Не, побарај книга од дипломиран психолог/ психотерапевт. Истражи ги авторите, вака е книга од некој што направил малку пари и сега продава памет со лоша литература
Јас, не би ти ја препорачал. Иако е „класична книга“ за самопомош, никое од тврдењата на книгава не се научно докажани... Потсвеста не можеш да ја контролираш - цела дебата има дали постои, и што е потсвест (цела историја на психологија/филозофија), немаш пристап до неа генерално, т.е. до некое биохемиско ниво на невронски конекции (да ја дефинирам потсвесна кневрокогнитивно )- но, можеш да влијаеш врз навиките, со напор и конзистетно, и низ нови искуства. Земи која било книга за когнитивно-бихејвиорална терапија, би ти била покорисна, според мене, да нагласам.
Здраво, уживам да читам книги (трилери, психолошки трилери, хорори), но сега за летово барам некоја онака лесна, интересна романса за читање на плажа па ако може предлог?
„Јас и Ти“ од Кристан Хигинс, преслатка книга. Во Сакам Книги треба да ја има, нивно издание е. Други што можеш да ги ѕирнеш: „Едно лето во Италија“ од Ребека Серл „Танцувај со мене“ од Сузан Елизабет Филипс „Совршена недомаќинка“ од Софи Кинсела „Тајната колиба на плажата“ од Сара Џио Серијалот Бриџертонс од Џулија Квин исто не е лош, ако сакаш чик-лит ко историска романса.
Ја читал некој "Sapiens: A Brief History of Humankind"? Вреди ли хајпот од пред некоја година? Се двоумам дали да ја почнувам на англиски, би ми одземала пола лето, како ништо.
Прво знам дека сум оф топик и се извинувам.Ми треба помош за една книга како се викаше.Човек на некој настан кивнал во друг човек и постојано му се извинувал почнал и да го следи да му се извинува и на крајот умрел извинувајќи се, само ова ми остана во сеќавање од средно а би сакала повторно да ја читам само заборавив како се вика. Дали некој знае која книга е според ова малку што објаснав? . .
Тоа е еден расказ од Чехов. Имав книга одбрани раскази од Антон П. Чехов ако ја најдам ќе ти кажам кој расказ точно е.
Малку покасно пишувам, ама да вреди хајпот. Откако ќе ја прочиташ продолжи и со Хомо деус и 21 лекција за 21 век. Пред некое време видов дека наскоро авторов ќе издаде и четврта книга, искрено едвај чекам да ја прочитам и таа.
Препорачајте ми книги маестрални како Мајсторот и Маргарита од Булгаков, ниту една книга што ја прочитав потоа не ми е ни приближно добра, буквално Мајсторот и Маргарита па 10места празно.
Здраво. Препорачајте ми книга каде што има психологија, нешто мотивирачко и поучно. Не читам книги но препорачано ми е од психолог да ми се тргне таа депресија што ја има во мене да бистрам мисли додека читам
Сите од Лусинда Рајли, птиците умираат пеејќи, грофот од Монте Христо, Хурем.. Тие успеав да ги видам дома со окулу толку страни. Сите се прекрасни