Немам прочитано ни една од Зафон. Одамна ги меркам, само ми е „страв“ да не се премногу исфорсирани, а не толку добри. Такво мислење имам да речеме за Хураками. Дајте свое мислење.
Папата Јована - за оние кои уживаат во историските книги. Прекрасна е книгата. Го опишува животот на една девојка од средновековието, која успева да стигне до тронот на христијанството. Невеста во Борџии - историска и оваа. Го опишува развратниот живот кај благородниците и папата Александар четврти или порано познат како Родриго Борџија.
Розата на Севастопол - Катерина Мекмехон Одличен историски роман, кој опишува вистински настани од 19тиот век за време на Кримската војна и претставува сè што треба да биде една добра историска романса.
Ај ако можете да ми препорачате некоја лесна романтична книга, таква срцепарателна, за летен одмор ми треба, сакам да си го пуштам мозокот на пасење. Сакав да ја читам Момчето во пижами со риги, ама некако претешка ќе ми дојде за на одмор . Може да биде и на македонски и на англиски, не е важно. Однапред ви благодарам
Последната песна- Николас Спаркс Во прегратките на месечината- Аманда Квик Во Словенечките гори, Гревот на нејзината мајка- Милица Јаковлјевиќ Сите четири, се романтични и лесни за читање. Гревот на нејзината мајка, е малце поголемка 400и нешто страни, ама брзо се чита и таа.
Да не коментирам за секоја книга посебно, еве уште на почеток ќе кажам дека сите овие книги што ги предложувам мене лично ми оставиле добар впечаток, а дали се соодветни за вашите вкусови може да си проверите според содржината. Spoiler Карол Барбер е актерка која е позната ширум целиот свет. Таа исто така е мајка на две деца, бивша сопруга на еден маж, вдовица и борец за правата на жените. Карол веќе подолго време се обидува да напише роман и по смртта на својот втор сопруг Шон, таа се враќа во Париз за да се пронајде себеси и да се уверери дека пред многу време донела вистински одлуки. Доколку не го направи тоа, таа нема никогаш да биде спремна да го заврши започнатиот роман. По пристигнувањето во Париз, Карол ѝ праќа порака на својата асистентка Стиви, која воедно е и нејзина најдобра пријателка, дека нема да биде достапна некое време и да не се грижи за неа, па излегува сама на прошетка и не понесува со себе ништо, освен доволно пари за да плати такси кога ќе реши да се врати во хотелот. На прошетката таа поминува покрај нејзината куќа во времето кога таа живеела во Париз и ненадејно знае точно како нејзината книга ќе се одвива. Таа се чувствува спремна да оди назад во хотелот и да започне со пишување. Но, таксито во кое таа се качува поминува во тунел после Лувр, каде што таа заедно со луѓето од сите останати возила е жртва на терористичка експлозија, која предизвикува таа да остане онесвестена и неидентификувана во париската болница за итни случаи. Семејството и пријателите на Карол ќе сае загрижат за нејзиното исчезнување, кога нејзиниот поранешен сопруг ќе открие дека таа е во болница и се бори за нејзиниот живот. Кога таа ќе се разбуди од кома има амнезија и не познава никој, дури ни своите сопствени деца и најдобрата пријателка.... Spoiler Ова е трилер за три млади лекарки. Нивните надежи, соништа и неочекувани желби... Д-р Пејџ Тејлор - Со цел да помогне таа причинува убиство од милосрдие (ЕУТАНАЗИЈА), но откако ќе наследи милион долари од тој пациент, Врховниот Суд тоа го смета за убиство. Д-р Кејт Хантер - Прифаќа една смртоносна опклада и со тоа го прекршува ветувањето кон самата себе си - Никогаш да не му дозволи на ниеден маж да ѝ се приближи. Д-р Хани Тафт - За да успее во медицината, таа знае дека треба нешто повеќе од природната интелигенцијата што ја поседува. "НИШТО НЕ ТРАЕ ВЕЧНО"- Нè носи низ трката на одлуките за живот или смрт од Главната Болница во Сан Франциско, до тензичниот огномет на судењето за убиства. Книгата ги разоткрива амбициите на лекарите и убијците, љубовниците и предавниците. Како што приказната стигнува до својот непредвидлив врв, Сидни Шелдон уште еднаш докажува дека нема читател кој може да го разоткрие мајсторот на неочекуваното. Spoiler Топли и задушливи предели на Савана, мистериозна херојка посветена на работата и семејството, привлечен маж кој не се предава лесно-приказна што потсетува на играта на мачката и глушецот... Како самохрана мајка на едно седмогодишно девојче и енергичен и одлучен полициски потпоручник, стручњак за преговори, Фиби Макнамара нема многу време за романси. Но, набргу ќе се најде на метата на убиецот-психопат, а подршката од еден маж ќе биде токму она што и е потребно. Токму тој неодолив спој на челична храброст и чуствителност веднаш го провлече Данкан Свифт. Откако виде како таа вешто го спречи самоубиецот да скокне од кровот, решен е да ја освои таа интригантна, претприемлива жена. Таа е навикната да биде соло играч, но наскоро ќе открие дека никаква преговарачка тактика не може да го држи Данкан на растојание. Spoiler Во далечната 1629 година младиот англиски флејтис Питер Клер патува за Данска да стапи во служба на Кралот Кристијан IV. Тој сфаќа дека се нашол во место на светлина и темнина, место во кое доброто и лошото водат постојана битка за живот и смрт, уште од моментот кога ќе стапне во ледениот подрум под кралските одаи во кој се сместени музичарите. Нарекуван Ангел поради својата убавина, Питер не може да оддолее на шармот на убавата придружничка на кралицата Кирстен, Емилија. Тој е растргнат меѓу должноста и сопствените чувства. Што ќе избере? Прекрасна книга која ќе ве транспортира во тоа минато време и ќе ви направи да посакате да бидете таму и да ги искусите помалку мрачните доживувања на Питер. Книга полна со интриги, тајни, вистинска љубов и валкани афери. Книга која ќе ве остави без здив и не ќе можете да ја испуштите од раце. Оваа книга докажува дека никој и ништо не е совршено, дека за се има причина, дека човечките чувства се целосно променливи и дека понекогаш човекот мора да носи одлуки кои целосно ќе му го променат животот. Која одлука би ја донеле вие? Spoiler Линдзи Боксер е во ординацијата на нејзиниот доктор и само што дознава дека има некое ретко заболување на крвта кое може да ја убие ако не внимава. Во меѓувреме добива повик од нејзиниот партнер кој ја известува дека се случило убиство во "Грант Хајат". Дали почетокот ве заинтересира? Ако ви кажам дека Линдзи е детектив во полициската станица во Сан Франциско и убиството кое треба да го истражува е на двајца младоженци кои се убиени за време на нивниот меден месец, можеби тоа ќе е доволно да ве заинтригира за да го пронајдете првиот од четирите дела на Џејмс Патерсон - Прв за умирање и да го прочитате. Додека истрагата сè уште трае се случува уште едно убиство исто така на младоженци и сега веќе Линдзи сфаќа дека станува збор за сериски убиец! Официјалната истрага и покрај тоа сè уште на покажува значајни резултати, Линдзи заедно со нејзината пријателка, која случајно е и доктор по судска медицина и работи на случајот, почнуваат сопствена истрага. На нив им се придружуваат уште две жени ( нема да ви откријам кои се тие ) и сите заедно го формираат "Женскиот клуб за решавање на убиства" со цел да го откријат идентитетот на убиецот. Сите тие жени ги здружуваат нивните сили, нивните таленти, храбрости и нивните размислувања се со цел да ја решат мистеријата која ги споила сите нив заедно. Дали тие ќе го откријат убиецот пред да биде премногу доцна? Може ли Линдзи да ја победи болеста? Дали нејзината љубовна врска ќе успее? Сето тоа ќе го откриете ако го прочитате романот. Можеби читајќи го ќе мислите дека знаете кој е убиецот, но ве уверувам дека до последните страници нема да го дознаете тоа! Во некој нареден пост, повеќе наслови.
,,Невеста во Борџии,, - ако сте по историски книги. Мене ми остави голем впечаток! Многу добра книга!
Девојки де препорачајте ми некоја книга да си земам од библиотека,нешто слично на Сексот и градот,Во лов по Хари Винстон,нешто каде што се зборува за забави,мажи,некои пријателки...
Дај препорачајте книга во пдф формат да можам да ја читам на компјутер, за здрава исхрана, за здраво слабеење, нешто околу тоа.(знам една феминка имаше читано на српски мислам) Ај ако знае некоја нека ми постира линк, фала однапред.
Затоа што те љубам Игрите на гладните ( со совоите две продолженија) Јади, моли се и уживај (јас ја читав на англиски) Сега по препрорака од друрка ќе ја земам П.С. те сакам
Уште не сум ја дочитала, ама најтопло ви ја препорачувам Рингишпил. Ме допре книгава што ја вбројува во ретките. Spoiler
Внимавај што посакуваш, можеби ќе ти се исполни - Александра Потер Предобра книга, стварно вреди да се прочита!
Игрите на гладните Spoiler …во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12-те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13-тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши. Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години – наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан… а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст. Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е… ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа… се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите. Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената – ОСТАНИ ЖИВ! Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.