Оххх ја имам прочитано книгата всрце ми е ... Е нешто у негов стил барам таква литература ко негова сакам .
Момичкиии, ајде препорачајте ми некоја книга за подобрување на самодовербата, вербата во себе, некоја со позитивни вибрации кон иднината, како да го зачуваш своето мислење при притисоци...некоја со ваква суме сумаро содржина и тематика, ако познавате, кажете Мерсииии
^^ If tomorrow comes - Sidney Sheldon. Занимлива е книгата, интересна приказна, и пред се‘ разбирлива.
I Heart New York-дефинитивно..верувам дека ќе ви се допадне,доста современа книга што верувајте ми нема да сакате да ја испуштите и тоа ова ви го кажувам јас кој не сум некојси голем читач. Иначе ,,љубам'' не е оваа еротска да не помислиш..само го видов насловот-препорака на книга..а еротска искрено незнам ама имам видено во маркетот во рамстор доста еротски книги..мислам дека се добри според воведот што го процитав на некои од нив..и повеќето се вистински приказни.
Здраво на сите! Јас сум нова на форумов па еве сефте коментар... Би ви ја препорачала Играта на Ангелот од Карлоз Руиз Зафон, ја читав пред некое време и искрено книгата ме воодушеви
Шерлин Кенион- Бакнеж во ноќта, Игра со ѓаволот. Интересни, лесни за читање, женски, малку митолошко-фиктивни ама со еротски моменти од кои ти доаѓа да вриснеш Што се вели, се читаат во еден здив.
Прекрасна книга, последно од Зафон што читав е Марина, топло ја препорачувам на сите љубителки на неговите приказни
Дааа сум ја читала и Марина и Сенка на ветрот инаку во 2012 година треба да излезе како трето продолжение од Играта на ангелот и Сенка на ветрот, не знам точно како се вика книгата ама едвај чекам да ја прочитам, не се сомневам дека ќе е фантастична
Препорачајте ми некој љубовен роман ,не сум многу по ваквите трогателни и срцепарателни дела, ми треба за поклон за другарка е ,( имам мал проблем, мислам дека не постои книга што ја нема прочитано од ваков тип , незнам Даниела Стил , Спаркс и слично па по можност некој нов наслов да е , да ја зезнам )
Ако ти треба љубовен роман би ти препорачала Мidnight in ruby bayou - Еlizabeth Lowell, убава љубвна приказна, покрај приказната има и други интересни случувања во книгава, не е досадна, само книгата е на англиски, исто можеш и нешто од Johanna Lindsey - Love only once, од Johanna сум читала неколку книги сите и се љубовни романчиња лесни за читање, меѓутоа исто на англиски се книгите, можеби можеш да најдеш и на македонски јазик. Се надевам ти помогнав
Би ве замолила да ми препорачате некоја добра љубовна книга што остава без здив значи со добар заплет ама да не е од оние да не кажам патетични.И по можност да не е некоја нова зошто не можам да ги најдам.
Малце чик-литература.. Трилогијата ,,Го сакам,, е одличен избор. За еден здив се читаат -Го сакам Њу Јорк -Го сакам Холивуд -Го сакам Париз
Љубовта на мојот живот-Фишер .Е сега колку би те оставила без здив незнам , за мој вкус се погоди затоа што е воено време и има лесен стил