Продолжение е книгата со наслов "Животот е лесен, не грижи се" издадена од книжарница Три. За информација обрати се во книжарницата.
Сите книги помагаат во вокабуларот но сепак конкретно " Како да разговараш со секого". Ти ја препорачувам.
Дали некој можеби знае каде можам да ја најдам Комуникациски вештини во клиничка пракса (комуникација меѓу доктор и пациент)
Риба, рипче и @Alishan30 нова препорака Штотуку ја прочитав "Долга реса крај морето" - Изабел Аљенде, ме воодушеви, прекрасна од прва до последна страница. На моменти "гуглав" да проверам историски факти... Аљенде останува мој омилен автор
Историска фикција се нејзините книги? Читам позитивни рецензии, ги имам скоро сите симнато, само да почнам да ги читам.... Мислам дека ќе ми се допаднат оти го сакам тој жанр.
Да, историска фикција се.. Аљенде прекрасно ги сместува ликовите во историски настани, ке ти се допаднат
Ако сакаш романси да читаш, ги препорачувам овие две, многу се убави. Меѓутоа не знам дали се на попуст. https://www.literatura.mk/romansi-romani/140246-ova-leto-ke-bide-porazlicno https://www.literatura.mk/romansi-romani/140191-edno-zlatno-leto
Не е лоша Аби Хименез, чик-лит се книгите. „Париската библиотека“ е супер, историска драма раскажана од неколку POVs. Од нефикција дефинитивно „Нашиот луд мозок“, мене ми беше презабавна. Нешто по така дарк, „Мојата мрачна Ванеса“, Лолита вајбс има. Исто доста заразен психолошки трилер е „Анонимна девојка“, а не беше лош и „Мојата прекрасна сопруга“. Другиве не ми се читани, јас си ја купив „Градината на олеандрите“, па ќе видиме дали ќе ја бива или не.