Девојки, препорачајте ми некоја книга, интересна, да биде некоја што можам да ја најдам низ Македонија, да одговара за 14 годишна, ама по можност да не биде чик- лит. Нешто како: Молчи молчи, надарени, последната песна, од горјан петревски ми се сите прочитани... Однапред ви благодарам Купохоличарка (shopaholic) ама на англиски е. http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=39
Роза за балерината- Лурин МекДениелс Чекори за сеќавање, Страници за нашата љубов, На прв поглед- Николас Спаркс сагата Самрак- Стефани Маер сериалот Хари Потер- Џ.К. Роаулинг Рингишпил- Ј.Б. Алимповиќ и др.
Јужно од границата, западно од сонцето - Харуки Мураками Од книгава не очекував премногу онака.. Но, пријатно ме изненади. Едноставно се внесуваш во приказната што ја раскажува човекот, се соживуваш.. Топло ја препорачувам
Mислите дека ја има книгава во библиотека Миладиновци,или само се купува -Чокохоличарка на диета - Керол Метјуз ??Итнооо!!! Плус ако може некој љубовна книга или нешто интересно ко за 17 годишна девојка ,но да ја има во библиотека
Љубовна : Страници за нашата љубов- Никола Спаркс Оваа не е љубовна , ама е многу интересна. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
Препорачајте некоја психолошка книга. Нешто за поголема самодоверба и слично, како: Една минута за себе - Спенсер Џонсон Моќта на потсвеста - Џозеф Марфи Тајната - Ронда Брин
„Во прегратка на месечината“- Аманда Квик - интересна книга, лесно се чита и не е чик литература мислам дека баш е погодна за твоја возраст. А можеш да ја најдеш и во градските библиотеки
Дваесеттата сопруга - Инду Сундаресан Роман за најпознатата и најконтроверзната царица-жена чиј ум и решителност преброделе бројни препреки и чија љубов го трасирала патот на Могулското царство. Името и е Мехруниса, Сонце-жена. Растејќи во раскошниот двор на царот Акбар, Мехруниса созрева во дете со сафирни очи, благословено со самоуверена интелегенција, блескава убавина и амбиции што ја надминуваат силата на нејзиното семејство. Мехруниса го запознава младиот принц Селим на денот на неговото венчавање. Во миговите додека се слави бракот на идниот цар, Мехруниса си поставува цел во животот. Со неверојатна самодоверба решава еден ден да биде жена на Селим. Има само осум години и воопшто не ја насетува високата цена што ќе ја плати, таа и нејзиното семејство за сонот што го сонува. Овој роман е напишан според вистински докази и артефакти, според вистинска сторија, а за тоа доказ е и извонредниот мавзолеј Таџ Махал, изграден во чест на една фасцинантна жена, во историјата позната како Мумтаз Махал.
Светот на Софија - Јустејн Гордер Неколку пати ја спомнав книгата низ форумов бидејќи ме воодушеви со нејзината навидум едноставност и длабочина во која тоните кога ја читате. Бездна е се што се наоѓа позади тешките животни прашања кои не измачуваат нас, луѓето, надарени или да речам проколнати со разум. Историјата на филозофијата заслужува да и дадете шанса. Којзнае, можеби и вие ќе бидете привлечени од магијата на прашањата кои немаат одговор, а теории во изобилство... Уф, се занесов малку тука. Како и да е, верувам дека книгава нема да ве разочара. Има околу 500 страници, ама ниту еден збор за фрлање. Препорачувам!
Топло ви ја препорачувам "Разговори со Бога" од Nil Donald Volš поточно тоа се 3 книги, незнам дали можете да ги најдете во библиотека, јас ги позајмив од една пријателка која што ги купи од охрид Ќе добиете одговори кои ќе ви го промени вашиот живот и вашиот став. Ќе ги добиете одговорите по кои цел живот копнеете да ги слушнете... ќе го чуете Бога во вас... ќе научите да разговарате со бога... ќе станете негов пријател... ќе го барате во вас секогаш кога ќе ви биде најпотребен, и ќе добиете одговор... ...сум прочитала премногу книги, но ова дефинитивно е школо за цел живот
Девојката со тетоважа на змеј од Стиг Ларсон-Одличен трилер.Првата книга од трилогијата најмногу ми се допадна,но и другите две не се за потценување. Дигитална тврдина-Ден Браун.Силно ја препорачувам!Книгата не те остава мирен и постојано те држи во неизвесност.Ден Браун дефинитивно е цар во пишувањето на фантастични трилери.
Тајната историја на Језуитите - потресна историја за еден од највлијателните редови во католичката црква, Језуитите.
Не знаев точно во која тема да прашам, модераторите нека ме преместуваат ако треба: Колку пари е во книжара книгата Моќта на потсвеста од Марфи? Зошто прашав на две места денеска на тезги и на едно место ми рекоа 400, а на друго 300. Ми фали оваа книга во колекцијата, па сакам да си ја купам.