1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од natasa.vakanska, 25 февруари 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Ја има некој прочитано книгата Јади, моли се, уживај? Aко сакате да ми кажете впечатоци.. Ми требаат некои лесни книгички во моментов, да ме отргнат од мислите и да се расположам малку.. И исто да не ја имате прочитано Снеговите на Климентина Евин.. прочитав извадок во учебникот по македонски, книгата ми е ПРЕУБАВА, и тотално ми одговара на мојава ситуација. Ја има некаде по книжарнициве?
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Снеговите на Климентина Евин е прекрасна книга. Да ја прочиташ обавезно :)
    И Јади, моли се и уживај е исто убава, само е премногу зборена, па не ги исполнува сосем очекувањата.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Кратко и јасно :D :D
    [​IMG]
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сашо Тасевски е млад писатеш кој навистина сакам да го читам најправин "Шмизла" а сега оваа книга која иако ја прочитав пред година дена сеуште ми се врежани впечатоците од неа.Вреди да се прочита !

    [​IMG]

    Ако на проститутките им светеа очите, Скопје ќе светеше како Лас Вегас

    Сашо Тасевски вели дека од скопските дами на ноќта научил дека ако на проститутките им светеа очите, Скопје ќе светеше како Лас Вегас. Сфатил дека и доста научил за жените. Научил дека некои жени имаат многу повеќе "мадиња" од некои мажи.
    Тасевски романот го пишувал според кажувањата на скопска проститутка.
    - Се работи за жена која стигнала до највисоките ешалони на власта, во бизнисот. Тие луѓе во романот се опишани со прекари, но сите се реални, вистински луѓе, додавајќи дека проститутката е мајка на две ќерки, кои се нормално воспитувани.
    ИЗВАДОК од -Пеперутка

    Сфаќаш ли сега, бејбе, зошто земјава за к*р не ја бива!? Тие што треба да те чуваат од криминалците, на криминалците им седат во скут! Мафија или полиција, искрено не гледам некоја разлика кога меѓу нив гордо стои знакот за равенство! Педерана. До вчера деведесет посто од џандарите што ги знам беа маалски деликвенти и рекетари, а сега, нешто спроведуваат закон...
     
    На LifeLove и RainBow им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Сакам Trendafilka да ми препорача некоја психолошка книга, некоја која ќе ме наведе на размислување.
    По можност некоја така поучна... И по можност да е од македонски автор! :) Фала однапред. :*
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^
    Внатрешно патување - Ошо-Психолошка книга е оваа еве критика за неа


    Во ова прекрасно дело имаме толкување за тоа како всушност функционираме ние - луѓето. Телото во прв план или духот...Додека не го прочитав оваа дело на Ошо јас мислев дека духовната страна е најважна за човекот, а телото е нешто кое како алатка нѝ служи за подобро функционирање и ракување со животот.Ошо ми го докажа спротивното!

    Еве неколку цитати од неа:

    „Телото е првиот чекор за трагачот - но никаква мисла или пак внимание не му е придадено нему. Не само во одредени времиња, туку илјадници години наназад, телото било запоставено. Запоставеноста е на два начина. Прво, има луѓе кои дозволуваат да си го запостават своето тело. Нив не ги интересира никакво ново искуство, за нив е доволно само да се најадат, напијат и да не одат голи. Тие целосно си го запоставуваат телото, не го користат правилно...“
    „Цвеќињата на знаењето процветуваат во мозокот. Цвеќињата на љубовта процветуваат во срцето.“
    „Лекарите велат дека осумдесет проценти од човековите болести се болести на умот, не на телото.“
    „Љубовта може да се случи само преку срцето, а не преку мозокот, но центрите на нашите срца не се правилно развиени и затоа го користиме мозокот.“
     
    На MiiLla, SexyLady и Lux им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Колекционер на Џон Фаулс за мене е повеќе од одлична, :) авторот има толку добар стил, раскажува иста приказна од два сосем различни ликови во книгата, неверојатно е чувството да си во улога на растроен манијак и во кожата на една невина жртва...
    Да не ти откривам полвеќе , побарај ја, нема да зажалиш дефинитивно.

    Волшебник од В. Набоков.
    Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками

    Да бидам искрена, слабо ги читам македонските автори, дефинитивно треба да им се обрне повеќе внимание.
    Психолошко добро парче... во моментов ми текнува на Спектатор од Жарко Кујунџиски.
    Можеби е до мене, ама јас лично сакам кога различните глави во книгата на крајот образуваат една совршена целина, односно мозаик.
     
    На SexyLady и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Таа книга Кенди обавезно морам да ја прочитам !
    Внатрешно патување преубаво ми звучи, уште првата реченица од критиката одма ми се допадна се согласувам со цитатот бидејќи 90 % е точен според мене.
    Ако знае некој нека препорача уште некоја добра книга .
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Добар впечаток ми остави Победникот е сам од Пауло Коељо ,нема да згрешите ако ја прочитате.
    Приказна за успехот и славата и што се се способни луѓето да направат за да успеат во зацртаното
    Уште еднаш Коељо ни покажа колку добар писател е.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски

    И скрено кажано мене па и не ми се допадна многу ''Победникот е сам'' од Пауло Коељо некако ''празно'' читање ми беше,многу повеќе може Пауло К. :?:
     
  11. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Дали некој ја прочитал од Џон Фоулс -жената на францускот поручник? Сакам да ја земам од библотека ,но се си викам сега не и дојден редот.
     
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Моќта на потсвеста-Џозеф Марфи

    Книгава е чиста метафизика. Авторот во неколку наврати говори дека мозокот е една голема градина. Ако посееме убави мисли ќе вродат убав плод. Ако посееме лошо семе (лоши мисли) ќе добиеме лош плод.
    Обично кога викаме дали да го слушаме срцето или разумот (најчесто во љубовта) викаме дека го следиме срцето но разумот во потсвеста знае да не мачи и јаде од внатре многу подоцна откако сме го направиле 'нештото'.Се разбира ова знае да биде и обратно. Потсвеста е базирана на собрани стравови, мислења, желби кои пловат под површината на тоа што отворено го мислиме и го правиме. Како и сантата мраз, потсвеста е 70-80 проценти од тоа што навистина се одвива во нашата глава додека свесниот дел е најмал и безначаен во споредба. Треба да се најде начин да се изедначат овие два процеса, но не само на кажување и правење на тоа што го мислиме потсвесно туку и контролирање и дисциплинирање на скриените (мрачни можеби) желби и мисли.
     
    На MiiLla, Zaljubena111 и SexyLady им се допаѓа ова.
  13. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    p.s i love u
    порака во шише
    the notebook ... :)
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Гол човек - Игор Џамбазов

    Книга која ме натера да го сакам човеков,да го почитувам и да се почувствувам како да го имам преживеано некој дел од неговиот живот,од самото читање на книгата.ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА ;) :!:

    Игор Џ. пишува за неговиот приватен живот, проблемите со коцкањето, заедничкиот живот и разводот со Искра.... Во книгата се среќаваат и ликови кои се јавни личности,но се претставени со туѓи имиња. Игор морал да ги сокрие нивните вистински имиња бидејќи добивал многу тужби,клевети и бурни реакции од истите тие личности па затоа ни останува само да претпоставуваме која јавна личност би можела да се крие позади ликовите во книгата.
    Книгата не е пишувана според некои правила, а тоа тој го нагласува уште на почетокот, дека ќе наиде на многу критики заради ваквиот начин на пишување, па често се среќаваме со стихови, кои ни се познати од веќе претходно напишани негови песни.
    Книгава има и некои делови кои не ми се баш многу допаднаа , бидејќи се опишани толку детално, како на пример колку пари потрошил за такси и некои други детали, а оние настани кои најмногу ги интересираат читателите, се само нафрлени, прескокнати, а се доста значајни во неговиот живот.
    Влегувал во многу проблеми, навечер одел во казина, каде откако ќе се прокоцкал, се плашел од она што следувало, се плашел од утре, но секогаш заспивал со мислата дека утре е дури утре. И за крај би сакала да кажам за она што мене ми остави најголем впечаток, а тоа се сликите во книгата и на самата корица. На предната страна од корицата, Игор изгледа како пештерски човек, со долга коса и брада. Потоа низ страниците на книгата, постепено како открива повеќе детали за себе, се разголува и ја бричи брадата и истовремено ја скратува косата, за да на крај, на задниот дел од корицата, тој е целосно разголен, без брада и со скратена коса.
    Така "гол човек" е симбол и за неговиот живот, губењето на сите скапоцености, но и симбол за книгава која на еден начин го разголува и ја открива неговата приватност.
     
    На blueeparadise, karak и mims-89 им се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.455
    Која и да е, само да е од Горјан Петревски. Баш ја прочитав Марта пред некој ден, прекрасна книга, и уште сто пати би можела да ја прочитам. Сега планирам да ја читам Снеговите на Климентина Евин и сигурно нема да ме разочара. ;)
     
  16. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас пак би ја препорачала на секого. Кај Коелјо ми се допаѓа тоа што во своите книги секое поглавје го завршува мистериозно и буквално не ме остава да јадам. Целиот склоп на книгата дава многу убава порака и претставена е вистинската слика за она што се случува во високите кругови на општеството.
     
  17. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    незнам дали претходно некој ја има предложено, но мене искрено мнооогуу ми се допадна и ја препорачувам „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска Георгиева, феноменално дело што мене не ми дозволи ни секунда да ја оставам. :)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Koa

    Koa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Quotes, интересни поговорки

    Ви ја препорачувам Бескраен ум (Endless mind) од Ана Костовска. Тоа е англиско-македонска збирка на мисли - мудрости.
     
  19. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Џемима новела за лебедите и грдите пајчиња, Детето во пругасти пижами, п.с. те сакам, венчален кум, ангелот џони, го сакам њујорк, прстен, што би правел јас без тебе, купохоличарка, шолја чај, добра во кревет
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Повеќе сакам криминалистички приказни, затоа би ви препорачала нешто на Агата Кристи. Поточно СЕ на Агата Кристи, особено Убиство во Ориент Експрес. :hai: