Заедно - Џоди Пико Не треба да се дава коментар за оваа книга, бидејќи книгата е прекрасна и верувам дека го привлекува вниманието на секој читател. Иако е околу 540 стр. се чита за многу кратко време.
Книги - колку читате и што преферирате? Предложете ми некоја тешко психолошка книга? Со тешка содржина, да се извежбам малку и на такви.
Книги - колку читате и што преферирате? Прочитајте ја тврдоглави од Славко јаневски или Мостот на дрина
Ај кажете некоја криминолошка книга. Но, да можам од библиотека да ја изнајмам. Што помалку љубов во книгата, толку подобро. Предлози?
Тоа да можеш од библиотека да ја земеш е многу дискутабилно.. не сите библиотеки ги имаат истите книги. Јас од Охрид зедов една, Вител од Кетрин Коултер. Ми се допадна, а како што се сеќавам немаше нешто многу љубов во книгата. Еве линкче: Riptide on Goodreads
Незнам колку сега во средно се работи романот Белата Долина од Симон Дракул мислам дека е интересен Се разбира кој знае да цении Или пак Мостот на Дрина од Иво Андриќ
Wir Kinder vom Bahnhof Zoo - Mi deca sa stanice Zoo еве линк доколку некој сака да ја чита, мислам дека може да се најде само на српски http://vanjabor.files.wordpress.com/201 ... a-zoo2.pdf
Најубава книга што сум ја прочитала е Рингишпил -Јелена Бачич Алимпиќ книгата ме остави со насолзени очи, прекрасна е
ФАТАЛНИ ЖЕЛБИ - БРУКЛИН ХАДСОН Хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Предобра! Прв пат читав хорор книга и прво ми звучеше малце глупаво. Хорор? Раскажан? Без звуци и ефекти кои ги прават хорор филмовите страшни? Не знаев што да очекувам, но решив да и дадам шанса и ја купив. И да ви кажам дека сепак било страшно да си ја нацртате хорор сликата во вашиот ум и фантазија Ја прочитав во еден здив. Едноставно не можев да ја оставам, постојано ме интересираше и копкаше што ќе се случи понатаму. Прочитајте ја - нема да се покаете!
Може ли да ми препорачате некоја книга тинејџерска, со убава љубовна приказна? Или книга што без здив остава, ама во библиотека да може да се најде. И психолошки роман со некоја јака приказна
Дефинитивно!! Ја имам прочитано и предобра е, исто може да се научи многу од неа! Се согласувам со тебе. Книгите се прекрасни додека филмот многу ме изненади кога го гледав. Толку многу интересни делови воопшто не се прикажани. Сепак книга си е книга, не може да се спореди со филм. Шепнувачот - Донато Каризи Алекс - Пјер Леметр Скриена во најмрачниот агол - Елизабет Хејнс Девојката со тетоважа на змеј - Стиг Ларсон Хипнотизер - Ларс Кеплер Ловец на души - Донато Каризи Ејми на нема - Џилујан Флин .....