Eee milo mi e sto uspeav da preporacam nesto sto mene epten mi se dopadnalo.Se nadevam ke ti se dopadnat i tebe.
Ве молам препорачајте книга, најпожелно е да е онлајн, ама може и во хартиена форма. Нешто трилер, драма. Такво нешто. Не ми се гледа више Нетфликс збеснав
Вероника реши да умре. П. Коелјо Пациентот Терапија Месечарот. С. Фицек Оксфордски убиства. Ваби Саби Девојката од соседството На дел не им ги памтам авторите, но прогуглајте.
Ако би можеле да препорачате само по една книга од следниве категории (трилер, класици, книга на англиски лесна за читање без разлика на категоријата) кои книги би биле тоа?
Трилер - И не остана ниту еден од Агата Кристи Класикa - Клетници од Виктор Иго Последна на англиски ја читав Atomic Habits, таа е би рекла полесна за читање. Тешко е да се избере по едно дело само, но ете што прво ми падна на памет.
Трилер: Немата пациентка - Алекс Мајклидис Класик: Љубена - Тони Морисон Книга на англиски: Small Great Things - Jodi Picoult
Трилер - „Девојката во возот“ од Пола Х. интересен и напнат стил со многу пресврти, совршен за трилер љубители. Класици - „Гордост и предрасуди“ од Џејн О. лесна е за читање, а полна со емоции. Англиски - „The Alchemist“ од Пауло К. едноставна е и инспиративна,мислам идеална за некој што почнува со англиски книги, Мада ја има и на македонски мислам.
Званично си ги порачав сите книги од Фрида Мек Фаден и од Себастијан Фитзек, ги има на попуст во Сакам книги. Готово, заразена сум со овие луѓе. Додека да ми стигнат ја читам „Верити“ од Колин Хувер, исто така многу добар трилер. Кажувајте следни автори во овој жанр
Моментално најскромниот лик што заслужил да биде експониран повеќе (со оглед на тоа што години наназад си пишува од душа и не премина во купот ,,штампање" без осет). Мислам дека останува повеќе во позадина, другиве издавачки куќи треба да го преземат без извинување. Не го добива заслуженото внимание.
Делам мислење. Кај нас се пробиваат тие што прават врева, што се експонираат по социјалните мрежи. Јосип е талентиран, и кај него нема промашување. Издржано до последен стих. Еве јас го ценам. А има луѓе што штанцаат, имаат само 35 песни, ги делат во 7 поглавја, па ставаат две рецензии за да скрпат книга и потоа навредуваат се живо и диво по социјални мрежи и пуштаат вести по медиуми дека се преведени на пример, на монголски, кинески, итн, а тоа во суштина значи дека во некој зборник им превеле една, две песни. Се знае што е превод, препев, кога цела книга е преведена на некој јазик. И Маџиров е исто талентиран, ама тој веќе гради светска кариера. Сите што го хејтаат овдека, на СВП искезени се сликале со него. Лицемерие.
Е ова болдираново посебно. Па кога ќе почнат да редат каде сè се објавувани, човек ќе помисли дека си има работа со не знам каков сестран талент(?). Само нема кај нас кој да ги сече вака во корен. Шунд се повеќето, посекако.
Дечки, во потрага сум по книги за финансии па доколку имате предлог за некоја што ви оставила впечаток и од која сте научиле, би ви била благодарна да споделите.