Предлог за книга за релација машко-женски односи Не сум којзнае каков љубител на вакви книги, можеби затоа што не им придавам големо знаечење. Ама една книга ми остави добар впечаток Spoiler Зошто мажите не слушаат, а жените не знаат да читаат мапи. Напишана е од брачен пар социолози - психолози, така нешто... Одамна ја листав, не ја читав ја листав. Уште средно бев, ни ја донесе професорката по биологја на еден час, па ме зантересира и си ја симнав од нет. Ми се допаѓа како прават паралела помеѓу задачите што ги имале мажите и жените во праисторијата развојот на нивните способности. И фамозните слики на машкиот и женскиот мозок што сигурно ви се познати Spoiler
Предлог за книга за релација машко-женски односи Читав една книга “Зошто мажите сакаат секс, а жените бараат љубов“, интересна е и има вистина во неа.
Ќе може ли да ми препорачате некоја книга слична како "Why men love/marry bitches" .. многу ме заинтересира, сакам да прочитам повеќе такви
На драго срце сакам да препорачам неколку научни трудови кои ми се потребни за факултет. Златна гранка од Фрејзер Нема превод на македонски и многу тешко се наоѓа, а ако се најде си траже солидна паричка. Еден ден има да ја имам! Можете да ја најдете онлајн, само ептен е непрегледно. Мака мачам за да ја напишам истражувачката ама вреди. Сенката на заборавените предци Шо е најинтересно, се зборува за човекот ама ретко нешто за него да прочиташ. Интересно разработени теми. Ќе бидете како Богови на Ерих Фром Не се секирајте, не е самопомагачко книжуле http://logos-edu.com/default.aspx?m=0&b ... a21f8dc49a Аспекти на митот од Мирча Елијаде! Впрочем, се од него! И еве едно романче за душа со кое заспивам секоја вечер. (ова ме потсети на муабетот на Трендафилка за чик литературата, нема да заспиваш со неа туку ќе те држи буден цела вечер )
Овие две ништо чудно веќе да сум ги препорачала. Станува збор за Заробени сништа - Марина Немат и книгата подолу. Илјада неверојатни сонца - Халед Хосеини
„Тројца во кревет“ (не ми текнува како се викаше писателката) Spoiler третиот човек не е некој љубовник или љубовница, туку непланираното дете на еден брачен пар кај кого и мажот и жената своите животи ги посветиле на своите кариери, никогаш не сакале потомци и нивната врска од корен се менува со доаѓањето на бебето. Топла, хумористична, ќе се смеете до солзи на моменти
Претпоставувам дека е со иста содржина како и филмот... Што мислите вие? Подобар е филмот или сепак да си ја прочитам и книгата ?
Исповедта на една акушерка - Дајен Чемберлен Едно 500 страни е...но се чита брзо, во еден здив...приказната е восхитувачка! Вреди, навистина ви препорачувам да се прочита.
Има ли некој да ми предложи некоја криминалистичка книга онака цела вузбудлива напната што ќе се случи итн ,а (може и некоја во вид на хорор филм)
може мене некој да ми каже некоја мн возбудлива и интересна книга и да не биде мн долга........и ако може од некој наш мк писател! фала ви однапред!
Софи Кинсела : Купохоличарка и нејзината сестра Купохоличарка и бебето Знаеш ли да чуваш тајна Александра Потер - Сите нејзини книги
Англискиот Атентатор - Даниел Силва Ова е една од оние „кога ќе пораснам ќе бидам холивудско сценарио“ книги. Интересен трилер што се чита во еден здив Августус Ролфе е богат швајцарски банкар со вкус за врвни уметнички дела, тежок карактер, мрачна тајна, несреќно љубопитна сопруга, две деца и многу лоша натална карта. Жена му се самоубива откако дознава што тој крие, неколку години подоцна синот загинува во велосипедска трка, а Ана во музиката наоѓа прибежиште од семејната трагедија и потполно е оттуѓена од Августус. Покрај тоа се сомнева дека татко и е на некаков начин поврзан со самоубиството на нејзината мајка. Габриел Алон е реставратор на слики / поранешен таен агент. Испратен е кај Августус за да реставрира слика од Микеланџело, но во раскошната вила го наоѓа стариот банкар мртов. Бидејќи во земјата е баран за убиство извршено пред многу години знае дека не смее да повика полиција и одлучува да избега. Но набрзо потоа е уапсен, а уште побрзо ослободен по преговорите помеѓу швајцарските власти и неговите поранешни работодавци. Габриел е информиран дека Августус непосредно пред смртта решил да ја открие мрачната тајна пред Габриеловите работодавци . Е сега неговите поранешни работодавни не се повеќе „поранешни“ и Габриел е принуден да го открие убиецот на банкарот. Едниствената трага се вика Ана Ролфе ...
Игрите на гладните 1 дел, Раѓањето на огнот 2 дел, Мокинџеј 3 дел. Дефинитивно ќе се заразите од книгиве