За љубителите на мистериозни и историски романи топло ја препорачувам „Заговорот Моцарт“ од Скот Маријани. Тајни кои долго време биле закопани, излегуваат на површина и водат до најголемата тајна - смртта на Моцарт. Како се вмешани масоните во целата оваа приказна - останува да откриете А за љубителите на чик литература: книги од Џули Џејмс и Сузан Елизабет Филипс. Уживајте
„Инферно“ или „Пекол“ на Ден Браун. Еве нешто за самото дело: Spoiler „Пекол" е четвртата книга на Ден Браун од серијалот во кој главен лик е универзитетскиот професор по верска иконологија и симбологија Роберт Лангдон, по „Ангели и демони" од 2000 година, „Кодот на Давични" од 2003-та и „Изгубениот симбол" од 2009 година. Во оваа книга, овојпат славниот симбол се наоѓа во италијанскиот град Фиренца, родниот град на славниот средновековен поет Данте Алигиери, каде познат гениј на биолошки истражувања смислил подол план умно подметнувајќи клучеви од сложувалки така да укажуваат на визијата на Данте за пеколот опишана во делот од неговата „Божествена комедија". На Лангдон му се придружува допадлива лекарка со висок квоциент на интелигенција. Меѓутоа, енигматичниот план на биологот ја интересира и сомнителната мултинационална компанија чии агенти ги следат низ туристичките атракции на Фиренца во потрага по украдени уметнички дела. Книгата сеуште ја нема со македонски превод. Ја читав на Англиски јазик, и делото е маестрално! Оценка: 10/10 Топла препорака за љубителите на историски, иконолошки дела.
Дон Кихот од Мигуел де Сервантес Оваа книга е и лектира за в средно,за втора година но многу интересна и вреди да се читне Spoiler Дон Кихот на почетокот од романот како Алонсо Кихано,„благородник кој во периодот на педесеттите бил со силен раст,сув,слаб во лицето,голем ранобудник и љубител на ловот„.Одеднаш ги забележува убавините на читањето на старите витешки романи,а подоцна и самиот,со поматен ум од толкаво читање,одлучува да стане витез и заминува во авантури по Шпанија со неговиот коњушар Санчо Панса...Сепак Сервантес пред смртта му го враќа разумот и самиот Дон Кихот го отфрлува тоа свое лажно име и одлучно умира како Алонсо Кихано.Идејата за делото произлегува од тоа дека светот се менува,а со него треба да се менуваат и луѓето.Оние кои не ќе успеат да се приспособат нема да можат да останат. Не ви ја раскажав целосно,бидејќи поинтересно ќе ви биди да ја прочитате самите...
Ви ја препорачувам да ја прочитате Сестри од Даниела Стил. Книгата е прекрасна Кога ја читав книгата почувствува како е да се има сестра. Толку е убава кигата немам зборови. 4-те сестри се толку успешни и разделени една од друга но никогаш не се забораваат и се всушност толку блики а тоа ќе го докажат кога ќе живеат една година заедно за да и помогнат на нивната најмала сестрта да се снајде во новот живот после ужасната трагедија Вреди да се прочита!
Заробени Сништа- Марина Немит. Иако не обожавам книги во кои се зборува за војни, сепак испадна дека не се зборува за војна, туку за живот на една 16 годишна девојка додека се случува војна. Нејзиното одење во затвор, нејзините маки и што значи да се има цел и верба. Прекрасна книга.
Чекори за сеќавање-Никола Спаркс...јас и филмот пред тоа го имав гледано(a walk to remember) ама книгата и филмот не е исто сепак. Единствена книга на која имам плачено, стварно е прекрасна без зборови, не се опишуваа
За сите кои сакаат романтични љубовни романи: „Што би правел јас без тебе“, „Затоа што те љубам“, „А потоа..“ и сите други книги од - Гијом Мисо
Ако зборам за Гијом Мисо прво ке речам-Девојката од хартија, па Ангелски повик. Другите исто така од него не се лоши но овие две ми се најдобри. Дефинитивно нешто што не смее да се пропушти е -Подмолна убавина. Имам еден куп препораки за добри книги (да не речам одлични) но ајде, сега за сега, нека останат овие три.
Илјада неверојатни сонца - Халед Хосеини. Долго време не сакав да земам друга книга в раце, едноставно сакав да ги негувам емоциите што книгава ги разбуди во мене што подолго. И Ловец на змејови исто така е одлична, додека третата книга од истиов автор И планините одекнаа не ме воодушеви до толку.