Препорачајте ми книга,која покрај другото, ја опишува Јапонија, нејзиниот пејзаж, годишните времиња, традицијата. Се заљубив во Јапонија. Spoiler
Приказната за Мурасаки од Лајза Делви. Мислам дека дејството е во Јапоноја Само што пишував за книгата во Моментално читам... И Мемоарите на една гејша (ако не си ја прочитала до сега) И јас веќе долго време сум опседната со Јапонија и чекам некој да препорача некоја друга книга
Интересна ми изгледа. Ти од Штип беше,така? Ја има во нашата библиотека? Едит: Ја имам прочитано Мемоарите на една гејша. Јас тебе би ти ја препорачала Земјата на снегот од Кавабата.
аха, ама мислам дека има само еден примерок. Провери за секој случај а ако глупавите библиотекари не те услужат провери на тој рафтот (кај што е дозволено да гледаме), најдоле, десно.
Нема да кажам ништо повеќе од: ЌЕ ЗАЖАЛИТЕ АКО НЕ ЈА ПРОЧИТАТЕ! Како голем фан на романтичните комедии кој има прочитано стотици вакви книги - дефинитивно сметам дека сум компетентна да ја сместам оваа меѓу најдобрите 5 комедии на сите времиња.
Љубов со мали букви, ама не ми текнува како се викаше авторот (никогаш не ги памтам). Релаксирачко, симпатично книжуле со љубовни елементи. Вреди да се издвојат 2-3 саати за 200 и нешто страници.
Јас на сите тинејџерки и на сите што сакаат да се потсетат на тие тинелџерски денови би му ја препорачала Ангус, танги и бакнување со факање хаахахахах
Судбоносна одлука - Елизабета Арсова. ...нешто тинејџерско, ама вреди да се прочита - мала е, околу 110 странички, а вредноста и е голема, не знам, можеби е причина што се чувствувам толку разнежнето и благодарно што ги имам мајка ми и татко ми и немам таква судбина како младите девојчиња. Топло ви ја препорачувам.
Ја препорачувам на сите девојки, жени Мемоари на една гејша од Артур Голден. Книгава е најубавата книга која сум ја прочитала дефинитвно, ја имам прочитано 3 пати, а и филмот е исто препрепрекрасен.
Богот на малите нешта - Арундати Рој , за сите љубители на неконвенционалната литература која ја следи сложената драма на едно семејство, има фасцинантен и оригинален стил на нарација и кованици од необично креативни реченици и зборови. 300 и нешто страни поетска проза која дрма до срж со агресивно искрената слика за човековата природа, љубовта, предрасудите и да не должам дело кое дефинитивно вреди да се прочита.
Разговор со Спиноза од македонскиот бисер, Гоце Смилевски. Книга полна со филозофија и мудри мисли кажани преку животот и делото на Спиноза. Дело со кое можеби нема да се согласувате, но сериозно ќе ве замисли и ќе ви вроди дилема. Стаклено ѕвоно од Силвија Плат. Писателката е една од омиилените на Ерика Јонг, која за нејзиниот осаменички живот пишувала во својта книга “Во постела со демонот“. Во овој роман доминира сижето на сметка на фабулата. Ама сите знаеме дека важен е начинот на раскажување, а не приказната. Овде сторијат е многу едноставна- девојка која страда од својата психа.
Мора да се прочита. Навистина е прекрасна. Јас почнав да ја читам кога ја земав од библиотека и одма во автобус ја читав и се расплакав... Срамота... ама преубава е!
Ветерници на Боговите ме остави без здив,таква преплетница и на крај.... уау,за љубителите на крими жанрот препорачувам да ја прочитате,јас ја читав цела ноќ....
А, девојки знаете да ми препорачате некоја книга поврзана со психологија, ама да биде некоја поразбирлива за читање зашто имам 14 години.