Драгица Најчевска - Омраза-длабоко Книга која ја прочитав во еден ден, неможев да ја оставам а има околу 200 страни
^ Се согласувам. Омраза - длабоко е навистина прекрасна книга, со жална и потресна приказна. Препорачувам и јас.
Шепнувачот - Донато Каризи Морам да напоменам дека писателот студирал право и криминологија и на почетокот пишувал сценарија за серии, па мислам дека можете да претпоставите за каква приказна и неверојатна содржина станува збор. Нека не ве плаши бројот на страниците, ветувам дека вниманието ќе ви биде задржано се до последната страница.
Женски препорачајте ми некоја книга која има слична тематика со Лолита од Набоков,книга каде што се зборува за врска помеѓу млада девојка и возрасен маж...
Од Џули Џејмс книгите („Нека победи подобриот“, „Мојот личен FBI агент“, „Само најсекси маж што постои“), „Рајот може да почека“ (не ми текнува името на авторката), петте книги „Го сакам ...“ од Линдзи Келк, можеш било која книга од Николас Спаркс (љубовни и убави романи-со него нема грешка за ниеден тинејџер) .... хммм тие сега ми текнуваат Ако ми текне уште некоја ќе допишам Едит: книгите од Александра Потер („Внимавај што посакуваш“, „Која е таа девојка?“, „Мојот господин совршен“) исто и „Знаеш ли да чуваш тајна“ од Софи Кинсела
Сакам да ми препорачате некоја љубовна тинејџерска книга..нешто како во стилот на Горјан Петревски..Сите негови книги ми се прочитани.Некоја романтична,љубовна,да те тера да плачиш,а сепак и да се соживуваш со ликовите на тинејџерите. Фала однапред
- „20.000 милји под морето“ - Жил Верн - „Ехото на старата тага“ - Горјан Петрески - Црни и жолти - Славко Јаневски - Уличето со обетки од цреши - Михо Атанасовски - Мојот звук - Оливера Николова - Субината на еден Чарли - Александар Поповиќ - Милосија - Ката Мисиркова - Руменова - 35 Maj - Ерих Кестнер - Белото Циганче - Видое Подгоред - Оливер Твист - Чарлс Дикенс. и многу други... моментално овие ми текнаа.
Од предложениве ги имам прочитано „20.000 милји под морето“,Црни и жолти - Славко Јаневски и ,,Црни и жолти'' - Славко Јаневски ќе се потрудам да ги најдам некои од предложениве и да ги прочитам ти благодарам
Сакам книга во која се расправа за некоја дама која што шета низ светските метрополи, за жена која што ја сакаат многу мажи, VIP фаци и по можност да има шанси да се наоѓа во градските библиотеки?