Љубовните романи на Николас Спаркс мене ми се најубави. Просто заљубена сум во стилот на тој човек. Еве некои од него: Најмил Џон, Одлука, Порака во шише, Страници за нашата љубов, Чекори за сеќавањe Од други автори: Дали ме чекаш? - Гијом Мисо Да се сака повторно - Даниела Стил Ангелот Џони - Даниела Стил Рајот може да почека - Кели Тејлор
1.11 минути-пауло-П.Коелјо книга која ќе сакате да ја прочитате повторно и повторно 2. Ако некогаш си ме сакал-Симона Винчи кратко и лесно книгиче за читање 3.Времето на лалињата-Дебора Могах доволно е еднаш да се почене да се чита и да се свати колку е прекрасна книгата
Мене многу ми се допаѓаат овие книги ама незнам дали ги има во градската библиотека во Струмица?Ако знаеш кажи
Денес ја дочитав Дали ме чекаш? од Мисо. Книгата е типична за неговиот стил. Лесна за читање и се разбира ве држи во напнатост и неизвесност до самиот крај. Пораката е јасна и универзална, но начинот на кој ја презентира е навистина единствен.
Подмолна убавина - Ребека Џејмс. Писмата на Саманта за Џенифер - Џејмс Патерсон Интересни, лесни за читање, таман за летниве денови. Малце солзи пуштив и на двете, ама не беше дотолку страшно
Оф.. јас сум од Скопје, не знам дали би можело да ги има. Ако ги нема овие, прашај ја библиотекарката да ти предложи таа некое љубовно романче.
Би можел ли некој да ми препорача некоја книга во која има нешто за Дарвин/Дарвиновата теорија ? Би ви била благодарна.
За сите љубители на љубовни романи, ви го препорачувам П.С Те Сакам - Сесилија Ахерн. Прекрасен е, мене ептен ми се допадна, а може и Порака во шише - Николас Спаркс, исто така уште еден преубав љубовен роман на кој пуштив неколку солзи. А сега малку да преминеме на другите романи Знаеш ли да чуваш тајна - Софи Кинсела . Преубава книга напишана со едноставен стил, секој би ја разбрал. И комична исто така, додека ја читав пукав од смеење
Kниги кои кои ги препорачувам, кои мене ми оставиле најголем впечаток и за кои мислам дека на повеќето би им се допаднале се: -Сите од Kарлоз Руиз Зафон(повеќето од вас ги читале и нема некој што рекол дека не се магични) -Ќерката на мојата најдобра пријателка-Дороти Kумсон -Без збогување-Линвуд Барли -Последната конкубина-Лесли Даунер -Mосква на солзите не им Верува-Валентин Чехов -Белата Kралица-Филипа Грегори -На полковникот нема кој да му пишува-Маркиз Oвие ми текнуваат моментално и некои од погоре наведените ми имаат оставено впечаток вреди да се прочитаат.
,,Јас, Мона Лиза''! -Џин Калогридис Се работи за МОНА ЛИЗА, девојката од најпознатиот портрет! Би ја препорачала на сите девојки кои сакаат да читаат книги со случки и приказни од времето на ренесансата. ***Преубава!!!***
^ Се слагам .. ги прочитав и двете во еден здив.. стварно се доста интересни за читање а воедно и несекојдневни
Девојки ајде предложете ми некоја книга од Сидни Шелдон...која е поубава.....ја имам читано само се плашиш ли од темница и навистина добра книга а и другите книги му биле убави....
Да, гневот на ангелите е преубава, потоа Крвна врска, После темнината, Небо пада, оф колку има не ми ни текнуваат веќе
Книги - колку читате и што преферирате? БИ сакала да ми предложите некоја книга слична како овој стил http://forum.femina.mk/knigi/znaes-li-da-cuvas-tajna-sofi-kinsela-t5419/ .... Обожавам вакви книги .. Па би сакала ако знаете да предложите некоја
Операција Амблер- Роберт Ладлам Девојката со портокали- Јустејн Гордер. Така убава и лесна книга за опуштање Се плашиш ли од темница?- Сидни Шелдон Господарот на прстените ( сите три дела нормално )- Џ.Р.Р.Толкин