Прочитани ми се златна. Имаш нешто друго вака да ти текне?Иначе Фрида ја обожавам и моментално само Фрида и Себастијан Фитцек ги читам.
Сега само што видов на Сакам Книги дека има нов наслов од Фрида МекФаден, на попуст им е: https://sakamknigi.mk/product/професорот/
Препорачајте ми книга за позитивно размислување и соочување со проблеми. Ги имам разлистано “Моќта на позитивното размислување“ и “Моќта на сегашниот момент“ (или така некако беше насловот), искрено не ми се допаднаа, првата пропагира некаква црква, а втората имаше прелош превод на македонски. Фала ви.
Сите твои совршености може да се каже дека е блиска доста. Проблеми во брак, ама допста поразлични од оние во Ова завршува со нас. Да бидам искрена, дури и повеќе ми се свиѓа Сите твои совршености, се исплакав навелико ама вредеше хаха. Сурова љубов ми е дефинитиво најубавата книга од Хувер. Можам да ја кажам и Љубовно Романче. Двајца автори и семејни драми..
„Шестарот на времето“ од Никола Маџиров. Забележувам дека има зборови кои многу често ги користи како прав, тишина, клучалка, сенка. Инаку, е еден од најдобрите европски поети, баш како што му пишале странските автори во коментарите на крајот од книгата. Сите што се промовираат преку пријатели, џабе им е, ни за 100 години нема да го стигнат по квалитет.
Два романи што можете да ги најдете во нашите библиотеки „Денот кога го изедовме Бога“ и „Ѕидање на сонцето“, од Гордана Јовиќ Стојковска. Морници ме полазија од сцени во двата романи. Вториот е за Косово.
Многу возбудливати кои други нејзини ги имаш читано? Можеш некоја да ми препорачаш јас сакам некој возбудлив трилер, нешто мистериозно во тој стил
Куќната помошничка и Тајната на куќната помошничка,Професорот и е врв исто така,Никогаш не лажи,Заклучената врата и Совршениот син-ама оваа и е премногу слаба-за мене лично.Значи овие се тие што се преведени кај нас.
Дали некој од вас ја читал,, Девојката со свеќа'' од Себастијан Фицек? Стварно ли е до толку морничава?