Дали некој ја има и би сакал да ми ја продаде книгата "Игрите на гладните" од Сузан Колинс? Ми фали само таа од трилогијата. Ја барам под дрво и под камен никаде не можам да ја најдам ако се понуди некој би била многу благодарна!! Знам дека ова не е вистинската тема за ова прашање и ви се извинувам, но веќе станувам по малку очајна да ја најдам...
Препорачајте книги(популарна психологија) кои што сте ги прочитале и се достапни кај нас, а ви оставиле голем впечаток и промена.
Планината си ти - Бријана Вист Детето во тебе мора да си го најде својот дом - Штефани Штал Запознај се себеси и другите - Штефани Штал
Втората што ти е предложена е врв. Последната предложена од истата авторка е повеќе како водич со упатства, ама е исто добра.
Девојкииии ве молам да ми препорачате книга на англиски јазик некоја што е полесна за читање (со оглед дека ќе ми е прва книга која ќе ја читам на англиски јазик )?
Ако не ти смета чик лит, тие можда се „најлесни“. Нешто од Sophie Kinsella и серијалот шопахолик или во последните години Emily Henry има интересни книги или отовори на goodreads и пребарај чик лит. Јас кога сакам да одморам мозок и да прочитам нешто брзински, ми е срам да кажам некогаш, ама читам чик лит .
Не реков дека е срамно, мене ми е срам да кажам. Не ме поврзуваат како тип на човек што чита чик лит... Другото е ствар на вкус, иако како жанр е лесен, некој не го сака и не му лежи.
Интересно мислење, никогаш не сум размислила вака дека треба некој човек да се поврзе со литературата којашто ја чита, дали можеби тоа произлегува затоа што не читаш воопшто романси и читаш некои потешки книги или? Не те напаѓам само размислувам гласно затоа што никогаш некој карактер на човек пример не сум го поврзувала со литературата што ја чита, од причина што сметам дека и на луѓето што постојано читаат трилери им треба чик книга да одморат глава како и на луѓето што читаат стручна литература.
Јас од библиотека секогаш земам еден трилер, една драма или филозофија и едно чит-чат ( нешто за смеење). Тие "потешките книги" не можам во автобус или на плажа да ги читам, ми треба поголема концентрација и подолго време за читање.
Е ни јас волку не сум размислувала Лично доживување е, не мора да зачи дека твоето би било како моето.
Интересна тема, и јас некогаш кога ќе споделам дека читам некое љубовно романче или лесно трилерче имам потреба „да се оправдам“. Дури и во самиов пост, со деминутивчиња ги пишувам жанровиве еве Тоа веројатно зависи со кој правиш муабет. Јас работам со навистина паментни и образовани луѓе кои и уметноста што ја следат (тука ги вклучувам и книгите што ги читаат) повеќе те тераат на размислување, а не толку да се опуштиш и да си читкаш. Па секогаш кога ќе споделам со нив дека читам некоја лесна книга имам потреба да се објаснувам зошто баш таа книга ја читам.
Навистина интересна тема за дискусија. Се согласувам дека има луѓе кои стереотипно гледаат на оние што читаат љубовни романчиња, демек тоа не се романи за интелектуалци и само интелектуалците читаат тешки романи што бараат размислување. Стереотипите зборуваат за нив, не за мене. Секој роман носи порака и е вреден за размислување без разлика на жанрот. Секој чита она што му се допаѓа и никој не треба да се оправдува за тоа што го чита. Секогаш сум дискутирала за тоа што чита другиот без осудување, затоа што тоа сум го сметала за шанса да научам нешто ново.
Може ли препорака за книги, новели како новелите на Елена Феранте, Мојата брилијантна пријателка и Лажливиот живот на возрасните?
„Фати го зајакот“ од Лана Басташиќ, многу слична на серијалот на Феранте. Можеби ќе ти фатат око и „Половина жолто сонце“ (Чимаманда Нгози Адичи), „Нормални луѓе“ (Сали Руни), „Мачкино око“ (Маргарет Атвуд). Ако ми текне нешто друго што има некаква допирна точка со книгиве, ќе дополнам.