Ја прочитав @Annath во темата за саем за нашите македонски автори и сфатив дека често ги занемарувам нашите писатели - не затоа што нема квалитетни книги, туку напротив, имам прочитано неколку одлични дела. Затоа, ве молам, препорачајте ми книги од македонски автори што ви оставиле најдлабок впечаток
Исто. Освен во средно што ми беа лектири од македонски автори, вака да земам по избор книга од наш автор, скоро и да не памтам. А дефинитвно би сакала повеќе приоритет да и дадам на нашата литература. Така да, и јас би ценела добри препораки.
"Денот на црвот" од Симона Јованоска, мене ми беше преубава и ја препорачувам кај стигнам. "Одбројување" од Фросина Пармаковска, исто многу ми се допадна. "Очи со боја на чевли" од Петар Андоновски, краток роман, но одличен. Ми се допаѓа како пишува и Лидија Димковска, ги имам читано "Скриена камера" и "Кога заминав од Карл Либкнехт", постари изданија се и не знам дали се наоѓаат лесно, ама актуелни и' се "Но-Уи" и "Единствен матичен број", па можеш да ги погледнеш нив. Од Игор Ангелков се наоѓаат одлични книги, во моментов ја читам "Ветрилиште" и многу ми се допаѓа. Разлистај го сајтот на Или-Или, македонските автори што ги нудат тие ми се најблиску до тоа што јас лично го сакам, кога барам нешто домашно за читање. Еј, да. И "Диссомнии" од Игор Станојоски. Одлична книга, ја има на сајтот на Муза.
Ќерката на дрвосечачот од Наде Стоилкович ,книгата ме расплака ,ме насмеа и ме изненади а кога прочитав дека е по вистински настан ме шокираше.. Сукубус од Катерина Шошко.
Сега од саем ја земав „Разбудете го родителот во себе“ од препорака на инстаграм профилот Родители во акција. Искрено топла препорака за сите родители на форумот, поправило на мали дечиња. Преубави совети.
Предлог за книга слична на Меден месец(некој што ја читал знае) Сцените кои што ги замислував во главата толку ме насмеаа, барам некоја таква, последно време не ми задржува ништо внимание, а баш сакам нешто да ме насмее.
Слично пишува Кетрин Сентер, мислам дека Бата прес ја преведуваат. Ѕирни ја "Љубовта не гори во пожар", слатка книга е со солиден хумор. Имаат преведено уште една книга од неа, но не ми е читана ама претпоставувам нешто слично е на оваа другава. Од другиве не ми текнува, ѕирни дали ќе ти фати око некоја книга на Емили Хенри.
Книга: Тајната на куќната помошничка Оргинален наслов: The Housemaid’s Secret Автор: Фрида Мекфаден Издавачка куќа: Сакам Книги Број на страници: 331 Жанр: Психолошки трилер Оцена ⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️ Рецензија: Постојат книги што ги читаш со срцето, а не со очите. Книги што не ги прелистуваш, туку ги чувствуваш под кожата, тајната на куќната помошничка е токму такво дело, психолошки трилер кој не ти дозволува да здивнеш додека вистината не проговори… или не те уништи. ️ Домот како кафез На прв поглед, работата што Мили ја прифаќа изгледа едноставна: ново семејство, нова куќа, нов почеток.Но тишината што царува во домот не е мир, тоа е предупредување, дека злото спие насекаде. Зад забранета врата, се крие жена што никогаш не се појавува.Таа просторија никогаш не смее да се отвори. А токму таму почнува се. Фрида овој пат не раскажува приказна таа гради психолошки лавиринт каде што секоја соба е загатка, секој ѕид криe крик. Мили не е совршена, но е човечка. Погодена од сопственото минато, таа ги препознава сенките во другите. Таа гледа таму каде што другите одминуваат. И кога другите би побегнале, таа останува. Не затоа што е храбра, туку затоа што не може да се помири со молчење. Таа не се плаши од насилство, туку со она што се случува кога никој не гледа. Кога сите молчат. Кога злото носи костум и убаво лице. Низ нејзините очи ја гледаме болката на жените кои немаат глас. Ја чувствуваме тежината на изборот: да се вклучиш и да ризикуваш се, или да свртиш глава и да си заминеш? Мислење: Тајната на куќната помошничка ми беше многу подобра и полесна за читање од Куќната помошничка. Прекрасен трилер, кој држи внимание од првата до последната станица, топла препорака од мене.
дојдов да побарам друга книга но наидов на коментаров. Каде може да ја најдам книгата? Писател/издавачка куќа која е?
Ја има во Литература, автор е: Соња Китановска Кимовска Јас ја земав на саемот кога беше, искрено сега не знам како е со цена.