Јас ти препорачувам да ја прочиташ, класика книга, те држи во неизвесност до самиот крај и ќе ја прочиташ во еден здив
Мене не ми остави некој впечаток,ништо посебно,не вреди да ја купуваш. А јас за сите љубители на неизвесноста и историјата,помешана со сегашноста, ви ја препорачувам Јулија од Ен Фортие.Оваа книга ми остави голем впечаток.
Драги вљубеници во книгите, дали понекогаш сте се запрашале кога ги гледате сликите од минатото што искрено чуствуваме, носталгија за младоста или едноставно се велиме себе си лелел Господи, дали навистина изгледав така и го носев тоа, мене барем најсвежо сеќавање ми е за матурата ех, да не ги облечев тие штиклите немаше да паднам и едноставно на секоја слика да гледам џигеросаната нога, па после си мислев нели објективот на камерата можеше да фати нешто друо освен тоа или да не ја ишишав косата кратко можеби немаше да ме одбие момчето …. но, откако ќе ја прочитате Која е таа девојка? можеби уште еднаш ќе размислите пред да си одговорите на тоа прашање. Нашата хероина Шарлот има 30 години, води успешна компанија за односи со јавноста има совршено момче и едноставно ќе си речите па нели, ова е идиличен живот?! Но, покрај тоа таа е алергична скоро на сѐ, многу често од пренатрупаноста на својот распоред заборава на роденденот на својот татко и има обичај за секоја мала работа да ја преувеличи и едноставно верувајте или не „успешно “ си поставува дијагнози и тоа само споредувајќи ги симптомите благодарение на ИНТЕРНЕТОТ. Еден ден таа возејќи се кон работа, ја забележува својата поранешна ‘рѓосана „буба“ и 100% е уверена дека таа е нејзината „буба“ која ја возела кога имала 21 година. И девојката која излегува од неа е всушност многу позната. Решава да ја следи и заклучува дека живее на истата поранешна адреса и во истата куќа. Ова дефинитивно е премногу голема коинциденција?! Нели…. Но, зошто е толку позната? Спремни сте за ударната вест па, да тоа е самата Шарлот. Дали таа сонува? Дали ова е патување низ времето? Тоа ќе ви го открие драги, самата Шарлот низ страниците на Која е таа девојка? Вљубеници на chic lit, доколку уживавте во книгите на Александра Потер а сигурна сум дека одговорот е ДА, дефинитовно ќе уживате во оваа ново остварување на Александра Потер. Уживајте, изостерете ги сетилата и потоа дојдете да дадете коментар на статијата и споделете ги вашите импресии, без разлика какви и да се….. П.С. Благодарам Александра Потер! Едноставно ме изненадува како го забележува и најмалиот детал на секојдневниот живот. Дефиниитвно сум голем фан на chic lit и пред сѐ на Александра Потер. ilike.mk Spoiler Ја прочитав некаде есента и е стварно добра, релаксирачка книга
Добро тело Книгата ме воодушеви исто како и секое дело од авторката Ив Енслер (ако немам кажано претходно, да си кажам дека ја обожавам ) Се работи за вечниот проблем на жените, вишокот килограми и несовршеноста на телото, и како жените од целиот свет го поминуваат цел живот во обид да ги средат тие несовршености, а притоа губат драгоцено време во кое можат да направат многу други работи. Книга која без да соли памет, те тера да го засакаш секој свој несовршен дел од телото и исто така ти покажува до кои граници може да оди човекот сакајки да биде совршен.
100 празни страници-Сирил Масарото Книга полна со емоции,нежности,измешани чувства и трепет на вашиот духи и тело .....Светлината се јавува во мигот кога се засолнувам од дождот во едно кафе-ресторан.Сите храбри шетачи побегнале тука,слободна е само масата крај излогот,онаму каде што е најстудено.Порачувам топла чоколада и внимателно ја испитувам неумоливата природа.Гледам надвор погледот ми го привлекуваат две фигури во боја што се здружиле против сивилото на средината.Би се рекло дека се дедо ми и баба ми...Па да, тие се!!!Се шетаат,и покрај дождот и ветрот.Облечени се во исти жолти мантили и засолнети се со еден чадор,што мораат да го држат двајцата за да не им летне.По неколку метра запираат и го гледаат разбрануваниот океан.Дедо ми ја подава раката за да ја извади од предолгиот ракав на мантилот и ја фаќа баба ми за рака.Додека го доближувам фулџанот до лицето за да ми го згреат облаците од пара носот,што е поцрвенет од студот,ги гледам како стојат молкум неколку минути. Баба ми полека ја наведнува главата и ја навалува на рамото на дедо ми.Со рака ја бришам парата што го замагли стаклото и го гледам дедо ми како ја бакнува во челото и ја прегрнува поцврсто до себе. Ми се чини дека ги затвориле очите. Збунето сфаќам дека,и по толку години брак,дедо ми и баба ми се уште се вљубени еден во друг.Сфаќам дека е можно да бидеш стар и вљубен.На дваесетгодишна возраст,од таа мисла ми станува непријатно,многу јас но го чувствувам тоа. Сепак ,денес го гледам тоа со поинакви очи.Би се рекло дека бурниот океан тие го гледаат својот живот,сите тешки мигови што ги совладале заедно.Таму,во цврстот засолниште,добро заштитени со својата љубов,знаат дека победиле.Тие се на брегот,далеку од брановите,далеку од опасностите. Им остануваат само убавите мигови,сите работи што ги чувствуваат,ги делат без да мораат да кажуваат ништо.Се што ги обединува и што јас веројатно нема да го сфатам никогаш. Љубов за цел живот....
Топло ви ги препорачувам Тајната од Ронда Бирн, Калуѓерот што го продаде своето ферари, Најголемиот трговец на светот , Моќта на потсвеста ...
Препорака од мене е да земете да прочитате било која од книгите на Агата Кристи-Five little pigs,The clocks,The ABC murders,Three Act tragedy,The mistery of the blue train,Evil under the sun...овие ги имам прочитано и стварно се неверојатно добри(не за џабе ја нарекуваат кралица на криминалните дела и не за џабе после Шекспир и Библијата нејзините дела се најпродавани) .Друга добра книга е The rage of angels на Сидни Шелдон Читајте и уживајте.... поздрав
drugite od joseph marphy isto tolku dobri se kolku i mokta,isto norman vinsent pil ti go preporacuvam ke se voodusevis pozz [mod-kirilica:3pppeiyt][/mod-kirilica:3pppeiyt]
Прочитајте ги „Голи во смртта“ од Нора Робертс, оваа е првата книга од „Во смртта“ серијата на книги, јас сакам да ги прочитам сите 11 книги од оваа серија колку што мислам дека се. Ама на македонски. За жал, само 2 се преведени колку што знам. Многу е добра книгата, ја препорачувам. „Одлука“ од Николас Спаркс, добра љубовна приказна. „Внимавај што посакуваш“ од Александра Потер, онака супер чил комедија за опуштање "Chasing Harry Winston" од Лорин Вајсбергер, јас ја имам прочитано книгата на српски и преведениот наслов гласи „Ѓаво воли дијаманте“. Оваа книга е нешто во Sex and the City стил, типична чик литература за опуштање Инаку, оваа писателка ја има напишано книгата „Ѓаволот носи Прада“.
,,Никаде без ќерка ми,,-Бети Махмуди со Вилијам Хофер Навистина добра книга. Башка и вистинска приказна е!!
Ги имам прочитано сите три дела, навистина се феноменални, првиот дел мислам дека е највпечатлив, и откога ја прочитав книгава сфатив колку сум среќна што сум се родила тука, а не во тие арапски земји каде жените немаат ни датум на раѓање и никакви права во однос на мажите... Искрено ги препорачувам романите на Сидни Шелдон и Даниела Стил... без исклучок сите се одлични
Имам периоди кога сум читала константно книга по книга,но се случува некогаш од немање време или мрза да не фатам да прочитам неколку месеци.Од моето искуство на прочитани книги, топло ги препорачувам сите три дела на Принцезата Султана,книгата е фантастина во исто време трагична,мистична и полна со човечки судбини.Потоа морам да ја издвојам Папата Јована оваа книга е феноменална,верувајте една мисла, цитат која ми се врежа во сеќавање од оваа книга е "не дозволувај да му се покориш на еден маж,не подарувај му го срцето". Папокот на светот,Целестинско пророштво,Египетска сонувалка.Моментално изборот на книги се тие,во потрага сум на нови наслови кои ќе ми го променат погледот на животот.
Би ги препорачала: Љубовница- Аманда Квик, На прв поглед- Николас Спаркс, Порака во шише- Николас Спаркс, Што би правел јас без тебе- Гијом Мисо ...
Се мислев 2-3 дена дали да пишам или не на темава, вака јас немам навика да читам а сега ми се роди некоја желба да почнам, во животов сум прочитала само 2-3 книги а имам 21 година (срам да ми е) Е сега ајде предложете ми некоја љубовна за почеток фала однапред