Моментално читам... Минатата недела ја завршив "Дневникот од Сузан за Николас"-Џејмс Патерсон, а пред некој ден "Роза за балерината"-Лурлин МекДениел. Двете се многу убави, многу емоционални, трогателни.. Сега нзм која да ја читам следна .. Која би ми ја препорачале?
Девојки акп знаете препорачајте ми некоја книга штп раскажува за двајца заљубени што живеат на далечина нешто како врска на далечина..??
хмм.. Три метри над небото- Федерико Моча Прва љубов во розевата улица-Натали Спасова Дневникот на Принцезата- Мег Кебот Ги имам прочитано и ми се допаднаа сите.! Ете долу ти оставам линк од некои други книги, разгледај http://sakamknigi.mk/index.php/drami/young-adult?limitstart=0
Здраво на сите Има доста книги кои би ви ги препорачала,но за почеток ќе почнам со книгите од Џули Џејмс,благодарение на Сакам Книги ги имаме скоро сите кај нас Нека победи подобриот,Нешто слично на љубов,Мојот личен ФБИ Агент,Само најсекси маж кој постои. Oвие книги се феноменални,супер,шарматни,весели,смешни,страст,љубов,совршени дијалози имаме,искри летат на сите страни,преубави чик лит книги-романси Уште од како е прочитав книгата Само најсекси маж кој постои,со нетпрение е очекувам секоја една книга од Џули Џејмс,прекрасно пишува,нема да зажалите доколку се одлучите да прочитате некоја книга од Џули Џејмс,затоа што нејзините книги се полн погодок
Најдобрите книги кои некогаш сум ги прочитала: 1.Белата Масаи; 2.Злосторство и казна (психолошки, но мн добар); 3.Кој ќе плаче кога мене ќе ме нема; 4.Вероника реши да умре; 5.Марина; 6.Ејми ја нема (добар трилер)..
Точно така и јас ви ја препорачувам авторката Џули Џејмс, книгите и се одлични. Јас ја имам прочитано мојот личен ФБИ агент и можам да кажам се најдобро за книгата. Одлична е и книгата и другите книги од Џули Џејмс.
Одлична! :up: Достоевски е секогаш добар избор Spoiler п.с. Ова според мој вкус, ама немој да ме пцуеш ако седнеш да ја читаш и не ти се допаѓа
Според мене е предобра, мистерија и крими Ама сепак незнам дали овој жанр е за тебе. Мене ми се допаѓа како се е толку детално опишано и ништо не е испуштено.Неговото злосторство и казната која го чека која е повеќе од решетки, кога се јавува неговата потсвест..Мене ми е една од омилените книги
Девојки, може да ми препорачате некои книги што се: -современи (значи да обработуваат теми од современиот живот) -романтични -лесни за читање -неочекувани -итн Не барам многу Деновиве ќе одам до библиотека, па да знам кои книги да ги побарам.
Ја прочитав , и многу ми се допадна. Добар избор! Рингишпил ја немам читано, но ВНИМАВАЈ ШТО ПОСАКУВАШ МОЖЕБИ ЌЕ ТИ СЕ ИСПОЛНИ вреди да ја прочиташ, нема да зрешиш верувај.
Има доста многу книги кои се романтични-современи,лесни за читање,на пример немат да погрешиш доколку се одлучиш да прочиташ било која книга од Сузан Елизабет Филипс,кај нас знам дека сега,засега се две книги преведени - Ти не знаеш да сакаш и Подарок за роденден,а исто така супер книги се и од Џули Џејмс,сега засега се преведени 4 книги кај нас:Нешто слично на љубов,Мојот личен ФБИ Агент,Нека победи подобриот и Само најсекси маж кој постои.Сигурна сум 95% дека овие книги ги имат во библиотека кај вас Успешен улов во библиотека Елена и уживај во читањето
Препушти се- Сара Десен Книга за една паметна, но осамена девојка која преку летото оди да живее со татко и, неговата нова жена и нивното бебе. Таа никогаш не имала вистинско детство, секогаш била посветена на учењето, со цел да им угоди на родителите. Но, таму започнуваат нејзините авантури... Мислам дека баш ваква книга бараш. Тинејџерска, романтична, лесна за читање, мислам дека би се допаднала на повеќето што читаат вакви книги