Трчај дома - Лори Лансемс Славејот - Моргана Галовеј Рингишпил - Јелена Алимпиќ Невеста во Борџии - Џин Калогридис Загубената ќерка - Дајен Чемберлен .... Сите од Ден Браун, Гијом Мисо, Перл Бак, Роберт Ладлам...
За почеток здраво девојки, сакав да ве прашам да ми предложите некоја книга за тинејџерски години некоја по весела, романтична, што го опфаќа тинејџерскиот живот.. Однапред многу ви благодарам п.с. по можност напишете и кратка содржина ако сакате да знам од прилика што се работи во книгата
The It Girl - Cecily von Ziegesar ова е од авторката на Gossip girl. Ако ти се свиѓа серијата, оваа книга ќе ти биде интересна. Станува збор за животот во интернат во едно елитно школо. Љубов, мода, секакви озборувања, ко за тинејџери. Книга што ми остави голем впечаток - Mummy's Witness - Gayle Sanders. Станува збор за жртва на семејно насилство, вистинска приказна. Ќе ви помогне да ги разберете луѓето кои секојдневно трпат понижувања и зошто им е тешко да побараат помош. Многу добра писателка е Cecelia Ahern. Имам прочитано неколку книги од неа и сите се одлични! Таа е автор на P.S. I love you!
Трилерите Ангели и Демони, Кодот на Да Винчи, Загубениот симбол и Инфиерно од авторот Ден Браун, Заговорот Моцарт, Без збогување и тн.
Девојки ај препорачајте ми неколку книги, било какви. Некои кои ви оставиле впечаток, кои ви се допаднале многу. Сакам да прочитам неколку сега за распустов Благодарам однапред
леле ама како јас да ја најдам како е македонскиот превод на насловот ''тоа девојка'' не одговара.. И некој да препорача некоја книга за високата мода (гледав некои на нет поврзани со Менхетан ама дали ги има кај нас не верувам)
Здраво дечки! Дали имате некоја книга за Индијанците во Америка да ми препорачате? Ќе ви бидам преблагодарна Ве сакам сите
„САМА“;„Марта“;„Споменка“ Горјан Петревски Прекрасини книги од мојот омилен писател баш се тијнеџерски книги и за моменти ќе помислите дека вие сте та личност,романтики,љубов,омраза,детство,најлудите години од животот;неубава страна на животот;потрага по татко;потрага по љубов
"Затоа што те љубам", "Врати ми се", "Девојката од хартија" и "Ангелски повик" сите од Гијом Мисо "Некој како тебе" -од Сара Десен "Страниците на нашата љубов" и "Чекори за сеќавање" - од Николас Спаркс "Вештица"- од Венко Андоноски.
Живот за живот - Сара Зар - релаксирачка книга, те одмара додека читаш. Збогум мој 15 години - интересна книга. Клуб на чокохоличарки - исто интересна. А и отвора аптетит Мислам дека било која од Агата Кристи би ти се допаднала. Знаеш ли да чуваш тајна ми е меѓу првите прочитани книги, и е една од подобрите чик литератури. Моментално само овие ми текнуваат..