Неподносливата леснотија на постоењето-Милан Кундера (пред недела дена ја прочитав, а сеуште не можам да си ги средам импресиите) Вештица-Венко Андоновски
Индиго Бомбај од Јагода Михајловска-Георгиева Еден од најубавите романи кои што ги имам прочитано. Сочно животен и недофатно мистичен.Драматичен.Возбудлив.Тревожен.Успокојувачки. Тажен и радосен.Длабок и висок.Темен и светол.И доживеан низ лично искуство.
Ги препорачувам сите книги од Гијам Мисо ( издавачка куќа Топер). Преведени се само 4 книги и тоа: Затоа што те љубам , А потоа, Што би правел јас без тебе и Дали ме чекаше.Сите четири за добро поминат викенд, поздрав.
На сите љубители на историски романи.За историјата на Версајскиот дворец низ животот на четири генерации на жени. На бал со Кралот од Розалинд Лејкер. Мене ме одушеви.
Најголемото чудо на светот од Ог Мандино. Психолошки роман кој што знае како да ви ја врати почита кон себе и самодовербата
ШЕПНУВАЧОТ од Донато Каризи..ако сте за јака криминална книга измешана со убиства, грозотии но сепак со многу интриги и загатки!
Може некој да ми препорача некоја многу добра љубовна книга која ќе те натера да се замислиш малку (по можност да е разбирлива за тинејџери ама да не е и многу детска)?
Последната книга што ја имам прочитано се вика Последната искра, од авторот Даниел Левин. Кој сака трилери со откривање на историски артефакти, нека ја прочита. Од мене има чиста 10. Преубава е, не те остава на мира додека не прочиташ се, во еден здив се чита. Позз
Исповед од харемот- Бранко Милековиќ! Spoiler Можеби стилот на изразување не е на некое завидно ниво но содржината на книгата е многу интересна и потресна! Инаку станува збор за вистинска приказна од животот на една атрактивна девојка од Белград која станува сопственост на еден богаташ од Дубаи! Понатаму е продавана и изложена на непријатни настани, проституција, бегство...
Се од Кишон! Не знам колкумина од вас знаат за генијов. Значи ви го претставувам Ефраим Кишон. Унгарски писател со еврејско потекло кој пишувал во втората половина на 20 век. Напишал огромен број на сатирични и иронични раскази. Јас најдов неколку збирки од мајка ми, на српски и откако се воодушевив од тие си купив уште две ама исто на српски. Не ни знам дали му се преведени делата на македонски. Феноменален писател. На некои раскази буквално сум се виткала од смеење. Го прикажува човекот баш каков што е смешен, трагичен, просто сложен. Одличен, одличен писател.
А потоа...-Гијом Мисо :geek: Spoiler Во книгата ќе читате за еден успешен адвокат кој живее во Њујорк, има многу пари и добар живот.Но, во еден момент тој ќе дознае дека треба да умре, па тоа поттикнува кај него да прави работи што порано не ги правел.Јас сум до таму некаде со книгата, останатото ќе го дознаете кога ќе ја прочитате. Ја препорачувам книгата, затоа што во неа ќе најдете многу интересни размислувања, мисли и ситуации во кои ние секојдневно се наоѓаме и работи што ги мислиме, а не се осмелуваме да ги кажеме