Ако ти се чита нефикција на тема финансии, тогаш можеби овие ќе ти завршат работа: - Психологија на парите (Морган Хаусел) - Ти си ѕвер за правење пари (Џен Синсеро) - Богат татко, сиромав татко (Роберт Киосаки) - Парите или животот (двајца автори, не ми е при рака книгава да проверам) - Мисли и збогати се (Наполеон Хил) - Мала книга за разумно инвестирање (Џон К. Богл) - Најбогатиот човек на Вавилон (Џорџ С. Клејсон) Сите се изданија на ТРИ, освен Ти со ѕвер и Парите или животот. Тие две се изданија на Сакам Книги.
„Полиглот“ од Игор Станојоски. Навистина квалитетен автор и сите негови книги се поврзани со Украина, каде тој има работено и живеено.
Имам едно пташање.. дали по нашиве книжари има книги на други јазици? Пр. англиски или српски? Никад не сум забележала пошто секогаш идам со претходно спремен список на книги ама на македонски нормално.
Во Матица и Топер има книги на српски. Исто во Сакам Книги пред некое време имаше книги на хрватски, не сум сигурна дали сè уште се наоѓа по нешто. Книги на англиски има во книжарниците на Литература и во Академска книга.
Во секоја книжарница каде што има поголем избор на книги сум видела литература на англиски. А на српско-хрватски можеш и кај уличните продавачи да најдеш.
Кои книги би ми ги препорачале како вовед во поезија? Немам читано до сега, сакам да почнам. Да не биде нешто со претежок стил
Да, ако го читаш тој жанр воопшто нема да згрешиш. Според мене, најдобри од сѐ што имам читано до сега. Има и посебна тема за него, разгледај ја
Ако личноста на која сакаш да и ја подариш книгава го чита овој жанр (мотивациони, селф-хелп книги), мислам дека ќе биде полн погодок.
Здраво дали некој го има овој речник, дали вреди да се купи дали е добар преводот ? Моментално е на попуст во книжара maticа. https://matica.com.mk/product/ekonomski-i-deloven-matica/
-The Housemaid -The Housemaid’s Secret Двете се дел од истиот серијал. Слична тематика како Верити, во еден здив ги прочитав. Топло ти ги препорачувам.
А јас сум во потрага по два типа на книги: 1. Македонски книги со дејствие во Скопје, би преферирала понови да се. 2. Автор/книги од типот на Гијом Мисо. Би ви била благодарна ако ми препорачате некои наслови или автори.❤️
Кум - Саша Богдан, мислам има дејствие во Скопје (од она што прочитав на корицата, не ја имам читано).
Можеш да ги пробаш романите на Анде Јанков (Сигурен ризик, Само Бог Простува и Кобајаши Мару). Сите се со дејство во Скопје. Ако сакаш нешто слично на Гијом Мисо од домашен автор, пробај ги книгите на Јован Илиески.