Јас пак не сум многу задоволна од овој писател. Ја имам прочитано само Спутник љубов и не ми беше по вкус, но да не генерализирам, другите книги можеби му се добри. он топик, ја препорачувам 399 од Фредерик Бегбеде
Би ви ги препорачала: Порака во шише - Николас Спаркс. Алхемичарот - Пауло Коелјо. Страници за нашата љубов - Николас Спаркс. Девојката со портокали - Јустејн Гордер. Вероника реши да умре - Пауло Коелјо.
Девојки, ај кажете некои книги да ги барам за роденден. Интересни, ко на пример Марта, љубовни или слично.
Дејзи можеш да ги читаш класичните љубовни романи: Оркански височини, Гордост и предрасуди (издание е на ИК Нова Наша Книга, мислам дека се наоѓа низ книжарниците), Разум и чувствителност (90% сум сигурна дека имам забележано македонско издание), Џејн Ејр (Ѓурѓа ја има издадено, обично им се никакви изданијата и мислам дека ова е скратена верзија, ама можеш да ја пробаш )
Колку годни е славеникот/славеничката? ЛивинГлам, некако посеризни се книгиве и подлабоки, јас баш за тинејџери не би ги препорачала од причина што тешко дека ќе ја сфатат длабочината на книгата и може само да ја сметаат за досадна. Поготово Оркански височини, ќе се загубат во ликовите. Ако ти треба нешто полабаво имаш и други романи од Горјан Петревски, а исто и од оние тинејџ книги Ангус, танги...и сл. И тука мислам на околу 15 годишни...
За мене Реинбоу. Јас си побарав некое интересно романче, еве по препорака на Реинбоу, кажав од Горјан Петрески некои, по можност ‘‘Сама‘‘ и ги кажав и ‘‘Порака во шише‘‘, ‘‘Вероника реши да умре‘‘, ‘‘Девојката со тетоважа на змеј‘‘, ‘‘Порака во шише‘‘..
А за тебе ли било Дека рече за роденден бараш, па јас си помислив за подарок. Моја грешка Тогаш, трилогијата Милениум би требало да ти се допадне. А можеш да ја прочиташ и На крајот на виножитото од Сесилија Ахерн. Прекрасна, прекрасна книга
Фала многу на помошта. Ќе видиме која ќе ја добијам, секако ќе пишам импресии. Читам јас често, ама некако не ми текнува да пишам.
Последна прочитана книга Мило ми е што има луѓе што читаат. Но, во една од ретките теми на форумов каде што сакам да поминувам време, жал ми е кога ќе видам препорака на книги кои сметам дека не го заслужуваат моето внимание. Можеби имав грешен пристап, ама сведоци сме како во државава има навала за купување и читање книги од типот на „Кога лисјата паѓаат“ само заради тоа што на ТВ одела истата серија. И криво ми е кога ќе ми се изневерат очекувањата: очекувам тука да најдам сродни души, девојки кои ќе изнесат некој нов автор што не сум го прочитала, некоја нова книга, а не што ќе ми го копираат каталогот на Матица. Имаше и некој ироничен коментар за саемот во Матица. И јас ќе отидам на тој саем, само што нема да се залетам по нивните популарни изданија. Порано и јас читав такви книги и можеби мојот настап тука е само резултат на мојата желба на времето да имало некој да ме подучи што да читам. Тоа е тоа. И повторно, да не ме разберете погрешно: тука има многу паметни девојки кои ги почитувам, особено затоа што знаат да реплицираат. И поради тоа што сакам такви конструктивни и дијалози и расправи, затоа се бунам против книги што нема да поттикнат такво нешто.
Лизардкуин слободно препорачувај книги за кои мислиш дека вредат. Тука има секакви читатели и секој има различен вкус. Некој после напорен работен ден и расправање со цифри и шифри не може да се посвети на Орхан Памук или Умберто Еко колку и да сака, па едноствано милува да го "пушти мозокот на пасење" со некоја лесно читлива лимонада книга и нема ништо лошо во тоа. Слушнав убави критики за Магионичарот од Лублин. Ја имам дома а не ме привлекла досега. Ја препорачува ли некој?
Последна прочитана книга Ја имам читано, би ти ја препорачала мене ми се допадна книгата. Посебно ако те привлекува да читаш за евреите, интересно патешествие на еден човек, борбата за остварување на еден сон и границите до кои може да оди во тоа остварување. Инаку јас би сакала некој да ми препорача некоја книга за евреите, за периодот на војните, нешто што силно допира.
Последна прочитана книга Шиндлеровата листа ми паѓа прва на памет, ама голема е веројатноста да си ја читала. Варијантата Линебург е прекрасна мала книга (Пауло Мауресинг, издание на Табернакул). Денот на пчелите (Томас Санчез, Матица) - добра книга, ужасен превод. Ако читаш на англиски од компјутер - побарај некоја од овие книги: http://www.targum.com/section.php/154/1 ... 5709519a39
Тринаесеттата приказна,не се сеќавам од кого беше.Книга навистина да те наежи и морници да ти поминат низ телото.Дали некоја од вас ја има прочитано,т.е.дали го дели воодушевувањето со мене?
Неподносливата леснотија на постоењето- Милан Кундера. Преубава книга, ако ја има прочиатно некој нека сподели мислење.
Ја има ли читано некој „Афера“ од Аманда Квик? Прочитав многу пофални зборови за оваа книга, ама во Топер е веќе распродадена и нема да се печатат нови изданија Вреди да се фрлам во потрага или јок?
Сакам да прочитам нешто од Агата Кристи, а зашто веќе ја имам Убиството во Ориент Експрес ама порано не сакав да ја чепнам зашто ми изгледаше преголема и досадна, да ми кажете мислење за неа? И за што поточно се работи?