дали некој од вас ги има читано: *Зависна Од Мода - Ребека Кембл *Русокоси Со Стил - Плам Сајкс *Елеганција - Кетлин Тесаро Па ако можите да ми кажите за шо се работи во книгитее..Однапред Фала ..Позз
ги имам трите читано,елеганција не ме бендиса ништо особено а овие другите се просечни книги ке те намсеат барем, ако си љубител на ваков тип на книги ке уживаш
'Будење' - Антони Де Мело ( мојата библија) секогаш кога врвам низ тежок период си ја читам и не знаете колку ми помага.. треба повеке пати да се прочита.. 'Целестинско Пророштво'.. прекрасен роман 'Живот' - Луиза Л. Хеј 'Мокта на Подсвеста' - Џозеф Марфи 'Малиот Ханс' - Сигмунд Фројд
Relief without drugs од Ainslie Meares (мислам дека го погодив добро ) Мало книџуле,со мал фонт,ама во себе носи ненормално добра поука. Значи пишува буквално се',за тоа како да се ослободиме од психичките проблеми, стрес,несоница,депресија,пишува за хипнозата... многу кул работички има. Денес пак почнав да ја читам, бидејќи одамна читана ми е и многу не запамтив. Во секој случај топло ја препорачувам,иако не сум многу љубител на "како да живеам" книги. Е,сега имам едно прашање, уствари барам мислење за следниве книги: "Вероника реши да умре"-Пауло Колејо "Четири спогодби"- Дон Мигел Руис "Петтата спогодба"- исто од Дон Мигел Руис Ги читнав на sakamknigi.com ми изгледаат како интересни,ама така ми изгледаше и "Неџма-патека на сетилата" па крајно се разочарав, бидејќи не бев расположена за религиска мастурбација. Па ако некој ги има прочитано овие три книги,добро би ми дошле впечатоци
Има повеке изданија од Џозеф Марфи, би ти ја препорачала 'Будење' од Антони Де Мело, премногу ми помогна книгава, 'Живот' од Луиза Л.Џеј(мислам дека секоја жена треба да ја прочтиа оваа книга кажува за сите доба во животот од пребродувањето на трауматичното детство до успешното лечење на ракот врз база на здрава исхрана па до позитивни мисли и переродба на самата себе како да сте успешни на сите полиња па се до длабока и мирна старост) , 'Мокта е во Нас' од истата авторка и 'Целестинско пророство' , ги проучува истите теми што и преходниве книги за духовниот мир хармонија како до душевен мир и спокојство како да се справиме со деншното стресно време за ракопис на Маите се зборува кои го предвудувале разојот на натомашниот свет и свеста кај лугето од нивно па се до денешно време, само е во вид на роман ке ја прочиташ во еден здив..
Жена во црвено Ќерката на мојата најдобра пријателка Колачиња за појадок Царицата на Давид Белата кралица Трет степен Подарок Мелем за душата
Ashling јас пак обожавам вакви книги баш интересно име си им дала ' како да живеам ' многу ми помогнале не дека сум го водела мојот живот според нив но работите кои ми се допаднале сум ги пременувала и ме ослободувале на некој начин во секаква смисла, дали ја има во македонско издание оваа книга 'Ослбоди се без дрога' дали би можела да ја најдам низ нашиве книжарници? Овие книги што си ги пишала не сум ги прчитала сум слушнала,а за Коелјо мисалам дека нема утка..
Незнам, не сум ни проверила. Ми ја даде комшивката кога требаше да се оперирам као демек да не сум чувстувала толку болка,ама на кој му е дојдено тогаш до продлабочување во книги Како и да е,има прекрасни цитати кои на македонски јазик нема никогаш да се доловат.
Ja читал некој Страв од летање од Ерика Јонг и Последниот чај од Винка Саздова? Комантари? Кажете некоја интересна книга која ќе те натера да размислуваш за животот, љубовта... само да не биде од оние типично психолошките, да има приказна. поздрав
Страв од летање е убава книга која во тоа време на издавање извршила вистинска феминистичка и секс револуција... денес, во времето во кое живееме и не е така шокантна, за жал. Нептата кои успеваат да не шокираат се сведени на минимум. Стилот е убав, жив, приказната е јасна, кристализирана и обработува квалитетна тема. Меѓутоа , сепак би и дала предност на автобиографијата од истата авторка - Во постела со Демонот. Ремек дело.
Прекрасна книга ептен ми се допадна посебно овој дел : Замисли го животот како игра во која жонглираш со пет кугли.Куглите ги претставуваат работата,семејството,здравјето,пријателите и чесноста.Сите кугли ги држиш во раката.Потоа сфаќаш дека работата е гумена кугла.Ако ја испуштиш,ќе ти отскоке н назад.Останатите четири кугли-семејството,здравјето,пријателите и честа-направени се од стакло.Ако испуштиш некоја од нив,неповратно ќе се оштети,изгребе или дури и скрши.Тогаш кога вистински ќе навлезеш во суштината на приказната за петте кугли,ќе создадеш основа за животната рамнотежа. "Дневникот на Сузана за Николас"-Џејмс Патерсон