Можеш комотно да ја купиш и нема да зажалиш. Ја има во Топер на македонски. А ако си го читала МИсо знаеш дека неговите книги не се раскажуваат. Како и да е ТИ ГАРАНТИРАМ нема да згрешиш.
се согласувам за Мисо, фантастичен е! инаку ви ја препорачувам Другата страна на ноќта, од Шелдон дефинитивно е must have!
Џејмс Редфилд- Десеттиот увид - продолжение на Целесинско пророштво. Книгата е одлична. Кој ја има читано Целестинско пророштво верувам дека ќе сака да ја прочита и Десеттиот увид. Десеттиот увид е книга која ќе ве натера да се запрашате - Зошто сум тука? Која е мојата цел? Во која насока треба да го продолжам својот животен пат? ...
Книгата Целестинско пророштво и јас ја имам прочитано,мислам дека веќе постои и 12 -тиот увид ( ракопис), а има и повеќе увиди од таа книга, кои мислам дека или се веќе откриени или ќе се откријат. Интересна е, дејствието се одвива во Перу, каде еден човек ќе биде во потрага за едни стари ракописи за кои се верува дека се напишани 600 години пред Христа, на хебрејски јазик и во нив се говори за зачувување на природата,човештвото итн.Секако поради тоа што сака да ги открие, ќе биде спречуван од страна на перуанската полиција и војска.Карактеристично е што црквата тие ракописи ги негира и прави се за да не се откријат.Мал дел од книгата ја препорачувам, интересна е, авантуристичка
Мене лично Затоа што те љубам од Мисо не ме воодушеви како што ја зборат. нејсе препорачувам книга Проектот Лазарус од Александар Хемон станува збор за еден босанец, кој живее во Америка и е надежен писател - има план да напише приказна за Лазарус Авербух младо момче евреин исто така доселен во Америка, но убиен во 1903 год. многу млад под многу чудни околности. За да го оствари тоа Владимир Брик ликот,писателот, решава да оди во источна европа во местото каде што се родил Лазарус и да истражува повеќе за него ... и тука почнува авантурата. Што да ви кажам, прекрасна книга, прочитајте ја ако сте во можност. Јас ја зедов од издавачката куќа три уште на саемот и сега најдов време да ја прочитам.
Јас сакам да прочитам некој добар роман или некоја психолошка книга Ако може некој да ми препорача нешто
Злосторство и казна, П.С. Те сакам, Земјата на снегот, Оркански височини, Самрак-сите делови, Дениција.
Денес ја дочитав Пасија според Кармела од Маркус Ангуинис и би ви ја препорачала . љубовна приказана во времето на кубанската револуција е . ако ве интересираат такви книги би ви се допаднала. исто ја почнав и Белата Масаи , може некој го има гледано филмот.
дали некој ја има читано Чекори кон виделината??И што мислите за неа моментално ја видоф и сакам да ја купам ама незнам да не се зафркнам
Нора Робертс - Паднати ангели Убава сторија, поврзана со лудоста и трезвеноста на човекот, љубовта и скриените, потиснати чувства, убиство и мистерии.. Убава книга ч))ЧДЧД
Тереза Ракен од француски писател Емил Зола Романот е психолошка анализа на карактери преку љубовна подлога и едно малку необично семејство интересна книга бргу се чита и е неизвесна до самиот крај, вреди да се прочита
Моментално читам... ах книгии ај некој предлог што да земам за читање вака сеа во за периодов некое љубовни книгиче