Дали би можеле да ми препорачате книга која би можела да и ја купам на мајка ми за 8-ми март ? Премногу сум неодлучна и несигурна во мојот избор , па сакам да го слушнам и вашето мислење..
Девојки сакам да ми препорачате некоја книга за самодоверба ако може? Инаку така општо ја сакам литературата и најмногу ми се допаднала Ана Каренина
Клетници од Виктор Иго. Книгата е од 5 тома, но сепак вреди да се прочита. Ова лето ако ја најдам сакам уште еднаш да ја прочитам. Жан Валжан e главниот лик, кој излегува од затвор (обвинет бил за кражба на леб) и сака да започне од почеток. Преку смртен аманет, Жан се обврзува да ја пронајде нејзината експлоатирана ќерка Козета и по лична иницијатива, да ја одгледа како свое дете. Детинесто спасување на светот, свет базиран врз користољубие и профит, свет во кој почитта кон ближниот е сведена на сомнеж и презир, но преку една љубовна заклетва, манифестот за подобро утре повторно се раѓа...
И јас ја препорачувам истата.. многу позитивна книга, која барем на мене ми помогна да гледам на животот и на се што ми се случува само од позитивната страна. Исто така и "Јади, моли се, уживај" - Елизабет Гилберт
Крвав Орел од Крег Расел, ја има во книжариве низ Скопјево, а би требало и во некоја библиотека да ја има. Прилично е дебелка мислам дека има околу 600 стр. , и не е баш лесна за читање како што се крими-романчињата на Кристи. Од оној тип на книги е што ќе те држи во неизвесност до самиот крај. Инаку се работи за детектив кој работи на случај со сериски убиец кој ги убива своите жртви со методот на мачење *крвав орел* кој е доста пати спомнуван во нордиската митологија. Напнато четиво, што нема да те остави рамнодушна Поздрав!
Провери си, би требало да ја има, ако ја нема таа можеш да ја побараш трилогијата Милениум, ако ја немаш читано. Во трилогијата спаѓаат : Девојката со тетоважа на змеј, Девојкaта што си играше со оган, и Девојката што го бутна осилото. Тие сигурно ги има по библиотеките, ако ти се допаѓаат детективски, крими романи и овие се доста добри, само да те предупредам дека исто се на потежок стил напишани, премногу описи, премногу детали, информации и слично(писателот бил новинар и дефинитивно се препознава тоа додека ги читаш книгите) ама вредат да се прочитаат сите четири
би ја препорачала Игрите на гладните од Сузан Колинс.Има три дела Игрите на гладните,Раганјето на огнот и третиот дел Мокингџеј.
Катедрала на морето - Иделфонсо Фалконес. Ми се допадна и на секој што сум му ја дала да ја прочита топло ми се заблагодарил и бил многу воодушевен. Топла но на моменти тажна и потресна приказна за градењето на Санта Марија, познатата катедрала во Барселона и животот на двајцата браќа Бернард и Арнау. Роман за противењето на еден обичен човек кон Инквизицијата и благородништвото и... Па всушност и не би ви откривала повеќе. Сами откријте а јас ветувам дека ќе ви го задржи вниманието, па барем јас седнав да ја читам приквечер а до раното утро беше готова.
Мене нептен голем впечаток ми имаат оставено: Агата Кристи-Убиство во ориент експрес(предобра книга која ќе ве тера цело време и вие да размислувате), Смрт на Нил, Азбучни убиства, Пајакова Мрежа... Ден Браун-Кодот на ДаВинчи Пауло Коелјо-Алхемичарот, Ангелот чувар. Има и други ама сега за сега на овие ми текнува
Сеќавање на моите тажни курви - Габриел Гарсија Маркез ја прочитав 4 пати и сеуште не ми здосади, подобра книга - здравје
книгите од Зафон - Марина,Сенка на ветрот,Игрите на ангелот...која и да е друга и книгите од Агата - Убиство во ориент експрес, куќата на злото, отворени карти, убиство на теренот за голф, во хотелот Бертрам...........подобри книги никогаш нема да се напишат
Би ја препорачала Одлука од Николас Спаркс. Прекрасна, една од најубавите книги што сум ги прочитала, особено вториот дел (се изнаплакав )