ми е тајната колиба, кога видам книга од неа што ја немам веднаш купувам, со мерак ги читам.