Јас искрено не ја познавам, но доста се истакнува од авторите што ги имам читано за деца. Се истакнува со тоа што ги има сопствените деца дадено како пример и нивните ситуации. Односно како она постапила и кој бил исходот. Не е како другите, теории и правила.
Некој да препорача книга што ќе ме извлече од reading slump? Имам две започнати, а недовршени, ниедна не ми се фаќа.
Ја земав девојката со свеќа на Фицек сега на саемот,предобра е,мислам мене ми се допаѓаат мистерии и психотрилери па ме воодушеви,те држи во неизвесност до самиот крај
Фала ти. Од Фицек само Терапија сум ја читала, се надевам ќе ми се допадне и оваа. Трилер е секогаш добра идеја.
Ќе ја препорачам Патување со љубената од Божин Павловски. Книгата е во повеќе дека, јас тоа што најдов го читав, третиот.
Дали некој ја читал Загубената љубов на Марија од Филип Петровски? Каде може да се најде во продажба и колку чини?
Добар ден, Сакам да прашам дали некој ја има “И одеднаш едно лето” -Џули Џејмс достапна за купување? Само таа ми фали од серијалот и би била пресреќна да ја најдам