Според мене добри се П.С. те сакам - Сесилија Ахерн и Живот за живот ( не го запамтив името на пистелката ) кој сака нека ги прочита
Предолози за книги Јас сакам секакви книги,но посебно се интересирам за научно фантастични и слично.Ако сте прочитале некоја таква книга или пак сосема друг жанр а е интересна,давајте предлог
Роберт Гревс - Грчки митови, Златно руно, Хомеровата ќерка Густав Шваб - Приче из класичне старине Адел Герас - Троја Научно фантастични било која од Д.Б. Бенедикт. Сите му се супер.
во последно време се досадувам, а од учење глава боли.. може да ми дадете препорака за некој интересен авантуристички или љубовен роман ( да е прилично долг по можност) ?
fifty shades of grey(педесет нијанси на сиво)според мене е за над +18.. 3 дела се збогум мои 15 години- стара книга ама многу добра
,,Дамата со камелии,, - прекрасна љубовна тема, толку тажна и реална. Плачев додека ја читав, уживав во секоја реченица и мисла.
Вчера ја дочитав Ракописот од Акра од Пауло Коелјо и на сите топло ви ја препорачувам. Одлична книга, една од најдобрите што сум ги прочитала. Еден е Коелјо! Инаку препорачајте ми некоја хорор книга, некоја ептен морбидна, да мава во писха.
Moбилен-Стивен Кинг и Кутија во облик на срце-Џо Хил, двете се ептен добри хорори, само што лично мене во првата повеќе ми се допадна приказната, а втората е пострашна
Сакам да читам мистерии,книги во кои постојано се случува нешто и се читаат во еден здив. Ако знаете да ми препорачате некоја таква,уште подобро ако има некои натприродни елементи во неа.
Формулата на алхемичарот од Скот Маријани. На мајка ми и ја препорачале во библиотека и ми ја земала,мене ми се допадна книгата,прочитајте ја и вие
Дилбер Стана..заборавив на авторот како беше Сите книги од Николас Спаркс,но посебно Последната песна