Предлог за книга Имаш читано некои од Сидни Шелдон?? Мене тој ми е омилен автор, ти ја препорачувам "Песокот на времето".
Последна прочитана книга и кратка критика би сакала да издвојам неколку што ми се допаднале многу и што мислам дека ако ги немате прочитано, би требало веднаш да поработите на тоа: 1.Мајката на Перл - Морин Ли 2.Некој како тебе - Сара Десен Од Сидни Шелдон Ѕвездите блескаат на небото, Песокот на времето и Другата страна на ноќта...Посебно ми се допадна Ѕвездите блескаат на небото затоа што, незнам, некако дава волја за напорно работење и за достигнување на целта, за тоа колку многу можеме да успееме само ако напорно работиме..
Препорачајте ми некоја книга од Александра Потер? Spoiler Освен „Внимавај што посакуваш“ и „Не си тој што го посакувам“.
^^ „Повикај го Ромео“- во претпознатлив стил на оваа авторка, малку и е предолг заплетот ама затоа има интересен расплет. И „Мојот господин совршен“ е добра
Ја барам книгата . . . Може да препорачате некоја добра книга нема врска дали ќе биде Роман,Лектира,Поезија и др. Само нека биде некоја интересна например што ќе те привлече да читаш!(интересна книга)...
Ја барам книгата . . . http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=70 Попривлечна од оваа здравје Шала на страна книгава е супер како и сите од истата писателка Аирлија читање доколку се одлучиш да ја земеш
„Двојничка„ и „Во името на предците“ двете се од Тес Геритсен. Ако најдите било што од авторкава не го пропуштајте...
Девојки сакам да купам една од овие две книги, некој што ги има прочитано нека ми препорача која е подобра и поинтересна и
Вероника реши да умре-Пауло Коелјо Го обожавам Пауло.Нема негова книга што не ми се допаѓа.Ги препорачувам сите.
Savana убави се на свој начин и двете, не може да се споредат. Внимавај што посакуваш е чик лит, значи нешто лесно, забавно и хумористично. Рингишпил има трогателна приказна, приказна за животот на една балерина која верувам ќе те допре. Така што зависи за што си повеќе и што ти се чита.
Имам две класни т.е една што отиде во пензија ама ке ни дојде на полуматура па ако сакате да ми препорачата некој книги да купам ама да можам да поминам со 500 денари највеке и да биде интересна. Јас сакав да им ги купам двете книги од Винка Саздова(последниот чај, полињата со диви нарциси) ама незнам дали се за таа намена...Мислам сакам да се секаваат на мене и да не ме заборават...за утре ми треба ако може некој?
Здраво, ми треба книга за тинејџери, а да не е лектира. Сега ќе сум осмо одд., и не сакам да читам лектири туку други книги. Книги што ми се допаднаа беа Марта од Горјан Петрески, Исти Очи- Горјан Петрески, Сама од Горјан Петрески, Снеговите на Климентина Евин од истиот автор... Во главно од Горјан Петрески ми се допаѓаат, но не мора да бифде од него... Нека биде онаа класична прва љубов, прв бакнеж итн... Па и јас малку да пофантазирам летово...