Јас ја имам читано Јади,моли се,уживај и не ми беше ништо посебна.Не знам зошто толку ја фалат и книгата и филмот.
Книги - колку читате и што преферирате? Нема да погрешите ако ги прочитате сл. книги:Мојата преубава шпионка од Колин Фалконер (фантастична приказна);Папата Јована од Дона Вулфолк Крос(веќе е кажано за книгава во форумов да не се повторувам ама навистина е книга со посебна вредност);Мајката не Перл од Морин Ли(нема да можите да ја оставите додека не ја прочитате до крај,зошто до самиот крај дејството не може да се предвиди и нема да биде такво како што се очекува,преинтересна).И да ви кажам денес ја прочитав Росхалде од Херман Хесе и уште сум под имресии од неа,убава книга но многу тажен крај.
Ако сакате да ми препорачате нешто од Горјан Петревски. Снеговите на Климентина Евин никаде не можам да ја најдам и не знам се двоумам што да земам, Сама, Исти очи, Пролетни дождови.. И ако може некој подетално да ми каже за што се работи во Снеговите на Климентина Евин зашто никаде не можам да најдам, сум прочитала само извадок..
"Писмата на Саманта за Џенифер"-Џејмс Патерсон. Пак ќе кажам ... Прекрасна книга полна со емоции кои потсетуваат дека домашните,најблиските ни се огромно богатство и непресушни извори на љубов и среќа и дека треба да ги почитуваме и чуваме прекрасна книга преполна со љубов и многу моменти кога солзите сами ќе ви надојдат и ќе останете без воздух
Марина од Зафон. Уште сум под импресии, меѓу првите на листата на омилени книги ми е За љубителите на загатки и мистерии.. сите книги од Зафон
Blueparadise, книгата ,,Снеговите на Клементина Евин,, ја имам читани пред околу 4-5 години и многу ми се допадна (како и сите останати дела на Горјан Пeтревски). Spoiler Колку што се сеќавам централен лик е тинејџерката Клементина Евин која живее во Охрид. Таа е одлична ученичка и наградувана пливачка. Во нејзиното училиште, доаѓа новиот професор по физика (мислам дека беше по физика). Тој е млад, од друг град, но заради новото работно место се преселува во Охрид, и повлечен во себе. Клементина ќе се заљуби во него, но тоа таа го крие од сите. Еден ден професорот ќе се обиде да ја силува, но Клементина ќе успее да избега. Со тоа, професорот ги убива сите чувства што Клементина ги имала кон него. Еден зимски ден таа ќе забележи стапки во снегот пред нивната порта, и сфаќа дека тие се од нејзиниот професор кој набргу после тоа го напуштил градот. Иначе, книгава сигурно ја има во библиотека,а ако не ти се брза 100% ќе ја најдеш на саем. Се надевам дека бев од корист!! П.С Не требаше да ти ја раскажувам целата книга, ама отиде...
Блу, а ја побара во Просветно? Нивно издаваштво е, би требало да ја имаат. Климентина Евин се заљуува во својот професор по физика(мислам беше. пред сто години ја имам читано книгава)и се што прави во училиштето прави поради него. Јака девојка е, одличен пливач, но на крајот доживува големо разочарување. Од горјан други книги тие се и Далечна љубов, Вечниот ветар, Рано дојде љубовта. А во библиотека ја нема?
На Прв поглед- Николас Спаркс. Пред 5 мин. завршив. Предобро пишува човеков, просто ги голтам зборовите и неможам да ја оставам книгата.
Јас ја имам читано книгата Јади,моли се ,уживај и ми беше многу интересна ама додека го читав делот за Италија лиги ми течеа и целата книга едноставно додека ја читав ме отргнуваше од се, ме релаксираше лесна книга се чита брзо иако е голема.. Јас би ја препорачала Вода за слонови ептен ме бендиса книгата и ми остана уште малку,романтична приказна под циркускиот шатор во светот на чудаците и кловновите,болката бесот,љубовта и страста
Е баш уште таму треба да видам. Мајка ми гледала во некоја книжара на плоштад и скоро сите негови книги ги имало, само јас таа што ја сакам ја немало. Во библиотека не сум проверила а и го немам тој обичај по библиотеки да гледам, ако сакам книга, правец книжара и си купувам. После оваа книга, следуваат овие другите. Го обожавам човеков - после само 2 прочитани книги и баш би сакала да најдам негов контакт, зашто на сајтот сакамкниги некоја си пишувала со него и секогаш и враќал. Топ е човекот. Инаку, фала ви на сите што ми пишавте.
Јас што е најтрагично од толку што ми беше досадна неможев да ја дочитам. Ја зедов највеке затоа што овде видов мн позитивни критики но се разочарав
Исто и јас. Ја прочитав зашто ме интересираше како ќе заврши, кога веќе сум ја почнала да ја дочитам. Прво мислев дека е нешто како ѓубрето Моќта на потсвеста ама додека го читав делот за италија го сменив мислењето. Ама кога дојде делот во индија .. тој дел ми наликуваше на Последниот чај од Винка. Не е нешто посебно книгата, не ми остави некои импресии П.с девојчето кое пиша дека му требаат некои лесни книшки, не е на одмет да ја читне
Книгава ми ја препорача мајка ми.. Таа ја имаше прво прочитано се вика П.с. ТЕ САКАМ! Вреди да се одвои малку време за ваква прекрасна книга !
Прво ќе треба 1 дел да го прочитаат, мислам дека е само Купохоличарката па Купохоличарката се мажи и на крај доаѓа Купохоличарката и нејзината сестра
Последна опомена -Дебора Могах...самото име на авторката кажува многу работи а и името на книгата те навидува да ја прошиташ .. многу непредидлива книга со низа настани кои те тераат да размислуваш што би направила да си на местото од главниот лик
Моментално читам... Би ви го препорачала писателот Харуки Мураками. Онаа Норвешка шума (се надевам на голем број добро позната), Јужно од границата западно од сонцето, Спутник љубов, Играј играј играј, Кафка на брегот, итн.. човекот стварно знаел што пишува, свака му част. Првите 4 успеав да ги најдам на македонски, како и неколку други некои од нив се раскази , за другите не знам дали ги има , кафка на брегот ја имам на англиски. Исто би ја препорачала 11 Минути, Захир, Победникот е сам и Вештицата од Портобело од П.Коелјо. Мемоари на една гејша од Артур Голден не смеете да ја пропуштите .. Ако некој знае некоја книга во која преовладува мистерија, стрес, напнатост нека препорача..
јас топло ви ја препорачувам Љубов со мали букви прекрасна книга која има толку интересен тек на настани и многу убави и вистинити размислувања