Книга што едвај чекаш на крај што ќе се деси? Дефинитивно: Се плашиш ли од темница - Сидни Шелдон. Неверојатен трилер :up: И нешто по романтично, Шолја чај само не ми текнува писателката кој беше....
Можеби моментално инспирирана од смртта на Amy, се сетив на книгата Ние децата од станицата Зоо. Книгата е исповед на една млада наркоманка, значи вистинит настан, а напишана од двајца новинари кои воделе интерјуа со неа. Мачно е чувството кое го создава додека ја читаш, но ја препорачувам особено на тинејџите или оние кои се родители на тинејџери. Стануваш свесен за околностите кои го туркаат младиот човек кон дрогата почнувајќи од општеството, семејтвото, училиштето и на крај друштвото. И за тоа колку е тенка границата меѓу лесните дроги и интавенската зависност. Не е книга за релаксирано лето, но на тие што не ја прочитале горко им ја препорачувам.
Би можел ли некој да ми препорача нешто од типот на Шелдон, "Ако дочекам утре ?" Некоја таква книга во која што се работи за професионални преваранти и такви некои акции ?
Последна прочитана книга Ај некоја кнга да ми препорачата, а биде некое летно љубовно романче или нешо слично со некоја интересна тема, за читање на плажа. ) фала многуууу
Трилогијата „Го сакам...“-Линдзи Келк Spoiler Го сакам Њујорк, Го сакам Холивуд и Го сакам Париз Страници за нашата љубов-Николас Спаркс Порака во шише-Спаркс Дневникот на принцезата-Мег Кебот(сите делови) Тоа е тоа за твои години...
може ли некој да ми препорача книга која се работи за опшиувањето на дејноста на масоните, по можност роман но со вистински факти за создавањето и работата на масоните?
Не е роман, но можеби ќе те заинтересира ова издание на Култура. http://kultura.com.mk/tekst.asp?lang=mak&key=knigpreb
Еве една листа http://www.kirilica.com.mk/vest2010.asp?id=52934 . Мој совет е последната. Ја имам прочитано , многу е убава. Другите звучат примамливо
Вистинскиот наслов на книгата е „Хирамовиот клуч: фараоните, масонството и тајните ракописи на Исус“... Неверојатна книга која не се базира само на чисти претпоставки, туку на аргументи базирани на факти кои се плод на долготрaјно истражување... Дали свитоците што ги содржат тајните учења на Исус се закопани во Шкотска? Дали евангелијата на Новиот завет го опишуваат Исус, последниот претендент на кралството на Евреите, како ги практикува ритуалите на прогласување краливе на древните Египќани? Дали свитоците со тајните учења на Исус биле закопани под Иродовиот храм кусо време пред Римјаните да го уништат Ерусалим, во 70 година од н.е.? Дали витезите темплари, претходниците на современото масонство, ги ископале овие свитоци во дванаесеттиот век и потоа ги прифатиле ритуалите што биле содржани во нив? И дали овие свитоци биле подоцна закопани под деталната реконструкција на Иродовиот храм, на врвот на еден шкотски рид, каде што лежат и сега, во очекување да бидат ископани? Оваа книга е пресвртница. Наведува на мислење и преиспитување на се она што е, а можеби и никогаш веќе нема да гледаме со исти очи на последните четири илјади години од човековата историја...
Вториот месија - темпларите, Покровот од Торино и големата тајна на масонството претставува продолжение на Хирамовиот клуч и ја доразработува темата од првиот дел. Вториот месија открива дека Покровот од Торино, иако не е икона на етаблираната црква, обезбедува научен доказ за алтернативна, скриена историја на западната цивилизација и за тајните друштва што имаат контрола врз неа. Веќе седум и пол векови едно парче ткаенина се смета за скапоцена реликвија затоа што го носи ликот на распнатиот Исус, но во 1988 година, резултатите од датирањето со јаглерод покажаа дека ткаенината не може да била направена пред 1260 година. Сега нови докази со сигурност потврдуваат дека таа не е фалсификат... но оти ни ликот не е оној на Исус Христос. Решавајќи ја загатката на Покровот, книгава расплеткува уште една подлабока мистерија: како овој средновековен артефакт е директно поврзан со Исус и со човекот кој се верува дека е Исусовиот наследник. Чуварите на оваа голема тајна ревносно се труделе да ја скријат од светот, па дури и од луѓето од сопствените редови. Сепак, не им успеало да ги уништат доказите... скриени во напуштените ритуали на масонството. Овие дела се само почеток на реформа на христијанското размислување и преиспитување на фактите кои толку слепо сме ги прифатиле и сме ги пренесувале со генерации... и двете книги сум ги читала и се топ
Ако некој е љубител на историски романи топло му ја препорачувам Иван Грозни - Валентин Иванович Костиљов...Преубава книга, навистина е огромна, да речам (1385 страни кои за мене не претставуваа никаков проблем) но е прекрасно дело...
Може ли да те замолам да напишеш кратка рецензија на делово од твоја гледна точка? Навистина ме заинтересира, па би сакал да слушнам што тебе толку ти остави впечаток, кога веќе нели го препорачуваш
Сеќавањето на моите стари курви -Габриел Гарсија Маркез Се работи за 90 гдишен страец кој се заљубува прв пат во својот живот на својот 90-ти роденден
Виножитке, прости со закаснување Spoiler немав нет но ти ја исполнувам желбата knigi/ivan-grozni-valentin-i-kostiljov-t7787/ Spoiler се надевам ќе ти се допадне
За сите љубители на трилери од се срце ви го препорачувам трилерот Дванаесетте ноќи-Фолкер Клипфел/Михаел Кобр.Ептен добра книга, држи во неизвесност, исполнета со мистерија и одлична содржина