''Тунел'' од Ернесто Сабато.. Психолошки и филозовски роман . Мене лично најмногу ми се допаѓа , пред се, затоа што е детективски роман со сите тривијалности : љубов, измама , убиство.... Исто така и ''Лавиринт'' од Кејт Мос.. Инзвонреден трилер, во кој преовладува духот на две различни периоди од историјата, средновековна и модерна Франција. Во него се поврзуваат судбините на две жени, родени ви различни векови... Да не откривам многу детали .. Сепак овие две книги мене посебно ми се интересни и вреди да се прочитаат...
Враќање дома - Даниела Стил Дванаесеттиот ангел - Ог Мандино прва книга на која ронев солзи Поважно од љубовта - Марија Луис Фишер Доста лесни и убави книги за читање
Игра со ѓаволот ( не ми текнува од кој беше) , Молчи,Молчи - Бека Фицпатрик.Прекрасна книга.Ми се допадна многу, ме воодушеви.Едвај го чекам и вториот дел
Моментално читам... Паа можете ли да ми препорачате некоја книга ете.....сакам да читак книги во кои се опишуваат делата, животот, разлицни ситуации и фази низ кои поминуваат ликовите...некоја реална книга?!
Во суштина не сакам мистерии убиства, ама ми ја препорачаа овде во Шведска од нивен писател е, но ме воодушеви нестрпливоста моја да дознаам повеќе и повеќе што ќе се случи.
Вода за слонови. Книгата ја обожавам. Без збогување. Не сум по вакви книги ама ете оваа ми се допаѓа многу. Вечерва и засекогаш. Лесна и убава а сепак поучна.
Анѓелот Џони - Даниела Стил ( приказна за мајчинската љубов и за трагедија која ќе го уништи целото семејство и чудото што на крај пак ќе ги спои, лесна е ја читање и многу е добра, не верувам дека некој ќе го остави рамнодушен) Летот 800 - Нелсон де Мил ( за сите кои обожуваат детективски романи)
Книгава е толку трогателна, јас се утепав од плачење. Толку длабока приказна за човечката судбина, за семејството, за важноста на корените и минатото... Топло ја препорачувам.
Јас ви препорачувам една прекрасна книга за подеми и падови во животот ,за пријателството и конечно за постоење на вечна љубов која започнува од детството...а тоа е На крајот на виножитото Сесилија Ахерн(оваа книга би била едукативна за помлади кои за само една вечер прават грешка што цел живот за нив остава последица ...доколку сте емоционални ке ве натера да се расплачете ,ке плачете и сочуствувате заедно со Рози Дан и секако мегудругото ке се насмеете а зошто проверете сами
Препорачувам : ‘‘Историја на светот во десет ипол поглавја“ - Џулијан Барнс “ Името на Розата“ - Умберто Еко “ За љубовта и другите демони“ - Габриел Гарсија Маркес “ Суштества“ - Владимир Петрушевски Фили “ Знакот Близнаци“ - Роберт Ладлам “ Дваесеттата сопруга“ - Инду Сундаресан и уште многу...ама за нив понатаму
Читај ги на Роберт Ладлам делата, сите се такви. И крајот секогаш изненадува Париска опција, Пеколен фактор, Сложувалката на Парсифал, Операција Амблер, Стратегијата Банкрофт, Сигма протокол, Московски вектор
Да да..имам читано едно дело од него, Париска опција..многу е интересна и брзо се чита ..ќе си купам уште некои од него..
Дали има некој по психолошките книги да ми препорача некоја добра.. Баш денес ми раскажуваа некои такви па се заинересирав за тој правец.. Ениуан
Топло ти ја претпорачувам Раскажи ми ги соништата од Сидни Шелдон, ова ти е психолошки трилер. Мене на листа за читање ми е Убиј ме нежно од Ники Френч, исто така е психолошки трилер.