1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорачајте книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од natasa.vakanska, 25 февруари 2010.

  1. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Која книга би ја препорачале за 11годишно девојче? Роденден и е на сестра ми па сакав книга да и подарам. :)
     
  2. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Малечката Фадета - Жорж Санд (Лектира е во трета година средно мислам, но доволно разбирлива и лесна за читање и на 11 години.)

    На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн (Љубовна приказна, баш прилагодена за таа возраст) или

    Хрониките на Нарнија - К.С. Луис (Серија од седум книги, но мали, фантастични, уживав читајќи ги на 11-12 годишна возраст.)

    Редоследно одат вака:
    The Magician's Nephew (Внукот на маѓесникот)
    The Lion, the Witch and the Wardrobe (Лавот, вештерката и ормарот)
    The Horse and His Boy (Коњот и неговото момче)
    Prince Caspian (Принцот Каспијан)
    The Voyage of the Dawn Treader (Патешествието на бродот „Мугра“)
    The Silver Chair (Сребрениот стол)
    The Last Battle (Последната битка)

    Јас предлагам да и ги купиш првите два дела (бидејќи се некаде околу 150 ден) и се надевам со тоа ќе ја натераш да го прочита целиот серијал. :)
     
    На zence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Сакам на другарка за роденден да и подарам некоја книга, па ако може да ми препорачате некоја добра која вас ви се допаднала :)
     
  4. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Jaс би ти ja препорачала П.С Те сакам, бидејќи мислам дека е книга која што никого не би оставилa рамнодушен... :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    10.102
    Пилешка супа за душа, прекрасна книга за сите возрасти, нема да ве остави рамнодушни.
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Некоја од книгите на Горјан Петревски.Пример Споменка. Мислам дека е совршена за таа возрас,или било кој од деловите на Споменка.
     
  7. zaki288

    zaki288 Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Избришани мислења

    ЈАС! според мој вкус е добра,подобра од филмот.

    Некој да ми даде препорака за книга на книга,некој добар трилер или нешто во стилот на агата кристи? По можност "постара" да ја најдам во некоја од градските библиотеки? :whew:
     
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе сум за љубовни романи.
    Планирам да ја земам пс.Те сакам,но препорачајте ми и други некои кои што ве оставиле без здив. :)
     
  9. molikaMk

    molikaMk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    2.494
    ЈАс ти ја препорачувам Москва не им верува на солзите од Валентин черних . љубовен роман, го прочитав во еден здив..мојата омилена книга :)
     
  10. GabrielaTheOne

    GabrielaTheOne Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Победникот е сам - Пауло Коелјо.
     
  11. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549

    Возвишената убавина на непознатото - Инду Сундаресан,не сум обожавател на љубовни романчиња,но за оваа симнувам капа! Инаку акцентот не е стварен само на поглавјето-љубов :)
     
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Затоа што те љубам или Знаеш ли да чуваш тајна, преубави се нема промашај, се читаат во еден здив.
     
  13. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Aјде девојки ... следно што сакам да читам е книга во која се зборува за двајца вљубени што се разликуват во години и мора да поминат преку некој пречки ... бла бла ...и да има хепи енд .. :D
     
  14. Miamigirl

    Miamigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    25
    Јас ви ја препорачувам книгата "Калуѓерот што го продаде своето ферари" :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Пред неколку години ја читав на српски. Се вика „Мелем за душу“, имињата на корицата кои се наведени како автори не ги запомнив, бидејќи тие само ги собирале приказните од анонимни, но и од познати личности. Се работи за кратки вистински приказни. Книгата е поделена на неколку дела, еден за љубовта, друг за пријателството, трет за семејството итн. Секој дел има по неколку кратки приказни раскажани од оние на кои им се случиле.

    НАЈТОПЛО ја препорачувам и сум сигурна дека ќе допри до секој од вас, затоа што секој ќе се пронајди барем во една од тие случки, а и многу е поучна. Ако можите да ја најдите или ако некогаш ви падни во раце обавезно прочитајте ја.
    Јас сигурно ќе ја земам повторно.
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Да ми препорачате некоја книга,со психолошки карактер :?:
    Или така логичка да е,ако ме разбирате :?:
     
  17. trendafilce

    trendafilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    ПРИБЕЖИШТЕ од НИКОЛАС СПАРК неверојатна книга со таква тематика,топло ја препорачувам :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    На nonenceee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.295
    Пол:
    Женски
    A каде може да се најде оваа книга?Bо библиотека или ја има во книжарите?
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Tри метри на небото -Федерико Моча
    Прекрсана книга, нема да можете да ја пуштите од раце. :)
     
  20. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Предлог за книга за релација машко-женски односи

    Во последно време покрај психолошките книги, многу читам книги на тема релација машки:женски односи. Мислам дека ваквиот тип на книги можат да дадат огромен придонес во подобрување на една врска/брак. Пожелно би било уште од рана возраст да се читаат вакви книги за да сфатиме дека некои работи се впишани во генетскиот код на полот, дека не можеме да ги промениме и затоа за нив не треба континуирано да се нервираме. ;)


    Една од моите најомилени книги е Мажите се од Марс, жените се од Венера од Џон Греј. Книгава е одлична, колку ли само се препознавав себеси и дечко ми :rofl: и многу работи сфатив за машкиот пол, односно ги осознав причините зошто на таков начин реагираме.

    Дали и вие читате вакви книги? Давајте предлози за вакви книги!
     

    Прикачени фајлови: