1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од natasa.vakanska, 25 февруари 2010.

  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Да да прекрасна книга е....баш онака за релаксација :inlove:
     
  2. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    1.881
    Пеколен фактор од Роберт Ладлам значи нема боља книга. Омилена ми е сум ја читала неколку пати и не ми станува досадна :)
     
  3. LadyBug.k

    LadyBug.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    13
    Ако сакате книги онака баш да уживате во нив и да ги прочитате во 1 здив еве неколку мене што ми оставиле најсилен впечаток:
    *Одлука - Николас Спаркс
    *Малата принцеза - Френсис Хоџсон Барнет
    *Страници за нашата љубов(Notebook) - Николас Спаркс
    *Шоља чај - Кетрин Менсфилд
    *Ангус,танги и бацување со стискање(незнам од кој е ама многу ми е смешна има и филм)
    *Жени и љубовници - Џејн Елизабет Варли

    Прочитајте одлични се! :)
     
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.457
    Во моментов највеќе ми се свиѓа чик литературата. Ја прочитав конечно Second Chance, а сега како што почнав со англискиве, намерувам втора да ја купам P.S I love you од Cecelia Ahern, верувам ја знаете :) Па би ви ја препорачала таа, сум прочитала за што се работи и сигурно е полн погодок. Само да не ви откривам детали сега. :) Исто сакам да прочитам уште некоја од Џејн Грин или Николас Спаркс. И тие што можат им советувам да си го купат оригиналот на книгата, мислам англиската верзија, зашто на македонски преведни воопшто не ми се допаѓаат, а и за овие книги незнам дали има превод.
     
  5. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас ги имам прочитано сите три со Султана-прв дел е Принцезата Султана,па ќерките,па кругот.Искрено баш ми се допаднаа сите,многу дознав за исламскиот свет,колку е неправеден и суров кон жените :worried:
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Овие две ги имам прочитано супер се...баш онака читливи
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.196
    Допаѓања:
    56.736
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се потсетив на една прекрасна книга и сакам да ви ја препорачам сега:
    Љубов со мали букви - Франсеск Мираљес.
    Прекрасна, топла, нежна книга која се чита со глупава насмевка на лицето. Едноставна приказна која начнува суштински прашања за животот. Прочитајте ја, верувајте ми на зборов :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Не ми е страв - Николо Аманити.
    Сега кога го прочитав изборот на Rainbow, ми текна на оваа, многу убава книга.
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јав би ви ги препорачала Захир,Вештерката од пробело,Валкирите, Вероника реши да умре, 11 минути, Алхемичарот, Побетникот е сам, Скитникот Мактуб, Брида сите се од Пауло Куељо, ептен добри книги и скоро сите од него ги иамам прочитано сите му се психолошки, вторто јас, продлабочени, потикнуваат да размислуваш, слични на моќата на птсвеста. Исто добра е Сенака на ветрот, Папата Јована, Снег, Тунел, Девојката со бисерна обетека, Бадем, Кујна. Јас лично не сакам белетристика,љубовни романи слични на оние викен романи што ги имаше порано, сакам потешки книги книги кои имаат тежина, содржина и порака која треба да ја сватиш и да ја применуваш во животот. :hai:
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Тука се согласувам целосно. :up:


    Моја препорака: Ог Мандино - Дванаесттиот Ангел
     
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Мене па баш не ми се допаѓа оваа писателка. Само една книга прочитав од неа, не ја помнам ни како се викаше, и се разочарав. Плитка, површна, излитена содржина - кога ја читаш како да гледаш некој од типичните плитки романтики од американските филмови. Без подлабока анализа на психата на ликовите, без некоја посебна приказна, туку веќе обработена тема во, како што кажав, американските филмови, која однапред знаеш како ќе заврши. Типката нема талент за пишување! Јас би напишала подобра книга од неа(барем ќе се потрудам приказната да биде нешто ново).
    Инаку, за сите љубители на љубовни приказни, топло ја препорачувам Оркански височини.
    Исто така, голем впечаток ми оставија книгите: Добра земја, Синови и Растурен дом од Перл Бак. Преубава содржина.
    Ги препорачувам и сите романи од Агата Кристи, за љубителите на мистерии.
    Сега на овие ми текна, ќе пишам други пак :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Јас се разочарав од последните книги на Даниела Стил. Како со сите сили да се трудела да напише некоја површна, плитка книга, само затоа што сметала дека денес такви се читаат и книгата ќе стане бестселер.

    Има она прекрасни книги. Еве ќе издвојам една што навистина ви ја препорачувам- "Злоба". Има приказна која ќе ви се вреже во срцето и ќе ве натера и да плачете и да се смеет со главниот лик.

    Една седумнаесетгодишна девојка преживува нешто што ниедна девојка, на било која возраст, никогаш не треба да го доживее. Таткои, на денот на погребот на нејзината мајка, ја силува. Исплашена, се уште потресена од смртта на мајка и, мора да го преживее и овој ужас. Срам, страв и очај ја преплавуваат, нема на кого да се довери. Татко и, угледен човек во општеството...
    Не можејќи повеќе да поднесе ниту еден негов допир, се решава на очајнички чекор. Единствениот излез за неа... Го убива. Без каење, само со желба да се ослободи од сиот тој ужас.
    И понатаму останува доследна на себе, не открива ништо...
    Две години поминува во затвор, каде се менува како личност.
    Ја следиме нејзината приказна до четириесетата година, се соживуваме со сите нејзини подеми и падови. А падови има многу повеќе, зашто има и многу злобни луѓе на нејзиниот пат...

    Ќе ве остави без зборови, со подотворена уста и во мисла за злобата која го гнаси човештвото...
     
    На Neytiri и teddybear им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    И MyGirl не можеш да кажеш типката нема талент за пишување.
    Прво прочитај неколку дела, упати се во нејзината работа, па после оставај вакви коментари.
    "Типката" има продадено над 800 милиони копии од нејзините дела, има филмска адаптација на 22 дела,
    преведена е на преку 28 јазици.
    Па пробај и ти напиши нешто, може ќе те преведат на повеќе јазици ;)
     
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Rainbow, се работи за вкус. Според мене, таа нема талент за пишување. Можеби малку престрог израз е “нема талент“, па би рекла ете “нема доволно талент за да те фасцинира“.А можам да проценам од една книга, бидејќи колку и да се различни приказните од една до друга книга, стилот на пишување му останува ист на секој писател. Башка, книгата ми ја даде другарка, која подоцна ми кажа дека сите книги и биле нешто слично како таа што ја читав.А книгата што ја читав беше токму таа што ти ја раскажа сега, само некако името “злоба“ не ми иде познато...Инаку не ја силува само на денот на погребот, туку и претходно ја силувал многу пати, а сето тоа се случувало пред очите на мајка и, која го знаела тоа, на некој начин била и учесник во тоа. Оваа приказна и не е толку лоша, ама е веќе видена...А сите фрази кои карактерите во книгата ги употребуваат, се типични фрази од Американските филмови. Исто така и кога ги опишувала сцените како да седела пред ТВ и да гледала филм. Мене тоа ме нервира. И сигурна сум дека на повеќето би им се допанала оваа книга, ама јас сум малку специфична кога се работи за избор на книги. :)
     
  15. caki.83

    caki.83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    34
    aleksandra poter moj gospodin sovrsen i vnimavaj sto posakuvas, treba da se procitaat :nod: :nod:

    [mod-kirilica:2g5yufe4][/mod-kirilica:2g5yufe4]
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Хммм, да, да така беше МајГрл :) Книгата ја имам читано пред 5 или 6 години на српски, сум ја подзаборавила малку, а може на македонски некако поинаку е преведена.
    Па, твое мислење си е тоа. Исто како за музика и тука за вкусови не се дискутира :)
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Потполно се сложувам како можеш да кажеш типката нема талнт за пишување а имаш прочитано само една нејзина книга. Не си ти таа компетна личост што треба да каже кој има талент за пишување а кон не.
     
  18. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    А зошто да не сум компетентна? Колку што си ти компетентна да кажеш дека е добра писателка, толку и јас сум компетентна да кажам дека е лоша писателка. И да, доволно е една прочитана книга за да го оцениш стилот на пишување на еден писател, башка и кога другарка ќе ти каже дека сите други негови книги се такви.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Не сум ни јас компетентна да кажувам која е добра, а која лоша писателка и сепак немам јас кажано дека е добра Даниела Стил е светска писателка позади која стајат многу, многу бестселери. Едно е да кажеш дека не ти се допага незиниот стил на пишување а друго е да кажеш дека нема талент. Па со оглед на толку напишани книги можно е да има промашај невелам не ,а и впрочем ја немам читано книгата за која имаш дискутирано од Даниела ги имам читано :
    1. Враќање дома
    2.Втора шанса
    3. Ангелот Џони
    4.Подарок
    5.Тајни
    6. Исчезнат
    7. Прстен
    И слободно можам да кажам дека сите се добри. И да се надоврзам на тоа за другаркати и на мојата другарка омилен писател и е Пауло Коелјо а мене не ми се допага и не велам дека нема талент за пишување. Се надевам дека нема погрешно да ме разбереп. Поздрав имај пријатна вечер
     
  20. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Совршенство, секако дека не те сфаќам погрешно. Те сфаќам што сакаш да кажеш. па затоа во вториот пост упатен до Rainbow се поправив за изразот “нема талент“ :) Еве го подолу:
    Исто и ти имај пријатна вечер
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.