Ако сте љубители на пародии и траги-комични сцени,тогаш топло ви ја препорачувам да ја прочитате ''Угурсуз'' од Сашо Тасевски.Книгава ме остави без сон,ама затоа слатко ме насмеа,дури го натерав и дечко ми да ја чита.
Здраво прекрасници! Јас морав за вас да го палам лап топов и да ви ја препорачам книгава! „Рингишпил“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ. Едноставно потонав во неа... Се работи за младата Ана Балинт која ќе стане прима балерина во Бољшој Театарот во Москва, пишува за нејзиниот живот, страдања... http://www.ringispil.rs/ еве и веб страна за да видите... Книгава е навистина прекрасна... сеуште ја читам но мислите ми се само во неа... Од срце и ја препорачувам на секоја од вас... Доколку некој ја има прочитано нека сподели...
Која е таа девојка - Александра Потер Внимавај што посакуваш исто од А. Потер Венчален кум - Мет Дан Исто така и Дргите книги од Софи Кинсела се интересни Тајниот свет на една купохоличарка, Купохоличарка во странство итн.
ПРЕКРАСНА КНИГА ЈА ИМАМ ЧИТАНО ПРЕД МН ВРЕМЕ ОДЛИЧНА Е ИЈА ПРЕПОРАЧУВАМ ИСТО И ЈАС ОДЛИЧНА КНИГА ЗА ПАТЕЌЕСВИЈАТА НА ЕДНА КАНАЃАНКА МИСЛАМ?А ВТОРИОТ ДЕЛ Е ОДЛИЧЕН ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ??АКО ГО ЕМАТЕ ВЕКЕ СТОРЕНО ТОА ..ПОЗДРАВ. ПАТЕШЕСТВИЈАТА МИСЛАМ ЛЕЛЕЕЕЕ МОРАМ ДА ГИ СКРАТАМ НОКТИТЕ
Одлична книга којашто истотака е и поучна и мислам дека треба да ја прочита секој адолесцент во оваа денешнина ...Go Ask Alice..од непознат автор..поздрав
Добар ден, таго-Франсоаз Саган Среќен е тој што умее да сака-Херман Хесе Злосторство и казна-Фјодор Михајловч Достоевски (мојата најомилена книга) Пиреј-Петре М. Андреевски Светлина зад ридот-не можам да се сетам на авторот
Препорачајте ми некоја книга слична на ВЕРОНИКА РЕШИ ДА УМРЕ... Во тој стил некоја ... Шо едвај чекаш на крај шо ќе се деси
Побунете се - Stéphane Hessel, http://www.independent.co.uk/news/world ... 74676.html онлине на француски- http://www.millebabords.org/IMG/pdf/INDIGNEZ_VOUS.pdf На мкд ја има во Француски кулутрен центар (иако преводот е мн лош)
"Девојката со портокали" :up: Приказна за потрагата по вистинска љубов и за храброста во животот да се избираат потешките патишта за постигнување на целите.
Ако го дочекам утрото - Сидни Шелдон. Прекрасна книга, уште попрекрасен главен лик. Ми остави длабок впечаток. Вреди да се прочита
Патот по кој поретко се оди од Скот Пек (психологија на љубовта традиционалните вредности и духовниот развој) Д-р Пек е еден од најпознатите свецки психотерапевтио тој во оваа книга ни ја објаснува природата на љубовта како чин на самосоздревање.Д-р Скот Пек ни одговара на прашања како да ја препознаеме вистинската љувов,компатибилност,како да разликуваме зависност од љубов,како да станеме свои,како да бидеме почуствителни родители и многу други работи Д-р Пек е еден од најпознатите свецки психотерапевти
Невеста во Бориџии – Џин Калогридис Папата Јована – Дона Вулфокс Крос Девојката со тетоважа на змеј – Стиг Ларсон Почекај до полноќ – Аманда Квик Раскажи ми ги соништата – Сидни Шелдон
Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт Интересна книга, патем има и филм според неа (Eat, pray, love)