Искрена љубов: можеш некоја од Николас Спаркс како „Последната песна“, „Драги Џон“, „Вистинскиот верник“, интересна е „Знаеш ли да чуваш тајна“ од Софи Кинсела, или некоја од Нора Робертс: „Паднати ангели“, „Вечерва и засекогаш“, „Краеви и почетоци“. Понови изданија се оние на Џули Џејмс - смешни и сите имаат happy end.
нутриционизам и фитнес книги Дали некој може да ми каже некој книги за нутриционизам и фитнес бидејќи тоа многу ме интересира и сакам да знам?
Препорачајте ми некои добри книги за жената во исламскиот свет, како низ конкретни приказни се раскажува нивниот живот. Немојте некои како Бадем, бидејќи воопшто не ми се допадна таа книга
Не сум ја читала „Бадем“ и не ја знам конкретната тема на таа книга. Но, на оваа тема би ти ја препорачала „Илјада неверојатни сонца“. Авторот се вика Халид Хосеини. Исто, убава и е „Девојките од Ријад“ од Раџат Алсанеа. Многу ми ја збореле и „Љубов во ранетата земја“, но не сум ја прочитала таа.
''Љубов во ранетата земја'' е одлична книга.Барем јас ја прочитав многу бргу и ми остави голем позитивен впечаток И една што секогаш ја препорачувам,што ја имам прочитано неколку пати и пак би ја читала е ''Исповед од харемот''
- Рингишпил- Јелена Б.А - Писмото на госпоѓа Вилма -Јелена Б.А - Калуѓерот што го продаде своето Ферари - Робин Шарма - Едно лето во Италија - Луси Гордон - Атентат - Јасмина Кадра феноменална книга што мене лично многу ми се допадна - "Илјада неверојатни сонца" од Калед Хосеини и сите романи од Агата Кристи
Дали некој ја има читано книгата? Ако сакате добра книга,тогаш сигурно нема да се покаете ако ги прочитате книгите од НИКОЛАС СПАРКС.За мене еден од најдобрите писатели. Прочитајте ги прво ПРИБЕЖИШТЕ,ПОСЛЕДНА ПЕСНА .. Бидете сигурни дека нема да се покаете.Исто така кој го нема гледано филмот THE NOTEBOOK, може да ја земе книгата да ја прочита се вика "Страници на нашата љубов" .. Сепак мислам дека прво треба да ја прочитате ПРИБЕЖИШТЕ.Секој пат кога ја читав се воодушевував на стилот на кој е напишана,како е напишана итн.Најдобра е.Јас сега ја барам исто така од него ПОРАКА ВО ШИШЕ но никако неможам да ја најдам :/
Марина - Карлос Руиз Зафон. Прекраснотија, не можев да ја оставам, буквално. Ме обви со мистерија и ме потресе .. и додека читав, и додека лежев пола час и размислував за неа, откако ја завршив.
Па би ти ги препорачала останатите книги на Џон Грин, ако ти се допадна неговиот стил на пишување, таман ќе ти се погодат
Јас би ви ги препорачала сите книги од Александра Потер. Многу ми се допаѓа нејзиниот стил на пишување, лесен, смешен. На моменти има неколку нереалени нијанси што и се прифатливи затоа што според мене ги прават книгите поинтересни за читање. Ги имам прочитано Која е таа девојка, Мојот господин совршен и Внимавај што посакуваш.
Последниве две книги ми беа околу животот, Универзумот, правилата за успех, а сега сакам некоја лесна книга, за опуштање, со убава љубовна приказна која ќе ме воодушеви и ќе те тера да ја прочиташ во еден здив. ПС. Звучам со постов како оние што пишуваат пораки на Крт мрт и бараат партнери
Марина-К.Р.Зафон Кој не ја прочитал не смее да умре а да не го направи тоа ! Наредба е сфатете сериозно !
Последно ја читав Something about you од Julie James на англиски ама има и македонски превод и насловот на македонски мислам дека беше Мојот личен FBI агент. Ја препорачувам на сите! Феноменален сплет од трилер, романса, преубаво и детално опишани административните работи на јавното обвинителство, поединечните делови од работата на FBI агентите како и детално опишани секс сцени!!!! Ми се допаѓаат сите книги од Julie James и моментално барам на интернет да симнам уште една книга од неа A lot like love дел од трилогијата со FBI агентите...па би ве замолила ако некоја од вас знае линк за торент или било што друго за симнување на книгата во pdf формат ве молам да ме известете! Благодарам однапред
Предлог за книга Драги луѓенца, потребен ми е ваш предлог за книга со навистина интересна содржина и со неочекувани дејства. Имам премногу книги прочитано што веќе незнам кои. Само сакам некои напнати, и тешки за читање. Прифаќам секаков жанр. Не сакам некои напнати и тешки за читање. *