Книгите на Мир-Јам (Милица Јаковлевиќ) се сите со љубовна тематика и се многу лесни за читање, не ќе можеш да ја оставиш книгата додека не ја дочиташ до крај. Исто така и романите од Марија Луис Фишер, "Бегство од харемот" е многу убава љубовна приказна. Се надевам дека помогнав Па ајде да кажеш дали ти се допаднала некоја ако прочиташ Позз..
Фала Лејди, и мајка ми, ми ги препорача баш тие од МирЈам и серијата ја изгледав (Рањени орао) и ми се допадна па може да почнам со некоја од нив, фала многу
A ja има ли некоја од вас читано Парфем од П.Зискинд, ја има и во филмувана верзија ама сепак сакав да знам дали е подобра (што и верувам), па да тепам слободно време додека го имам Еве јас би ви ја предложила Вероника реши да умре, прекрасна е нема да зажалите за потрошеното време, башка се чита во еден здив
Јас ја читав. Мајка ми ја зела од некоја колешка фотокопирана Мала книшка е, едно стотина страни така да не те чини ништо да ја читнеш. Сега можеш кога веќе ќе почнеш со читањето да искоментираш ма дајј сликовница или подобро да се замислиш за метафората на сирењето и на глувчињата. Јас само ќе ти кажам ако ти дојде при рака читни ја, и имај во предвид дека секој лик, секоја постапка, посебно сирењето си има своја метафора. Ти препорачувам да ја прочиташ па после да споделиме мислење за метафората на целата приказна, зашто вака нема да ти е интересно Морничава приказна, воедно добар трилер, со главен лик - негативец. Ова не е книга за романтични души, може да им е досадна по малку. Сепак ако ја читаш и парфемот по кој тежнее гренуј мислам дека беше ликот, ја читав одамна, е една метафора. Јас би ја читала пак кога би имала вишок време. Во секој случај ти ја препорачувам
Ако веќе си го гледала филмот и ти се допаднал, веднаш зимај ја книгата ептен е подобра, филмот според мене не ја долови приказната ко шо треба. Какви силни чувства имав до дека ја читав книгата, ни една четвртина од тоа немав за време на филмот. Во филмот некако се ми е многу површна, и сметам дека приказнава не е соодветна за на платно, бидејќи е прилично специфична и сите оние чувства поврзани со мирисите кои се опишани но книгата, на филмот не ги видов, ниту ги покажаа на некој начин. Книгава ми е една од одмилените, и обавезно да ја прочиташ А "Кој го здипли моето сирење" јас не ја препорачувам. Ич несакам вакви "просветлувачки" книги. Иако се работи за вкус, сепак книгава ми е ептен безвеза за да ја препорачам на некого. Немам време за читање многу покрај факултетот и коа читам сакам тоа да биде нешто стварно добро, а во оваа книга го нема. Демек авторот ќе не натера да се замислиме што сака да каже и по дифолт тоа е добра книга, ме нервира веќе кога идат со оваа фора
Алиса и јас се согласувам донекаде со твоето мислење во врска со кој го здипли моето сирење, но не можеме да зборуваме за книга во вистинска смисла на зборот , за приказна можеби. Како што реков, не е на одмет да се читне зашто има околку стотина страни И јас сум против такви книги просветлувачки како што кажа ти, но еве пример, додека не ја прочитав моќта на потсвеста немав свое мислење за истата. А претходно се изначитав и позитивни и негативни критики. Затоа реков, за сирењето - ем мала, ем приказна па не е на одмет да се читне
Ја прочитав "Девојката со тетоважа на змеј", а моментално сум при крај со читање на "Девојката што си играше со оган",продолжение на првава, од Стиг Ларсно. Девојќи немам зборови за книгиве, иако се 500-600 страни, се читаат многу брзо, ептен ми се добри и скрос се интресни, не можам да ги споредам со ништо што претходно сум читала... Позз срцки!
БЕСКРАЕН УМ од Ана Костовска. Нешто што дефинитивно не сакате да го пропуштите. Во Табернакул, Матица и Култура за 158 денари.
Срцка може да ми пишиш за Девојката со тетоважа на змеј за што станува збор многу пати ја гледам во библиотеката а никако да ја земам
За оние кои сакаат да дознаат се што се случува во овој свет проткаен со манипулации ја препорачувам ,,Розата од вода,,од Едни Македонци ,но морам да напоменам и предупредам дека книгата не е за секого туку само за оние со луциден и неограничен ум и широко отворена душа ,затоа што книгата буквално е ,како што кажува на почетокот и самиот автор,цитирам:Ви посакувам среќно читање на книгата и мирен сон потоа. Маестрално дело,нешто што навистина ВРЕДИ да се купи и прочита. За оние кои сакаат одмор од секојдневието и за секоја девојка која барем еднаш била оставена од љубовта и морала да се соочи и да го надмине тоа,книгата која ја препрочитувам 2 пати годишно е ,,Чевлите на другата жена,, од Адел Паркс.Хумористично на женски начин,урбано,секси.... За оние емотивците,кои ќе се наежат и изнаплачат над извонредната вистинска сторија ,,За тебе моја Долорес,, од Саша Божовиќ.Нешто прекрасно-го читаш и долги години по читањето сеуште сочувствуваш со Саша.
Книги - колку читате и што преферирате? женски ајде предложете некои биографски или автобиографски книги (пожелно е да има и филм снимено по книгата)
Девојката со бисерна обетка-Трејси Шевалие-ептен интересна приказна, мене ми се допадна и вреди да се прочита. На крајот од виножитото-Сесилија Ахерн.Оваа книга ме воодушеви, прекрасна е.Топло ја препорачувам на сите. Инаку сакам да прашам дали некој ја има прочитано Ангелот чувар од Пауло Коелјо?Викаат дека била многу интересна и прочитав позитивни коментари за неа.
Книги што сум ги прочитала и што ми оставиле впечаток (сакам книги базирани на вистински настани, што прикажуваат драми од животот, напнати и сл.) топ три можам да кажам Пурпурен хибискус(прикажува едно (не)совршено семејство од Никарагва или Нигерија не ме држете за збор, за нивните семејни односи, љубовта и омразата меѓу членовите на семејството, жртвите,откажувањата и упорноста ... ) Илјада неверојатни сонца(сведочи за тешкиот живот на жените во Кабул, Афганистан, преубава потресна приказна) и Папата Јована мислам дека нема потреба од рецензија.