Препорачајте ми некој добар трилер, нешто во стилот на Фицек? Ми се здосади од популарна психологија/мотивациони, да сменам малку.
Крис Картер, ако немаш читано ништо од него. Подобар е од Фицек, ама преводите кај нас не знам какви се.
Има, десетина книги се преведени ако не сум грешка. Јас во оригинал ги читав, на киндл. Ја купив Злотвор за потпис кога беше човекот кај нас.
Да ми препорачате некоја романса лесна за читање? Нешто во стилот на “Шефот од соништата” од Вај Киленд, многу ми се свиѓа таков стил за кога сакам мозокот да си го опуштам, романса, комедија и малце spice во едно. Би ви била благодарна.
Можеби овој Божиќ од Сара Морган, Божиќниот клуб на читатели, Прекрасна грешка од Вај Киленд исто, Луѓето кои ги среќаваме на одмор од Емили Хенри, Херој од Саманта Јанг, Книгољупци од Емили Хенри и Поканата од Вај Киленд
Среќата е онаму каде што си ти. Од Елизабет Хојт имаш неколку тие се серијал. Од Џули Џејмс сите се такви. Сосед од пеколот Од Памела Клер ми е читана точка на кулминација ама по описот сите се такви. Е сеа шефов јас го немам читано ама по описот тоа бараш
Една зима во Њујорк Експериментот вистинска љубов Книгољупци Со љубов од Лондон Херој Љубовна хипотеза Коефициент на љубовта Од жарјетп
Пред некое време во Стокомак имаше книги и еден наслов за миг ми го одзема вниманието...па и некоја цена околу 200 денари... Срцето на Гавранот од Кејт Бејтман,ја прочитав во еден здив и баш е онака лесна за читање.
Ми треба помош за наслов на книга. Постара книга е, ја имам читано пред 10тина години. Го опишува животот во социјалистичка Русија, преку животот на млада жена и маж. Почнува со тоа како се вработуваат во градот, па им даваат стан за самци од државата, ја опишува работата во фабриките. Па тие двајца се запознаа на некој пикник, почнаа врска Во меѓувреме со нивната врска се опишува и животот во социјализмот, како за млад брачен пар им доделуваат поголем стан, нешто така беше приказната. Ако му текнува на некој/има читано ваква книга нека ми пише. Претпоставувам дека е постар роман.
Хмм, ќе морам да ја прочитам. Го разгледав сижето на оваа од Черних, вика дека го опишува животот на три девојки а мене во паметење ми останала само врската меѓу главните ликови. Може јас само делумно се сеќавам. Фала ти во секој случај за препораката.
Ја имаше во кам, премногу лесна за читање, ја прочитав во една вечер, ама крајот! тотално недовршен. пишува дека има продолжение за кое што гуглав, но ништо не пронајдов дали некој знае за некакво продолжение од книгава ?