„Децата на ѓаволот“- Димко Тасевски-Дитас Колку далеку може да однесе наивноста и неискуството...натаму ilent: ...
Ееее Димко луди книги има. Сите до една. Нели не ги печатеа едно време. Како скрипти се пренесуваа натаму наваму
Девствено сино Принцезата султана во сите три дела Папата Јована Затоа што те љубам Петмина што ги сретнуваш во рајот
Лажна сврченица од Аманда Квик е прекрасна книга, уште малку имам да ја дочитам ама не ја оставам од кога почнав да ја читам планирам до утре да ја дочитам поззз
Ќе има филм според книгата? Јас ја обожавам книгата,пукнав додека не ја најдов да ја прочитам. Ама филмот не планирам да го гледам. Секогаш разочаруваат. Мене барем :? Ко п.с те сакам Чиста утка е филмот
Стварно многу му се луди книгите. Од Дитас имам доста книги прочитано,овие се доста интересни и потресни -Скршени срца -Крив правец и вториот дел-Чистач Многу ми се допаѓа и "Notebook" или како што ја превеле по нашки "Страници за нашата љубов" од Николас Спаркс многу добра книга,и филмот исто така е прекрасен
Јас од него последна ја прочитав дупка во мозокот, ама книгата не ми текнува сега баш што беше одамна беше, ме разочара и престанав од него да читам.
Е јас таа ја немам прочитано. А ја така почнав да ја читам "коректори на експериментот" па ми здосади некако глупава ми беше темата нешто ко за планети,за вонземјани ли се збореше,не знам и така ја оставив и не ја дочитав. А инаку тие претходните од него што ги напишав,е тие стварно ме оставија без зборови,некако многу се жални.
Па и не ти ја препорачувам Оф ич не ми текнува што беше. Најјасно се сеќавам на крив правец. пошто ја читав скришум од мајка ми во 6то одд.
Епа ич да не седнувам да губам време да ја читам Интересна е крив правец 2:Чистачот,ама Скршени срца колку е жална приказната не можам да опишам. Ако си во фаза на читање на такви тематики немој да ја пропуштиш
Зар има P.S I love you и книга ??? Боже и ова не го знаев.Баш ќе ја побркам би сакала да ја читам.Мене филмот ми е омиилен ама ако ја читам книгата сигурно ќе ми биде утка и филмот хаха обично филмовите немаат врска со книгата.А за оваа јади моли се и уживај ќе има филм и тоа со Леонарно Ди Каприо ( ) и Џулија Робертс.Баш ме интересира што ќе испадне