За оваа книга се мислев дали да ја земам, ама речшив да ја оставам за следниот пат. Значи треба да ја земам хмм? Библиотекарка не знаеше да ми каже ништо за книгава, па се премислив.
Ако си љубител на италија, гурмани и ако сакаш да читаш романтични книги,земи ја ке уживаш во италијансаката кујна,љубовта и размислувањата на една девојка... Како и да е, дејствието се дешава во Италија (Рим) и збори за една девојка (американка) што после толку состаноци со дечковци доаѓа до единствено решение - отсега па натаму нејзиното внимание може да го има секој оној што знае да подготвува прекрасни јадења. Го запознава Томасо, типот од ресторанот кој сакајќи да го привлече нејзиното внимание се претставува како готвач “парекселанс“. Но тој е само обичен келнер. Тука му доаѓа на помош неговиот најдобар другар Бруно кој е еден од мајсторите на готвењето...и понатаму да не ти откривам ке си читнеш сама доколку ја земеш книгата
Јас би препорачала било која книга од Спаркс зашто сите му се преубави a посебно ''Чекори за сеќавање'',''TheNotebook'',''Dear John'',''Порака во шише''....Потоа од Jean Sasson ''Принцезата Султана''(3 дела) многу интересни книги за животот на жените во Саудиска Арабија,И секако книга што секогас ја препорацувам мене ме воодушеви ''Папата Јована''
^ често во библиотеката ја срекавам на рафтовите 'Папата Јована'' ..може да ми кажеш што книга е..каква е од прилика содражината ?
Може некој да ми препорача некое лесно книжуле за читање, така за мојата возраст - еве за 14 години, нешто слично како Message in a bottle, P.S I love you итн. Може да бидат и англиски. Пуцајте
Отприлика се работи девојка која успеала да стане папа пркикривајки дека е девојка секако,се смета дека вистина се случило ама сите докази се уништени....процитај ја многу е интересна позз
Се работи за првата папа жена која се преправа дека е машко. Мн убава книга околу 600 страни ама нема да можеш да престанеш да ја читаш. Исто така има и филм според книгата, но сепак книгата е многу поубава. Реална приказна е , пишувана според постоечки документи. нема да зажалиш прочитај ја
Папата Јована била првата жена на папскиот престол и владеела две години, но сите докази за нејзиното владеење се уништени, бидејќи била жена. Книгата го опишува нејзиниот живот уште како девојче, нејзината љубов кон книгите и учењето и што се прави за да стигне до титулата Папа. Оваа книга е една од моите омилени и топло ти ја препорачувам. Сметам дека е штета едно вакво ремек дело да не биде прочитано
Ја дочитав Ќерката на Магда од Кетрин Колиер и бидејќи ме маѓепса редно е и да ви ја препорачам Дејството се случува во шеесетите години и опфаќа тема од поствоениот период. По смртта на мајка си, Хелена се враќа во Полска, која е комунистичка земја, да ја погребе си во гробот на татко и, меѓутоа таму се соочува со низа шокантни откритија за себе и за своето потекло. Обидувајќи се повторно да се пронајде себеси, Хелена ја наоѓа својата вистинска мајка и дознава дека таа доброволно се откажала од неа. Меѓутоа, кои се причините за ова? Кој и е татко? Дали е плод на љубов или на насилство и омраза? Книгата е исплетена со мистерии, ликовите се толку живописни што ви се врежуваат во срце долго по прочитувањето на книгата. Сите што сакаат семејни, мистериозни, книги што ја опфаќаат тематиката од Втората светска војна, треба да ја прочитаат книгава
Моментално читам... Mes cheres etudes. - Laura D. Книгава е прекрасна. Им ја препорачувам на сите што знаат француски да ја прочитаат (ја има во ФКЦ) а ако ја најдам со мкд наслов ке ве исвестам. имено книгава е за вистинска приказна за девојка, студент во Франција која немајки како да преживее (буквално нема што да јаде) се впушта во проституција..
Доаѓам по тебе и те водам со себе - Николо Аманити Искјано Скало е едно малечко провинцијалистичко градче во Италија, место во кое си ценет само ако си успеал да се отселиш од него... Пијетро Морони е младо момче за кое животот не е лесен. На училиште постојано е на мета на локалните силеџии, а во домот тој е едноставно игнориран. Единствена утеха му е другарката Глорија, таа е неговата карпа. Грацијано Биља е локалната легенда, фламенко музичар кој после долго време откако го прошетал светот, уживал во неговите славни пет минути, исцрпен од дрога, секс, лудувања и фламенко, со скршено срце се враќа дома. Пијетро е приморан да учествува на вандалскиот чин – провала во училишната зграда и изживување на учичишниот инвентар... И тогаш сè тргнува надолу! Флора е професорката на Пијетро, убава и невина, исцрпена од постојаната нега за мајка ѝ. И како секогаш бива, никогаш не ја искусила љубовта и паѓа на локалниот фраер Грацијано... Трагедијата се чувствува во воздухот, напнатоста може да се сече со нож!
Храна на љубовта - Ентони Капела ...не ја пишав препоракава за книгава горе со другата книга за дабиде почитливо ... Ова е една интересна и забавна книга, и на читателот му овозможува целосно уживање и опуштање. Дејството се случува во Рим и преку оваа книга целосно е пренесен волшебниот дух на Италија и на нивната фантастична кујна. Преку вкусот на храната се испреплетени животите на трите главни ликови во оваа неверојатна приказна. Лора Патерсон - студира историја на уметност во Рим и одлучува дека отсега па натаму ќе излегува само со мажи кои знаат да готват. Томасо Маси - привлечен и слаткоречлив кој на Лора и се претставува како готвач во еден од најдобрите италијански ресторани, а всушност тој е само еден обичен келнер. Бруно - најдобриот другар на Томасо кој е вистинскиот готвач и тоа еден од најдобрите во Рим е повикан на помош за да подготвува вкусни јадења за Лора, но сето тоа го прави во името на Томасо. Кога и тој ќе се вљуби во Лора започнува заплетот во книгата. За крај ќе ја напишам само критиката на Џејми Оливер: "Фантастична приказна, речиси може да ја вкусите прекрасната италијанска храна".
Љубовта трае три години – Фредерик Бегбеде Љубовта трае три години е светски бестселер, вистинска литературна ѕвезда во која се надѕира личното книжевно писмо на авторот Фредерик Бегбеде - роман кој ќе го прослави и надвор од границите на Франција. Романот Љубовта трае три години е величенствена катастрофа, единственото програмирано исчекување, единствената прекрасна несреќа од која се бара репете одново и одново. Авторот вели: Љубовта e однапред изгубена битка. На почетокот сѐ е прекрасно дури и не можете да си дојдете на себе си од чудото дека сте толку вљубени. Секој ден носи лесен товар чуда... Во првата година - се оженувате што е можно побрзо... Во втората година – работите почнуваат да се менуваат. Водите љубов сѐ поретко и поретко и верувате дека тоа не е ништо страшно. Во третата година – веќе не се спречувате да гледате свежи госпоѓици кои ја осветлуваат улицата. Со сопругата повеќе не разговарате, поминувате часови и часови со неа во ресторанот слушајќи што се зборува на соседната маса ... ... дали навистина љубовта трае три години ?!
Доаѓам по тебе и те водам со себе ми е една од омилените. Николо Аманити едноставно го обожавам и од него имам се прочитано. И топло го препорачувам