„Последната песна“-Николас Спаркс (и сите др.негови книги) „Која е таа девојка?“ и „Внимавај што посакуваш“ - Александра Потер „Го сакам Њујорк“ - Линдзи Келк (тоа ти се 5 книги продолженија: Њујорк, Холивуд, Париз, Вегас, Лондон) „Рајот може да почека“ (не ми текнува авторката) „Ангелот Џони“ - Даниела Стил „Нека победи подобриот“, „Мојот личен ФБИ агент“ и „Само најсекси маж што постои“ - Џули Џејмс „Знаеш ли да чуваш тајна?“ - Софи Кинсела „Мали, слатки откази“ - Сали Кослоу Ај доста ти се сега за сега
Без збогување- Линвуд Баркли Дали ме чекаш ? - Гијом Мисо Ловец на змејови- Халеид Хосеини Седум дена за вечност-Марк Леви Заедно-Џоди Пико
Книги - колку читате и што преферирате? Може ли некој да ми помогне да одберам книга,ми треба да биде со убава содржина,за поклон ми е,ми кажаа дека за време на бременост каква книга ќе чита девојката таков ќе биде животот на бебето и сега сакам да најдам некоја книга со убава и весела содржина за таков да биде и животот на бебето....фала ви однапред.поздрав
„Која е таа девојка?“ и „Внимавај што посакуваш“ - Александра Потер ејјјј овие книги се многу фини. откога ги прочитав на форумов ми текна дека ги имам читано.
Нешто слично на љубов - Џули Џејмс - Книгата е прекрасна, дефинитивно ми се допаѓа стилот на Џули Џејмс и нејзината смисла за хумор. Книга која ја прочитав во еден ден, како и сите други нејзини книги што ги прочитав во еден здив. Дефинитивно ја препорачувам.
Затоа што Николас Спаркс ми е омилен, можам цел ден да пишувам за сите негови книги, сега за сега 8 на број прочитани, амаа... ...ниедна книга ни од Николас, ни од познатите автори, не се споредува со ,,Исповед од харемот"- Бранко Миленковиќ и ,,Рингишпил''- Јелена Бачиќ Алимпиќ Женички, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да ги прочитате. Прекрасни, совршени, премногу поучни за нас, нема шанси штом почнете да ги оставите, цел свет ќе го баталите се додека не стигнете до последната реченица. Прво што ќе направите кога ќе имате слободно време, книгиве во раце
Знаеш ли да чуваш тајна? – Софи Кинсела, Внимавај што посакуваш - Александра Потер, Рајот може да почека - Кели Тејлор, Некој како тебе – Сара Десен, Препушти се – Сара Десен, било која од Николас Спаркс..
Ретко ваква автобиографија.. Very touching. Ја читав на англиски, и-бук, но сепак, секоја чест и многу импресивно патешествие на Сара Бернхард... + наравоучение.
Сите што се наведени ги имам прочитано и навистина се преубави, освен од Николас Спаркс. Уште би ги додала и: Мојот господин совршен - Александра Потер Дали често доаѓате овде- Александра Потер Фактор бивши- Андреа Семпл Еднаш во животот - Кети Кели ...
Препорачајте ми книга во која тематиката би била искрена љубов ( со среќен крај ) исто доколку би можеле да ми дадете предлог за некоја книга за малку повозрасни - за подарок ми е, можеби некои психолошки роман
Би ти препорачала некоја или што е можно повеќе книги од Зафон. Не е апла хорор, ама мене морници ме лазеа, одлично доловена мистерија со доза на хорор. Мене ми се допаднаа. Принцот на маглата, Полноќна палата и Септемвриски светлини. Имаш на англиски книгуфчиња на нет, бар тоа не е тешко. Откуцај таму на Гугл, одма ќе ти најде според жанрот.